Автор: инфодеск
Post Views: 47 Симболично, со оглед на локацијата – предворјето на црквата „Света Софија“, со 12 фотографии, Александар Томовски ја отвори својата изложба „Над кулисите“.Авторот, на кој централно место во инспирацијата му заземаат балерините, овој пат ги овековечил од птичја перспектива, па ни се чини дека овие земски ангели се набљудувани од божествените.Ова е трета изложба на Томовски во серијалот посветен на балетската уметност, надоврзувајќи се на првата „Зад кулисите“, која беше поставена во Младинскиот културен центар, во 2022 година. Втората,пак,„1001...
Денеска сончево со мала облачност
Post Views: 67 Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, (на повеќе места со брзина над 60 км/час). UV=8.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени.До недела ќе се задржи стабилно време со посвежи утра и просечни температури.фото : Ѓоко Симјаноски
Прва победа на Струга Трим Лум во европските натпреварувања
Post Views: 44 Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга Трим Лум со голот на Бесарт Ибраими славеше со 1:0 против црногорска Будуќност на стадионот Билјанини извори во Охрид.Ова е прв триумф за струшкиот клуб во европските натпреварувања.Иако минималниот резултат не ги става во голема предност во реваншот, сепак стружани се надеваат на пласман во следната фаза од Конференциската лига.Победникот од двомечот Струга Трим Лум-Будуќност во третото коло од Конференциската лига игра против подобриот од дуелот ТНС – Есперанж.
Почина легендарната пејачка Шинед О’Конор
Post Views: 50 Ирската музичка легенда почина на 56-годишна возраст по долгогодишна борба сонарушено ментално здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.Пејачката стeкнa светска слава во 1990 година со нејзината обработка на песната „Nothing Compares 2 U“. А ја уништи својата кариера кога на настап на тв во живо ја скина сликата на Папата.О’Конор во својата автобиографија „Сеќавања“ истакнува дека не се кае за ништо во животот, па дури ни за кинењето на слика со папата Јован Павле Втори во емисија на Ен-Би-Си. Таа вели дека тоа било дел од нејзината...
Презентиран проектот за изградба на колекторот од Радожда до Калишта
Post Views: 64 Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска беше во работна посета на Општина Струга. Во салата на градскиот Совет министерката и градоначалникот Рамиз Мерко, претсавници на месни заедници и еколошки друштва разговараа за постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје од ранг на Национален парк и за проект за довршување на колекторот на Охридско Езеро од струшка страна.Во рамки на средбата со министерката Шукова беше презентиран проектот за колекторскиот систем од село Радожда до село Калишта (втора категорија),...
ЈП Градски Пазар Охрид издава локација на Кеј Македонија за урбана опрема за забава
Post Views: 58 ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за прибирање пријави за поставување урбана опрема за забава на отворено. Предмет на огласот е локација за поставување урбана опрема на Кеј Македонија. Просторот се издава за времетраење од 01.08.2023 до 31.08.2023 година.Пријавите треба да се достават најкасно до 31.07.2023 година (понеделник) до 11:00 часот.Сите детали од огласот и графички приказ на локацијата ТУКАЗа повеќе информации заинтересираните може да се обратат секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
Жителите на Слупчане бараат од ЕВН да не плаќаат повеќе од 3000 ден за струја и да им се простат долговите
Post Views: 47 Жителите на липковското село Слупчане преку месната заедница доставиле официјален допис до ЕВН, со низа барања меѓу кои и да им се простат сите досегашни долгови за потрошена електрична енергија, да добијат бесплатни нови приклучоци, без оглед колку ќе потрошат во иднина да не им се наплаќа повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање за електрична енергија и др.Денеска екипи на ЕВН повторно биле спречени да работат на електродистрибутивната мрежа, иако мештаните пред нецел месец по средба со министерот за економија, Крешник...
Неверојатна симбиоза помеѓу Франк Дупре Трио и публиката на „Охридско лето“
Post Views: 34 Вечер што долго ќе се памети на „Охридско лето“ приредија членовите на германското Франк Дупре Трио, пијанистот Франк Дупре, Јакоб Круп на контрабас и Оби Јене на тапани.Полни со љубопитност и виртуозност, со леснотија и изразена емпатија, тројцата меѓународно познати уметници од триото на Франк Дупре вчеравечер лесно ги надминаа наводните жанровски граници, спојувајќи ја класичната музика со џезот.Франк Дупре е музичар со бескраен хоризонт, градител на мост помеѓу класичната музика и џезот, и затоа е еден од најперспективните исклучителни...







