Skip to main content

Автор: инфодеск

Силен земјотрес ги погоди островот Кос и Бодрум

Post Views: 286 Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени предизвика мало цунами на медитеранскиот брег во Турција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Бодрум, се почуствувал и на грчките острови Кос и Родос, а како што соопштија локалните власти, досега имало двајца загинати.Земјотресот се случил во 1 часот и 31 минута по полноќ.Градоначалникот на Бодрум Мехмед Кочадон во изјава за Хуриет рекол дека сè уште е рано да се прават проценки на штетите.Туристи на социјалните мрежи постираа слики од поплавени крајбрежни хотели и луѓе што се кријат под масите. Тие...

Продолжи со читање

Еуро 2020 раширен по целиот континент

Post Views: 313 Честа за организација на завршницата од Еуро 2020, раширена по стариот континент, ја добија 13 градови од 19 колку што беа во конкуренцијата. Вембли ќе ги угости полуфиналистите и финалистите, додека четвртфиналните натпревари ќе се играат во Рим, Минхен, С.Петерсбург и Баку. -Беше тоа сон кој со овој чин станува стварност, рекол Мишел Платини отварајќи ги победничките коверти. Епилогот на приказната донесе најмногу радост кај англиската делегација заради добивање на организацијата за полуфиналето и финалето од Еуро 2020. Освен тоа Вембли е омилена фабрика за пари...

Продолжи со читање

Утврдена точната бројка на администрацијата во Македонија

Post Views: 296 Во државната администрација, во локалната самоуправа, во јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост вкупно се евидентирани 139.009 вработени.Без привремените вработувања и без вработените во акционерските друштва, има 128.722 вработени во 1.299 институции, соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешниот брифинг. Без АРМ, МВР и Агенцијата за разузнавање, бројката на вработените од државата и локалните власти изнесува 109.304, додека во акционерските друштва во државна сопственост се...

Продолжи со читање

Цената на нафтата продолжува да паѓа

Post Views: 260 Цената на нафтата од видот Брент во средата падна под 45 долари за барел. Ова се случува за прв пат од 15 ноември минатата година. Главен фактор за тоа беше веста дека производството на нафта во САД се зголеми во текот на изминатата недела за 20.000 барели дневно до рекордните во април 2015 година 9.35 милиони барели дневно.Според податоците Брент нафтата се тргуваше за 44,46 долари за барел. До денешниот ден цената на нафтата падна за 20% – ова е најлошиот показател од 1997 година па наваму, забележува агенцијата Ројтерс.Меѓу другите причини за падот на цените...

Продолжи со читање

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид пред клучна одлука

Post Views: 264 Спрема информациите на мадридските медиуми пред дербито со Атлетико, Кристијано Роналдо, сигурно ќе настапи против градскиот ривал. Португалецот наводно го одработил тренингот со полн интензитет и спремен го очекува натпреварот со Атлетико. Имено. Ситуацијата со здравјето на Роналдо е многу енигматична, некои аналитичари во Шпанија се сомневаат дека е спремен за најголеми физички напори. Тој веќе подолго време има проблем со воспаление на тетивата на коленото од левата нога (пателарен тендинитис), поради што не настапи за репрезентацијата на Португалија во...

Продолжи со читање

ЈО денес поднесува обвинение за насилствата во Собранието на 27 април

Post Views: 281 Државното јавно обвинителство денеска ќе поднесе обвинение до надлежен суд за упадот , нередите и бруталниот напад врз тогаш опозициските пратеници во Собрание на РМ , што се случи на 27 април, минатата, 2017 година.Обвинителниот акт опфаќа 36 лица, меѓу кои и поранешниот прв човек на МВР, Митко Чавков, пратениците на ВМРО ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, оперскиот пејач Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и други директни извршители од кои некои се наоѓаат се уште во истражниот затвор Скопје.Вчера беа пуштени...

Продолжи со читање

Повторно терористички напад во Лондон

Post Views: 275 Едно лице е убиено, а осум се повредени, кога комбе влетало во толпа, по полноќната молитва, во близина на една џамија во Лондон.Како што пренесе британскиот сервис Би Би Си, полицијата дваесет минути по полноќ објави дека се случил „голем инцидент“ во близина на џамијата Финсбери парк.Според очевидци возачот на белото комбе намерно влетал во толпата луѓе кои излегувале надвор по рамазанската молитва.Според некои информации во комбето имало три лица, двајца мажи успеале да избегаат, а возачот бил уапсен. Очевидци на медиумите им изјавиле дека имамот на џамијата...

Продолжи со читање

Шпанија завиена во црно

Post Views: 283 Шпанската непобедлива репрезентација доживеа шок. Браќата Гасол и друштвото не само што нема да го играат долго сонуваното финале со САД, туку нема да освојат ниту медал. Такво нешто ни во лудило не очекуваа. Ослабената Франција без Паркер приреди првокласна сензација победувајќи ја со 65-52, во последните неколку години, најсилната генерација на стариот континент. Иако Французите се европски прваци и минатата година по прв пат ја совладаа Шпанија  во еден голем натпревар, победата во четвртфинале спаѓа во сосема друга категорија. Разликата е во тоа што на ова...

Продолжи со читање

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Post Views: 321 Во последниов викенд во март повторно се врши поместување на часовниците на летно сметање на времето – еден час нанапред. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот.За разлика од зимското време кое е „реално“ и „вистинско“, летното сметање на времето е административно или указно. Истото ќе заврши во недела на 27 октомври во 3 часот по полноќ, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Летното или уште се нарекува мандатно, договорно или указно време претставува административно...

Продолжи со читање

Избирачкиот систем на САД бил пробиен од руски хакери

Post Views: 276 Американскиот он-лајн медиум The Intercept објави таен, класифициран документ на американската Агенција за национална безбедност НСА во кој се вели дека хакери од руското воено разузнавање се обиделе да влезат во американскиот избирачки систем пред минатогодишните претседателски избори.Тајниот документ открива дека операцијата поврзана со руската разузнавачка агенција ГРУ ги имала за цел американските приватни компании кои вршеле регистрација на гласачите. Извештајот укажува дека хакерите од Русија добиле и сочувале пристап до повеќе елементи во избирачките...

Продолжи со читање

Ибрахимовиќ влезе во историјата

Post Views: 272 Напаѓачот на шведската репрезентација и на францускиот првак ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, стана втор фудбалер во историјата кој во текот на својата кариера постигнувал голови во секоја минута од натпреварот. Во неодамнешниот пријателски натпревар против Естонија постигна два гола за репрезентацијата, а вториот погодок го постигна во 24 минута и така го комплетира својот неверојатен статистички податок. Ибрахимовиќ за време на својата кариера постигнал 369 голови за ПСЖ, Барселона, Милан, Интер, Јувентус и Ајакс, а интересно е тоа дека најмногу погаѓал во судиското...

Продолжи со читање

Снегот предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци во Македонија

Post Views: 280 Снегот што од синоќа интензивно паѓа предизвика застои во сообраќајот на неколку патни правци, особено во западна Македонија. АМСМ и ЈП Македонијапат информираат дека од 06:20 часот е воведена забрана за движење на камиони на регионалниот пат Дебар-Маврово.Од 05:30 часот забрана за сообраќај на камиони има на магистралниот пат Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража.Сообраќајот на другите државни патишта се одвива отежнато по влажни коловози. Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.Интензитетот...

Продолжи со читање