Skip to main content

Автор: инфодеск

Казнети 9 пешаци во Охрид, 22 во Струга

Post Views: 16 На 11.04.2023 во периодот од 09 до 14 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 43 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминување надвор од обележан пешачки премин или минувалиште (Охрид-09, Струга-22, Кичево-10, Дебар-02) – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков во посета на министерката Каја Шукова

Post Views: 13 Денес во посета на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова беше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.На средбата се разменија информации за тековните и планираните активности на локалната самоуправа, а министерката Шукова информираше за начините на кои Министерството може да ја поддржи општината во спроведување на проекти за заштита на животната средина со посебен акцент за заштитата на УНЕСКО, преку тековните Програми на Министерството, како и важноста на проактивното учество на општината во идните активности кои ќе се...

Продолжи со читање

Исчистен цврст отпад на ул. Даме Груев депониран од несовесни лица

Post Views: 15 Екипите на ЈП „Нискоградба Охрид“ денеска исчистија цврст отпад при вонредна активност за чистење на ревизионни шахти на улицата „Даме Груев“.Повеќе пати сме апелирале за совесно постапување со цврстиот отпад и правилно депонирање на истиот, но совеста не е на наша страна. Ваквото третирање на цврстиот отпад од страна на граѓаните и правните лица при вршење на градежни работи доведува до запушување на канализационите линии кое пак се рефлектира на нормалното третирање на отпадните води и појава на дефекти. Освен загрозување на здравјето на луѓето и животната...

Продолжи со читање

Кривична за жител на Октиси поради кражба

Post Views: 9 ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Ц.(44) од струшкото село Октиси поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”.Тој на 05.03.2023 со употреба на копија од клуч влегол во домот на Т.М.(62) од истото село и одзел 5700 евра и 800 швајцарски франци. По преземени мерки од полициски службеници, парите биле пронајдени и вратени на оштетената – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пожар во викенд куќа во Шипокно

Post Views: 7 На 11.04.2023 во 16.50 часот во СВР Охрид, пријавено e дека во охридското село Шипокно, настанал пожар во викенд куќа сопственост на П.Ч.(82) од Охрид.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид  извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Кокаин и марихуана пронајдени кај охриѓанец

Post Views: 10 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”.При претрес во неговото патничко возило „ауди” на улицата „АСНОМ” во Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и кокаин – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Еден ден во репроцентарот на елените во НП Галичица

Post Views: 22 Чистиот планински воздух и прекрасната снежна глетка на надморска височина од 1600 метри на локалитетот „Косто Бачило“ во Националниот парк „Галичица“ ја надополнуваат моќта и убавината на природното богатство со кое изобилува планината.Се искачивме од страната на Стење, село во Општина Ресен вгнездено во источното подножје на планината Галичица. За време на патувањето по ново-направениот планински пат Галичица не плени со сета своја раскош. Магловито утро, но сепак пријатно и свежо. Поради снегот патувањето до Центарот за репродукција на елени, го...

Продолжи со читање

Охрид и Македонија ќе бидат претставени на ЕМИТТ, саем во Турција

Post Views: 12 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на 26-тата меѓународна изложба за туризам и патување ЕМИТТ-East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition.На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, општина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи.Од 12-ти до 15-ти април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и ено-гастро...

Продолжи со читање