Автор: инфодеск
Post Views: 263 Претседателот на Уефа изјавил дека го поддржува воведувањето на бел картон. Имено, белиот картон би го добивале играчите кои приговараат кај судијата, што станува пракса кај многу фудбалери. Белиот картон би значел десет минутен одмор за фудбалерот кој приговарал, но Платини рекол дека во таков случај мора стриктно да се одвојат белиот и жолтиот картон, кој би се добивал исклучително само за прекршок. Исто така, Французинот сака на тренерите да им овозможи право и на повеќе измени, па така по неговата идеја тренерите би можеле уште на полувреме да направат две...
Решава пет проблеми
Post Views: 219 Три вида на добар шеќер, обилност на влакна и витамини се причините за кои бананата отскокнува од другите брзопотезни извори на енергија. Но освен хранливата вредност, докажана е нејзината семоќност за отстранување на бројни тегоби за кои обично бараме разноразни апчиња. 1. Надуеност и запек Бананата содржи пектин кој го забрзува варењето и поттикнува исфрлање на токсини и тешки метали од телото. Освен тоа нејзиното делување е пробиотичко и ја стимулира работата на цревата. Сите овие фактори ја поттикнуваат работата на варењето на храна и ја смалуваат подуеноста...
Швајцарија на референдум
Post Views: 242 Швајцарците во недела ќе излезат на референдум, на кој ќе одлучуваат дали сакаат да се ограничи бројот на доселеници во својата земја или не. Во зависност од исходот би можело да има далекусежни последици по статусот на една од најбогатите земји во светот. Референдумот под мото „Не на масовното доселување“ го организира Швајцарската народна партија позната по конзервативните, антимиграциски и ксенофобични ставови. Бараат референдум за воведување на квоти за странци кои смеат да се вселат во Швајцарија но и за прекуграничните работници, барателите на азил и...
Работа за десет евра на час
Post Views: 242 Достапен од понеделник до недела, како дење така и навечер, себеси се претставува како сериозен, организиран, стрплив и љубезен професионалец. 42-годишниот Џовани Кафаро од Милано, кој од неодамна останал без работа, му дошла идеја како да ги реши своите материјални проблеми. „Иако сум пратил повеќе од 500 CV-а, не излезе ниедна интересна понуда за работа“- вели овој човек кој 12 години работел како директор на маркетинг во фабрика за текстил. „ Еден ден додека чекав во ред за да извршам една административна обврска, ми дојде спасоносната идеја“, ја раскажал...
Ако САД не ги укине визите, ЕУ ќе возврати
Post Views: 238 Европската комисија наведува дека доколку тоа не биде решено и ЕУ би можела да воведе визи за американските граѓани. На граѓаните од Полска, Романија, Бугарија, Кипар и Хрватска сеуште им е потребна виза за влез во Америка. Освен за САД, виза за некои граѓани на ЕУ им е потребна и за Канада, додека Австралија има пропис за визен режим за сите граѓани на ЕУ, но третманот не е еднаков кон сите, стои на веб страната на Euroactiv. Новата регулатива на ЕУ, која стапи на снага на 20-ти декември, од земјите членки се бара заеднички настап по прашањето за визи, нарочито...
Платини за срамотилакот во Белград
Post Views: 247 Претседателот на Уефа, Мишел Платини, уште еднаш се осврна на случувањата на прекинатиот натпревар Србија – Албанија. Србија и Албанија ги очекува тешка казна од Уефа. Прашање е само кој ќе помине полошо, а најверојатно Србија бидејќи во неколку години нивните навивачи направија неколку тешки инциденти. Но, Албанците се лажат ако мислат дека ќе поминат неказнето бидејќи изведоа акција која вклучуваше беспилотно летало и екстремистичко знаме на таканаеречената “голема Албанија” која вклучува делови на Црна Гора, Србија, Грција и Македонија. “Го чекаме извештајот на...
Објавени детали за iphone6
Post Views: 245 Во последниот квартал на минатата година Apple продал повеќе од 50 милиони апарати, а некои аналитичари веруваат дека бројката би била многу поголема ако компанијата имаше во понудата модели со екрани поголеми од 4 инчи. Тим Кук е свесен дека, кога е во прашање дијагоналата на екранот, заостануваат зад конкуренцијата затоа што денес на пазарот владеат моделите со 4,7 и 5 инчи, додека сѐ популарни стануваат и фаблетите, хибриди помеѓу паметните телефони и таблетите со екрани од 5.5 инчи. Apple оваа година ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот со претставување на...
Скандал на BBC
Post Views: 243 Грешките не се ретка појава во интернетското новинарство, но брзината во работењето си го прави своето и во пишувањето можно е да се изроди некоја несакана грешка, што може и тоа како да има штетни последици. Во таква ситуација се најде ни помалку ни повеќе, угледниот британски гигант BBC, кога им го честиташе на Кинезите влегувањето во годината на Коњот. „Добродојдовте во годината на курвите. Луѓето ширум светот слават„ пишуваше на BBC. Имено, зборот коњ на англиски се пишува „horse„ а несреќниот техничар згрешил, испуштил едно и додал друга буква па напишал...
За Албанците еден милион евра
Post Views: 266 Бизнисменот од Косово, Бесник Бенц, им ветил еден милион евра на фудбалерите на репрезентацијата на Албанија доколку ја совладаат Србија во квалификациите за Еуро 2016. Бенц бил разочаран што на албанските навивачи не им било овозможено да дојдат во Белград, со закани за нивно апсење. “Длабоко сум разочаран со реакцијата на државата, која направи голем геноцид над нашиот народ во минатото, а сега не дозволува ниту навивачи да присуствуваат на спортски настан, односно тие нѐ ограничуваат”, рекол Бенц. “Поради тоа, ветувам, дека во случај на наша победа, ќе уплатам...
Барселона е спремна да ги напушти Реал и Примера
Post Views: 276 Фудбалскиот клуб Барселона и официјално го поддржа правото на каталонскиот народ за самоопределување по повод скорешниот референдум за отцепување од Шпанија, односно независност за Каталонија. Претседателот на Барселона, Хозе Мариа Бартомеу, потпишал “Национален пакт за самоопределување” кои го поддржале сите најважни каталонски институции. Ако помине референдумот и Каталонија стане независна држава, што во моментов е сосема извесно, без оглед што централата во Мадрид тврди дека нема да ги признае резултатите од референдумот, Барселона ќе мора да ја напушти...
Повеќекратниот светски првак ги изгубил нервите
Post Views: 273 Несреќниот Француз, возачот на формула 1 Жил Бјанки, кој во неделата на Големата награда за Јапонија во Сузука доживеа тешка несреќа, има минимални шанси за потполно опоравување, тврдат лекарите. Возачот веќе трет ден се наоѓа на одделот за интензивна нега во болницата во Јокачи со тешки повреди на мозокот. “Жил и понатаму е на одделот за интензивна нега. Неговите повреди на главата се тешки а состојбата критична, но стабилна. Вработените во болницата се трудат максимално и овде има надобра можна нега, и затоа ние сме многу благодарни за тоа што го прват за...
Бјанки опериран и се бори за живот
Post Views: 263 Автомото светот е во шок, а возачите лути поради тешката несреќа која се случи на трката во формула 1 во Јапонија. На големата награда на Јапонија се случи тешка несреќа откако возачот на Маруси, Жил Бјанки, се бори за живот. Итно е опериран, а потврдено е дека операцијата на главата поминала добро и несреќниот Француз е тргнат од респираторите и е преместен на одделот за интензивна нега. Бјанки итно е префрлен во болница откако се заби во мобилна дигалка која се наоѓаше покрај патеката. Несреќниот Француз имаше пех бидејќи пред неговото излетување во заштитната...