Автор: инфодеск
Post Views: 317 “Одреден број пати групата Исламска држава употребувла хемиско оружје на воените подрачја и може да произведе мали количини на иперит”, изјавил директорот на централната разузнувачка служба на САД, John Brennan во интервју за каналот CBS. Тој додал дека “CIA верува дека Исламската држава има капацитет и да произведе мали количини на иперит”. На прашањето дали тие можат да извезуваат хемиски супстанци за користење вон Ирак или Сирија, Brennan одговорил дека тоа е можно. “Затоа е важно да се пресечат патиштата за достава со кои се служат џихадистите”, рекол...
Враќање на најкултниот брод на светот
Post Views: 239 Новиот Титаник проект е дело на австралискиот милијардер Clive Palmer и неговата компанија Blue Star Line. Бродот практично ќе изгледа идентично како оригиналниот – должината на бродот ќе биде 270 метри, висината 53 метри, а тежината 40 илјади тони. Репликата на бродот со најнесреќна карма во историјата ќе има девет нивоа со 840 кабини во кои ќе можат да се сместат 2.400 патници и 900 членови на екипажот. Клучната разлика помеѓу новиот и стариот брод ќе биде во бројот на чамците за спасување кој Титаник не ги имаше доволно поради што при неговото потонување се...
НАТО одлучи да учествува во решавање на бегалската криза во Егејот
Post Views: 198 НАТО денес одлучи да учествува во поморската операција во Егејското море за да помогне во решавање на бегалската криза, рекол во Брисел американскиот министер за одбрана Ештон Картер по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО. НАТО со оваа одлука одговори на барањето на Германија, Турција и Грција кои побараа сојузот да помогне во надзорот на морската граница помеѓу Грција и Турција и во борбата против криумчарите кои по тој пат илегално ги пренесуваат бегалците од Турција во Грција. “НАТО и нејзините членки се сложиле денес...
На денешен ден светот се запозна со легендите Том и Џери
Post Views: 213 На денешен ден, пред 76 години, светот ги запозна легендите со прикажување на првиот цртан филм “Том и Џери”. Светот за прв пат ги запозна мачорот Том и неговиот ноќен кошмар глувчето Џери. На многумина овие јунаци им го одбележаа детството, а тешко е да се најде достоинствена замена. Првата епизода е прикажана на 10 февруари во 1940 година, а наречена е “Puss Gets the Boot”. Овој продукт на Вилијам Хана и Џозеф Барбера е номиниран за Оскар, а иако не го освои, ги освои срцата ширум светот. Оттогаш овој двоец полни 17 години пишуваше и продуцираше авантури на...
Бесплатни гигабајти на Google Drive за денот на безбеден интернет
Post Views: 219 Google сака безбеден интернет, а ако му се помогне во намерата да ги обезбеди вашите профили, по повод денот за безбеден интернет, наградува со додатни 2GB простор на Drive. Но, за да ги добиете, Google бара подобро да го обезбедите вашиот профил. Процесот е едноставен и ќе ви одземе неколку минути. Станува збор за преглед на податоците за изминатите пријави, освежување на безбедносните прашања и уредувањето на листата на уреди и апликациите кои имаат пристап на профилот. За да ги добиете додатните 2GB на cloud просторот треба да се направи следното: ...
Следните десет години евтина нафта?
Post Views: 261 “Тешко е да се предвиди дека цената на нафтата значително ќе расте во следното десетлетие”, изјавил за Bloomberg, Ian Taylor, извршен директор на американската компанија Vitol. Тој рекол и дека во следните десет години цената на нафтата ќе се движи околу 50 долари по барел. Неодамнешното истражување на пазарот оценило дека земјите богати со нафта и индустрија на нафта ќе се соочат со најдолгиот период со ниски цени од оној од 1986 до 1999 година, кога цената на нафтата варирала од 10 до 20 долари по барел. Taylor, 59 годишниот индустријалец, тврди дека...
Држава која плаќа до 18.000 долари за да се живее таму
Post Views: 237 Потребно е да се биде отпорен на студ, да не ви пречат поларни мечки и останати зимски “радости”, и можеби оваа програма за населување, која е воедно и најпозната ширум светот, е правата работа за оние кои не им пречат овие услови. Имено, Аљаска им плаќа на луѓето кои живеат таму засекогаш. Секако, за да се добијат пари, прво мора да се докаже дека сте се преселиле засекогаш, а кога тоа ќе го направите можете да очекувате и до 18.000 долари секоја година. Потребно е секоја година да проведете 190 дена на Аљаска и да не сте осудувани, а на тој начин еднаш...
Не ја пејат “Hello” a имаат повеќе од една милијарда прегледи на YouTube
Post Views: 221 Кога се во прашање Justin Bieber, Taylor Swift, PSy, Katu Perry или Adele воопшто не е чудно нивните видео спотови да се прегледани преку милијарда пати на YouTube каналите, но кога се викаат Маша и Медвед, а притоа се анимирани ликови, тогаш тоа навистина е голем успех. Маша и Медвед не се ниту Американци, тие се Руси. Маша е анимирано девојче, а Медвед е анимирана мечка. Тие се ликови на турбо популарниот цртан филм кој се вика “Маша и Медвед”. 17-та епизода од оваа популарна анимирана серија има повеќе од една милијарда и 130 милиони прегледи на...
Словенците смислија како да ги спречат пијаните возачи да возат
Post Views: 205 Измените на законот за безбедност на Словенија уште оваа година ќе предвидува вградување на електронски уред кој го блокира стартувањето на моторот ако возачот во организмот има недопуштена количина на алкохол, најавил словенечкиот министер а сообраќај Peter Gaspersic. Министерот измените ги најавил на семинарот за можности за намалување на несреќи во сообраќајот поврзани со конзумација на алкохол, кој е во организација на Европскиот совет за безбедност во сообраќајот одржан во Љубљана. На семинарот присуствувала и пратеничката на Европската комисија за...
Катастрофален земјотрес во Тајван
Post Views: 238 Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени по Рехтер кој во саботата рано утрото го погоди градот Тајинан на југот од Тајван, предизвика уривање на повеќе објекти при што според досегашните податоци загинале три лица, а околу 800 луѓе најверојатно се заробени под урнатините на 17-катница.Епицентарот бил на 39 километри североисточно од вториот по големина тајвански град Каохсиунг,а Тајванската национална метеоролошка агенција соопшти дека се забележани уште три последователни потреси со магнитуда од 3,8 степени и повеќе. Според американскиот сеизмолошки...
Предупредување за корисниците на iPhone
Post Views: 195 Мобилните уреди и понатаму се далеку побезбедни од персоналните компјутери и корисниците имаат помлку проблеми со хакерите, а тоа посебно се однесува за корисниците на Apple и нивниот iPhone бидејќи повеќето безбедносни проблеми беа поврзани со Android.Но, безбедносните експерти се сложуваат кога велат дека е прашање на време кога хакерите и онлајн криминалците ќе почнат масовно да ги напаѓаат паметните телефони, вклучувајќи ги и уредите на Apple. Од Apple оваа недела ги предупредија корисниците на порака која кружи меѓу корисниците на iPhone за која се чини...
Сведочење за киднапирани авиони на ЈАТ кои некогаш биле тајна за јавноста
Post Views: 271 Жарко Лаушевиќ, Миша Јанкетиќ, Марко Николиќ, а спрема некои извори, неколку децении пред нив, дури и Иво Андриќ, биле жртви на киднапирања во воздух кои им се случиле на авионите на ЈАТ во средината на минатиот век. Приказните за овие киднапирања за време на СФРЈ се чувани како тајна поради што за нив постојат малку податоци или едноставно за нив воопшто не се знае. Затоа, воздухопловниот инженер во пензија, Чедомир Круниќ, со години истражувал и сега за 24sata.rs открива дека точно се знае барем за осум вакви киднапирања. Најпознато и најголемо, спрема...