Skip to main content

Автор: инфодеск

Симовиќ

Виолинистот Роман Симовиќ ќе концертира на „Охридско лето“

Post Views: 60 Брилјантниот виолинист Роман Симовиќ од Црна Гора вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во  рамки на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. На репертоарот се „Шест сонати за соло виолина“ од Ежен Исаи.Како солист, Роман Симовиќ настапува со некои од водечките оркестри во светот: Лондонскиот симфониски оркестар, оркестарот на театарот „Марински“, Оркестарот на „Театро Реџио“ во Торино, симфонискиот оркестар во Халифакс (Канада), оркестарот „Франц Лист“ во Унгарија, „Камерата Берн“ во Швајцарија, Камерата Салцбург...

Продолжи со читање

Вовче на кеј

Кеј Македонија претворен во адреналинска патека, критикува опозицијата во градскиот совет

Post Views: 64 Охрид не доби адреналински парк со кој требаше да се збогати туристичката понуда, но затоа сега адреналинска патека претставува кеј Македонија, кажа од советничката говорница, координаторката на СДСМ , Живка Ангелоска на последната седница на совет посветена на советнички прашања.  Таа упати забелешки до градоначалникот за изгледот на кејот и побара одговор дали сите тезги, урбана опрема и реквизити се поставени со одобрение.„Потребен е авантуристички дух и многу адреналин за да може да се направи една прошетка по кејот. Секогаш било проблем , проблем беа...

Продолжи со читање

Атмосферска канализација Гимназија

Во тек е изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „Св Климент Охридски“

Post Views: 53 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Должината на трасата изнесува 342 метри, а се поставуваат цефки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари.Екипи на ЈП „Водовод“ работат на поставување на хидрантска мрежа во ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Вредноста на овој зафат изнесува околу 2 400 000 денари. Гимназијата исто така ќе добие и нов приклучок на вода, што значи надминување на проблемите со водоснабдувањето. Вредноста на активностите за нов прикличок на вода...

Продолжи со читање

охрид комуналец сезона

Охрид го живее шпицот послан со отпадоци, комуналците максимално ангажирани

Post Views: 49 Изминатиов викенд оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец максимално ангажирани да го средат градот после журките.„Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона, дежурните екипи максимално ангажирани 24/7. Сите туристи дојдени за одмор и релаксација, но дел од младата популација зад себе го оставија отпадот по јавните пешачки и зелени површини. “ – велат од јавното претпријатие.Екипите на Комуналец беа ангажирани на стадионот Билјанини Извори по одржаните концерти и на плажата Немо.Интервенираат...

Продолжи со читање

Денари минималец

Започна предвремената исплата на пензиите за јули

Post Views: 50 Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата:За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата  се врши на 31.07.2023 година (понеделник);За пензии над  14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник).Пензионерите кои користат платежна...

Продолжи со читање

Ohrid Calling 2023

Се очекуваат повеќе од 50 000 луѓе на Ohrid Calling кој почнува вечерва

Post Views: 83 Вечерва во Охрид започнува најмасовниот летен музички фестивал на електронската музика.Организаторите Авалон Продукција најавуваат рекордно фестивалско издание со повеќе од 50 000 посетители во сите 5 фестивалски денови до 4-ти август во Касарна.„Луѓе од Австралија, Германија, Франција, Белгија, Обединетото Кралство, Канада, Соединетите Американски Држави и многу други земји ширум светот доаѓаат да бидат сведоци на магијата на Ohrid Calling. Да им посакаме допло добредојде.“ – велат од Авалон.Авалон продукција во Охрид носи  бројни светски и...

Продолжи со читање

Сончево со температура до 29 степени

Post Views: 38 Денеска во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност и слаб северен ветар. Вредноста на UV индексот 8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 29 степени.Од вторник следува период на стабилно време со јужен ветер и пораст на температурата.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

На Буково се затрупува со земја опожарениот дел, утре ќе се третира со алга

Post Views: 56 ЈП „Охридски Комуналец“ го санира опожарениот дел на депонијата Буково, а во неколку наврати интервенирала и Противпожарната единица на град Охрид.Oвластен инспектор за животна средина од Охрид е во континуирана комуникација со Државниот инспекторат за животна средина ( ДИЖС ) заради вршење вонреден инспекциски надзор во нестандардна комунална депонија Буково, Охрид во врска со опожарување на депонијата, информираат од инспекторатот.Депонијата со механизација се затрупува со земја и се гаси, а до самозапалување е дојдено поради високите температури, како...

Продолжи со читање