Автор: инфодеск
Post Views: 14 Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“, КО Охрид 4, Општина Охрид, ( со техн.бр. L3016 од октомври 2022 год.) изработен од Агенција за планирање на просторот- СкопјеПланскиот опфат за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО Охрид 4, Општина Охрид со површина од35 ха, во рамки на катастарските парцели: КП 2113, КП 2112, КП 2100/1, КП 2100/4, КП 2099/1, КП 2099/2, КП 2085/1, КП 2085/2, КП 2128/1, КП 2128/2, КП 2129, КП 2127/1, КП 2127/2, КП 2126, КП 2114/1, КП 2114/2, КП 2111/1, КП 2111/2, КП 2110, КП...
„СУПер чистка“ за Денот на планетата Земја
Post Views: 15 По повод Денот на планетата Земја, во сабота (22.04. 2023г.) SUP клуб Охрид организира еколошка акција. Акцијата „СУПер чистка“ ќе се одвива на плажите околу Канео и места кои се достапни само по воден пат.„Најголемата закана за нашата планета е верувањето дека некој друг ќе ја спаси. Ве чекаме на супер дружба и уште една СУПер чистка акција.“ – порачуваат од SUP клуб Охрид.Секој кој сака да чисти и по вода добива бесплатна опрема и обука за управување со СУП.Опремата за чистење ќе биде обезбедена од SUP клуб Охрид. Сите кои сакаат да учествуваат...
Продолжува изградбата на детски игралишта во Охрид
Post Views: 30 Активностите за изградба на детски и повеќенаменски игралишта на територијата на Општина Охрид продолжуваат.Во моментов завршува првата фаза од изградбата на игралишта на три нови локации и тоа во Елшани, Рача и на улицата „Карпош Војвода“.После целосната изградба на овие игралишта активностите продолжуваат на други предвидени локации низ градот.
Исчезна бистата на Славко Јаневски од алеата на писателите во Струга
Post Views: 16 Исчезна бистата на поетот Славко Јаневски во Струга. Спомен обележјето на истакнатиот македонски поет, веќе го нема во Алеата на писателите на кејот на реката Црн Дрим. Сомнежот е дека бистата е украдена, бидејќи имало обид и за кражба на другите споменици на поетските великани.Настанот го осуди директорот на националната установа „Струшки вечери на поезијата“, кој случајот го пријави во полиција.„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на кражба на бистатата на нашиот истакнат поет Славко Јаневски. Како и обидот за кражба на бистите на Ацо Шопов, Сергеј...
Рамазан Бајрам неработен ден
Post Views: 22 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 Април 2023 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од исламската вероисповед вo Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.
Слобода на движење со лични карти и признавање дипломи и квалификации
Post Views: 18 Пратениците на на 111-та седница ги ратификуваа договорите за меѓусебно признавање на личните карти, за признавање на универзитетските дипломи и за признавање на професионалните квалификации на лекарите по медицина, дентална медицина и архитектите во рамки на земјите од Западен Балкан.Матичните комисии не доставиле дополнет предлог во контекст на законите, па пратениците без расправа ги изгласаа предлог-законите за ратификација на:Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан;Договорот за признавање на високообразовните квалификации во...
Во Охрид денес умерено облачно и потопло
Post Views: 11 Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде. Максималните температури од 11 до 22 степени.Во Охрид времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура до 5 степени , а максималната дневна ќе се искачи до 18 степени.
Требеништа ќе добие ново детско игралиште
Post Views: 26 Изградба на детско игралиште во село Требеништа е изборот на учесниците на четвртата форумска сесија од проектот ,,Зајакнување на општинските совети” фаза 2.На сесијата се презентираа предлог проектите од страна на работните групи на форумот и тоа:Изградба на детско игралиште во село Требеништа.Поставување на топловоден систем за греење и изградба на пристапни рампи до објектот на ООУ ,, Дебрца “ село Оровник.Реконструкција на кровот на објектот ОOУ ,,Дебрца” село Белчишта.Од трите предложени проекти најмногу бодови доби проектот за детското...

