Skip to main content

Автор: инфодеск

Aegean

Грчки AEGEAN ќе воведе нова авиолинија Скопје – Сараево од октомври

Post Views: 61 AEGEAN, грчкиот национален авиопревозник и член наSTAR ALLIANCE, ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2-ри октомври годинава, најавуваат одТАВ Аеродроми.AEGEAN ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2-ри октомври 2023 година, со воздухопловATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок.„Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на AEGEAN за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од...

Продолжи со читање

Музичка младина на Македонија

Камерниот оркестар на МММ ќе концертира на „Охридско лето“

Post Views: 35 Концерт на камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија ,,Сашa Николовски – Ѓумар” ќе се одржи вечерва на „Охридско лето“, со почеток во 21 часот во црквата „Света Софија“. Диригент на вечерта ќе биде Иван Еминовиќ, а солист Марија Ташевска- сопран.Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 37 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски,...

Продолжи со читање

Француски амбасадор

Амбасадорот на Франција, Бомгартнер во прва официјална посета на Општина Охрид

Post Views: 44 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.Главна тема на средбата беше реализација на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз.  Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ и ќе обезбеди нови можности за заеднички проекти, особено во...

Продолжи со читање

Бектеши

Сите граѓани треба да плаќаат струја колку што потрошиле, надлежните да го решат проблемот во Слупчане

Post Views: 104 Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.Секој граѓанин кој се  снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.„Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за...

Продолжи со читање

kampanja hepatitis

Во недела бесплатни анонимни тестирања и подигнување на свесноста за хепатитис во Охрид и Струга

Post Views: 47 28-ми Јули се одбележува како Светскиот ден за борба против хепатитисот.Министерството за здравство во соработка и партнерство со Хепар Центар Битола и Ретко е да си редок здржение за ретки болести Охрид, Универзитетските Клиники за Гастроентерохепатологија, Инфективни заболувања, Дигестивна Хирургија, Онкологија, интервентна радиологија спроведуваат кампања што ќе се одржи во повеќе градови во нашата земја за подигнување на свесноста на населението за хепатитисот.На 30.07.2023 (недела) на градскиот плоштад во Охрид со почеток во 9.00 до 11.00 часот и на...

Продолжи со читање

Македонско знаме

Среда 2-ри август неработен ден за сите граѓани

Post Views: 55 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (среда) 2023 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Македонија.Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.

Продолжи со читање

Малкович

Уникатно сценско доживување приреди Џон Малкович на 63-тото „Охридско лето“

Post Views: 47 Американска вечер за паметење на 63-тото „Охридско лето“ со славниот американски актер, продуцент и режисер Џон Малкович. Две и пол илјадната публика на Античкиот театар во Охрид уживаше во неговата брилијантна ексцентричност, но и целосната чистина преку неговиот настап во „Пеколна комедија:Исповеди на сериски убиец” “, која е возбудливо дело на театарот, напишана и режирана од МихаелШтурмингер. Солисти на вечерта беа сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн, во придружба на Оркестарот на Виенска Академија и под диригентство на маестро...

Продолжи со читање

стари луѓе

Пензиите од септември ќе бидат повисоки за 6%

Post Views: 42 Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук профил објави добра вест за пензионерите. Од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6%.„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022 – 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023 – 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година.“ напиша Тренчевска.

Продолжи со читање