Автор: инфодеск
Post Views: 43 Со повеќе настани и свечености Општина Охрид ќе ја одбележи 120 годишнината од Илинденското востание.Свеченостите ќе започнат во вторник, на 1-ви август, со промоција на книгата „Охридскиот XIX век“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, што ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид со почеток во 11:00 часот.Вечерта од 20:00 часот во рамки на „Ноќ спроти Илинден“ пред обележјето не Илинденците во село Велгошти ќе биде положено свежо цвеќе, а историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење ќе одржи м-р Михаил...
Трансакциона aнализа со Атанас и Тино на 30 јули на Summer Comedy Marathon
Post Views: 41 Трансакциона aнализа со Атанас и Тино на 30 јули (недела) на програмата на Summer Comedy Marathon во клубот Ребел со почеток во 21 часот.Неверојатна вечер на ултра интензивна комедија. Шоу од кое ќе ве болат стомачните, велат организаторите.Карти по цена од 300 ден. може да се купат онлајн на страната www.hahaha.mk или да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066.Шоуто не се препорачува за лица под 16 години, а сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен.
Посета на евроамбасадорот Дејвид Гир на УИНТ „Св. Апостол Павле“
Post Views: 42 Евроамбасадорот Дејвид Гир го посети Универзитетот за информатични науки и технологии УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Проректорката за меѓународна соработка проф. д-р Устијана Речкоска – Шикоска, заедно со претставници од Ректорската управа, Сенатот и административниот тим на УИНТ, беа домаќини на висока делегација предводена од Амбасадорот на Европската Унија во земјата, Дејвид Гир со членови на неговиот тим, а во соработка со г-дин Марк Барет, тим лидер во ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка и г-дин Зоран Мартиновски, Претседател на...
Сончево со температура до 31 степен
Post Views: 39 Времето денеска во Охрид сонево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=9Максималната дневна температура ќе се искачи до 31 степен.Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа ќе има стабилизирање на времето.фото: Ѓоко Симјаноски
Џон Малкович прогласен за почесен доктор на Универзитетот Еуро Прима во Скопје
Post Views: 46 Џон Малкович, прославен холивудски актер и режисер, синоќа, на свеченост во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на Универзитот Еуро Прима, чиј претседател е писателот Јордан Плевнеш.Со ова, Малкович, ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановски и други.Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа беседа за Малкович.-„Чувствувајте се оваа...
Започна “Македонско културно лето” во Пустец, најзначајниот културен настан на македонски јазик во Албанија
Post Views: 55 Синоќа со настап на возобновениот ансамбл “Преспа” на плоштадот Гоце Делчев, во Пустец Р. Албанија, свечено беше отворено 16-тото издание на фестивалот “Македонско културно лето”.На отворањето беше изведена претставата ЈЗУ Европа на Народен театар Штип.All-focusВечерва на програмата е монодрамата „Лидија или се што знам за жените“ по романот на Тихомир Јанчовски, режија и актерска игра на Игор Трпчески од Театарска Работилница Прилеп. на 29-ти и 30-ти јули ќе се одржат „Поетски слем Македонија“ и концерт на Трио...
Потребна е инфраструктура за развој на наутичките спортови
Post Views: 38 Запре набавката на едрилици, единствените еко пловни објекти на Охридското Езеро. Причина е недостигот на паркинг за нивно соодветно сидрење. Со децении се најавува изградба на марина соодветно паркиралиште за огромниот број пловила. На Охридското езеро во регостарот впишани се околу 2000 пловила, а во еден ден во шпицот на сезона пловат околу 300 пловни објекти.„Марината е особено важна, еве веќа застана увозот набавката на едирлици. Знаеме многу луѓе што би сакале да набават едрилица но едноставно физички нема простор каде да ја усидрат. Ако сакаме...
Изложба „Св Наум во делата на Славко Упевче“ вечерва во Куќата на Уранија
Post Views: 47 Со отворање на изложба на дела од колекцијата на Славко Упевче инпирирани од Свети Наум, вечерва во Куќата на Уранија, во 20 часот започнува годинешната „Научна и уметничка визита 2023“.Убавините на Св Наум видени низ уметничкиот сензибилитет на академскиот сликар Упевче беа претставени на изложба во 2011 -тата година по повод 1100 години од упокојувањето на Св. Наум Охридски. Љубителите на уметноста остануваат маѓепсани пред неговите пејзажи, изработени во техниките сув пастел, масло на платно и акварел.Вечерашната изложба е убава можност за охриѓани...







