Skip to main content

Автор: инфодеск

Општина Охрид со богата програма ќе го одбележи Илинден

Views: 293 Општина Охрид со богата дводневна програма ќе го одбележи 2 Август – Денот на Републиката.Одбележувањето започнува на 1 август во 20:30 часот кај споменикот на илинденците во селото Велгошти, каде ќе биде положено цвеќе и обраќање ќе има претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. Во рамки на културно-уметничката програма ќе биде изведен драмскиот перформанс „Македонија ќе роди нови борци, вие ќе живеете во срцата наши“, ќе настапи охридскиот женски квартет „Harmonix“, а вечерта ќе заврши со концерт на Јована Богданоска.Централната програма е...

Продолжи со читање

Енис Хилми: Од болката по Тото до роман што го буди чувството за одговорност кон Охрид и природата

Views: 468 Некои приказни се раѓаат од фантазијата. Други – од самиот живот, особено од љубовта, од тишината по едно збогување и од празнината што останува кога ќе изгубиме некого што безусловно сме го сакале.Токму така настанува романот „Само уште еден скок” на писателката Енис Хилми – дело во кое главниот лик е нејзиниот златен ретривер Тото. По четиринаесет години заеднички живот, неговото заминување оставило празнина што авторката ја преточи на хартија.  Книгата не е  приказна за загубата, туку за  животот, за љубовта кон природата...

Продолжи со читање

Подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција на 30 јули (четврток)

Views: 176 Согласно Календарот за 2026 година за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“ дека на 30.07.2026 година (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција.Од претпријатието ги охрабруваат граѓаните да го користат зелениот телефон за пријавување неправилности или доколку имаат прашања.Воедно, се молат граѓаните од...

Продолжи со читање

Италијанска вечер со пијанистката Кристијана Пегораро на Охридско лето

Views: 247 Италијанска вечер со пијанистката Кристијана Пегораро ќе се одржи вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“ во рамките на фестивалот Охридско лето. На програмата се дела од Џоакино Росини, Јохан Себастијан Бах, Франц Шуберт, Роберт Шуман, Антонио Вивалди, Лудвг ван Бетовен и други.Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија. Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди...

Продолжи со читање

Лешница ја враќа својата природна убавина: Во тек е демонтажа на цевководите од малите хидроцентрали

Views: 262 Од Националниот парк Шар Планина соопштија дека во координација со надлежните државни институции, во тек е сложена операција за демонтажа и изнесување на цевководите од малите хидроцентрали Пена 84 и Пена 85 во долината на Лешница.Од таму велат дека ова е резултат на долг и посветен институционален процес, во кој ЈУ Национален парк Шар Планина доследно ги застапуваше стручните, законските и природозаштитните аргументи пред сите надлежни институции, со јасна цел – заштита на долината на Лешница и зачувување на природните вредности на Шар Планина.-Нашите ставови...

Продолжи со читање

„Звук што расте“ – Камерниот оркестар на МММ одбележа 40 години постоење

Views: 165 Со дела од  македонски те композитори Властимир Николовски, Бете Илин, Дамјан Темков и Драган Шуплевски, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски –Ѓумар одбележа 40 години од постоењето.Концертот  под мотото „Звук што расте“  се одржа вчеравечер на „Охридско лето“  донесувајќи младешки елан и истовремено високи креативни вредности на младите уметници на кои допрва им претстои блескава кариера. Диригент на вечерта беше маестро Иван Еминовиќ, а солисти Памела Велкова на виолина и Христијана Матевска на хармоника.Според...

Продолжи со читање

Земјотрес од Албанија почувствуван и во Охрид

Views: 165 Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово во 07:52 часот беше регистриран на територијата на Албанија, а потресот беше почувствуван и во Охрид, како и во делови од југозападна Македонија.Според првичните информации од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот се наоѓал во близина на Елбасан, на релативно мала длабочина, што придонело потресот да биде почувствуван во поширокиот регион.

Продолжи со читање

Продолжува сончевото и многу топло време

Views: 162 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Денес во Охрид температурите од 16 до 32 степени Целзиусови.Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде во првата декада од месец август кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.

Продолжи со читање