Skip to main content

Автор: инфодеск

Се одржа традиционалниот Велигденски Базар

Post Views: 5 Се одржа традиционалниот, седми по ред Велигденски Базар, на кој учество зедоа голем број домашни продавачи и производители на традиционални јадења, слатки, сувенири, рачни изработки.Понудата беше збогатена и со рачните изработки на учениците од средните и основните училишта во градов, како и со изработките на дечињата од детската градинка „Јасна Ристеска“.Велигденскиот Базар покрај промотивен има и хуманитарен карактер. Директорот на ЈП „Градски Пазар“ Александар Попоски истакна дека суштината на Велигденскиот Базар е покрај тоа што локалните...

Продолжи со читање

Учениците од ООУ Дебрца ја проследија претставата Тоби и се запознаа со актерите

Post Views: 16 Во рамките на училишниот проект „Големите мали актери” учениците од ООУ „Дебрца” од прво до петто одделение, со подршка на градоначалникот Зоран Ногачески, беа во посета на Театарот за деца и млади во Скопје и ја проследија претставата „Тоби”.Тие имаа можност да се запознаат со актерите и да поразговараат за нивната работа во театарот.На уште поголема радост на учениците, беше и посетата на Зоолошката градина во Скопје.

Продолжи со читање

Охридските стрелци со одличен настап на Меѓународен турнир во БИХ

Post Views: 13 Околу стотина учесници од повеќе држави (Молдавија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Унгарија, Романија), како и стрелци од нашата држава, зедоа учество на 15-тиот Шестоаприлски меѓународен Турнир, што изминатиов викенд се одржа во Олимписката Сала ,,Зетра” во Сараево, БиХ. Турнирот по квалитет и организација, како и учество на стрелци од светската елита, наликуваше на Европско првенство.Во дисциплина воздушен пиштол-јуниори Климент Мостро од ЖСК ,,Лихнидос” се пласира на 4-тата позиција со резултат од 531 круг на првиот натпреварувачки...

Продолжи со читање

Рафинирано хорско музицирање со ангелските гласови од Св. Злата Мегленска

Post Views: 20 Во типичниот сакрален амбиент на црквата „Света Софија” во Охрид, Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска” вчеравечер приреди прекрасно спиритуално чествување во духот на православното црковно пеење.Велигденскиот концерт под наслов „Воскресение твоје” се одржа во организација на НУ „Охридско лето”, установа која останува доследна на презентирањето и промовирањето на високите уметнички вредности.Репертоарот на прекрасниот хорски ансамбл прозвучи со восхитувачка убавина, влевајќи мир, спокој, радост и возвишеност кај...

Продолжи со читање

Велигденски базар и хуманитарен концерт денеска во Охрид

Post Views: 16 Денеска од 11 часот, Велигденски базар и Велигденски хуманитарен концерт на плоштадот Крушевска Република, во организација на Општина Охрид и ЈП „Градски Пазар“.На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.Во забавниот дел од настанот ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче,...

Продолжи со читање

Се прави рамнење на теренот и потпорен ѕид, а не дивоградба кај Самоилова тврдина, демантира сопственикот на плацот

Post Views: 30 Оливер Цепенковски, спомнат во дописот од граѓани преку рубриката ТиСиТвојот Град, со кој реагираат дека се гради нова дивоградба после само 2 месеци од градбата на првата дивоградба кај Самоилова тврдина, со писмен демант до нашата редакција наведува дека целосно ги отфрла како невистинити наводите изнесени од граѓаните.„Укажувам дека на лице место воопшто не се вршат било какви градежни дејствија коишто се однесуваат на изградба на било каков објект, уште помалку објект без обезбедена соодветна градежна документација, напротив на лице место се преземаат...

Продолжи со читање

Денеска е Велики четврток

Post Views: 11 Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на Христа Спасителот. Тогаш се испомешани чувствата на плач и радост – плач за маките на Христа, а радост поради нашето спасение и благодарност кон Бога.Таа неопислива промена на чувствата ги...

Продолжи со читање

Мети Жаку и Владимир Талевски подарија пакети со овошје и зеленчук во пресрет на Велигден

Post Views: 13 Празниците се вистинско време да се покаже хуманост, да се подаде рака или да се помогне некому, како и да дојде до израз традицијата на почит едни кон други без разлика на религијата.Во прерсет на големиот христијански празник Велигден, Мети Жаку и Владимир Талевски подарија пакети со овошје и зеленчук на граѓани од православна вероисповед, информираат од ЈП „Градски Пазар“.

Продолжи со читање