Автор: инфодеск
Post Views: 255 Јунак на вчерашната победа, од 1-0 на Германија над Аргентина, стрелецот на единствениот гол на средбата, беше Mario Gotze, кој на Германија и ја донесе четвртата титула светски првак. Германскиот селектор Joachim Low во игра го внесе во 88 минута од натпреварот, а Gotze му се оддолжи со прекрасен гол длабоко во продолжението, во 113 минута. “Му реков на Mario Getze да му покаже на светот дека е подобар од Messi и да го одлучи натпреварот. Тоа му го реков и имав претчуство дека тоа ќе се случи. Gotze е чудесно момче. Може да игра на било која позиција и секогаш...
Разрешен Јавниот Обвинител Марко Зврлевски
Post Views: 298 Пратениците во Собранието попладнево со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, по 12 продолженија на седницата, го разрешија досегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, бидејќи не се согласуваат со одлуката спикерот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско. Пратениците од владејачкото мнозинство одлуката ја поздравија со аплауз. Инаку, предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски беше ставен на дневен рд во Собранието на...
Србија денес избира претседател
Post Views: 285 Околу 6,8 милиони граѓани на Србија со право на глас, денеска избираат нов шеф на државата, кој на таа функција ќе го наследи актуелниот претседател Томислав Николиќ. Од утрово во 7 часот, па до 20 часот, српските граѓани гласаат на 8.523 избирачки места во Србија и на 90 во Косово. Вчера беше спроведено гласањето за претседателските избори за Србите што живеат во странство на 53 гласачки места во 32 држави. Во претседателската трка учествуваат 11 кандидати, но според аналитичарите, единствена непознаница на овие избори е дали актуелниот српски премиер...
Аргентина казнета пред финалето на Светското првенство
Post Views: 282 Меѓународната фудбалска федерација ја казни репрезентацијата на Аргентина со 336.000 долари бидејќи нејзините фудбалери не дошле на четири новинарски конференции за време на Светското првенство во Бразил. Дисциплинската комисија на ФИФА навела дека Аргентина ги прекршила медиумските правила со недоаѓање на конференциите за новинари по натпреварите со Нигерија, Швајцарија, Белгија и Холандија, каде беше присутен само селекторот Alejandro Sabella. Аргентина во Рио де Жанеиро ја очекува финале на Светското првенство против Германија. {loadposition content9}
Интернет нарачките сега можат да се следат и преку Македонска пошта
Post Views: 313 „Пратките од интернет нарачки кои пристигнуваат во Македонска пошта се трансформираат во книжени – препорачани пратки со лепење на посебен бар – код и се внесуваат во системот за следење на пратки на Македонска пошта, и покрај тоа што ниту една директива на Светскиот поштенски сојуз не нé обврзува на тоа“, известуваат од Македонска пошта.Сите граѓани кои купуваат од странски продавачи, пристигнувањето на нивната пратка во Македонска пошта и реализирањето на доставата веќе можат да го следат преку системот за следење на пратки на Македонска пошта, поставен на веб...
ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Лондон
Post Views: 259 Организацијата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во близина Британскиот парламент, во кој загинаа пет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а повредени се 40-тина други. Во соопштение на новинска агенција на ИД, се вели дека напаѓачот бил „војник на Исламската држава“. Терористичката организација не индицираше дека помогнале во планирање или извршување на нападот, велејќи дека напаѓачот одговорил на нејзиниот повик за напад на цивили и армиски припадници во земјите поврзани со коалицијата под водство на САД којашто се бори против ИСИС. Премиерката...
Имало посебни упатства на Јоаким Лев за време на полувремето во полуфиналето
Post Views: 267 Одбранбениот играч на германската репрезентација, Матс Хумелс, открива дека на полувреме на полуфиналниот меч добиле посебни упатства од селекторот Лев. Високите 5-0 на полувреме го означи германскиот пласман во финалето на Светското првенство, а стоперот на Германија и Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, признал дека селекторот, Јоаким Лев, изричито им забранил на играчите било какви додатни егзибиции и понижување на Бразилците. “Јасно ни беше кажано да останеме концентрирани и дека не смееме да се обидуваме додатно да ги понижуваме. Моравме да останеме сериозни...
Локални избори на 15 октомври
Post Views: 282 „Македонија на 15 октомври ќе гласа за избор на градоначалници и членови на општинските совети. Собранискиот спикер, Талат Џафери, денеска ги распиша локалните избори, а решението ќе го добие и Државната изборна комисија. Изборната кампања, како што најави тој, ќе започне на 25 септември – дваесет дена пред изборите. Во тој период нема да има пленарни седници, со цел тие да не се претворат во предизборна арена“, рече Џафери. Тој им порача на партиите и институциите да создада услови за демократски изборен процес.„Во периодот, на денот пред изборите и на самиот...
Ердоган со нови закани до Европа
Post Views: 260 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска предупреди дека Европјаните во светот нема да можат безбедно да се движат по улица, доколку не се промени ставот кон Турција и ја повика Европа да ги почитува правата и демократијата, објави Ројтерс. “Доколку Европа продолжи вака, ниту еден Европјанин во кој било дел од светот нема да може безбедно да се движи по улица. Ние како Турција ја повикуваме Европа да ги почитува човековите права и демократијата”, рече Ердоган во изјава за локалните медиуми во Анкара. Претходните недели турскиот претседател...
Еве колкав бонус ќе добијат Германците на Светското првенство
Post Views: 262 Покрај парите кои ќе ги добијат од ФИФА, германскиот фудбалски сојуз ќе им исплати на секој играч поединечно по 300.000 евра како награда ако го освојат Светското првенство, изјавил претседателот на фудбалскиот сојуз на Германија Wolfgang Niersbach, откако Германија се пласира во финалето по победата над Бразил со 7-1. “Нам би ни било мило да им исплатиме бонус на играчите”, рекол Niersbach. Германците веќе заработија по 150.000 евра за пласманот во финалето. ФИФА светскиот првак ќе го награди со 35 милиони долари, додека второпласираната репрезентација ќе добие...
Температури од портокалова фаза
Post Views: 320 Северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.Лекарите со препораки да се избегнува излегување во периодот помеѓу 11 и 17 часот, а доколку мора да излезат граѓаните да носат со себе шише вода и да носат светла облека за да се заштитат од штетните УВ-зраци.
Норвешка е најсреќната земја во светот
Post Views: 292 Во најновиот извештај на SDSN за 2017 година, глобална иницијатива покрената од страна на Обединетите нации во 2012 година, Норвешка изби на првото место и ја престигна Данска во изборот на најсреќни земји на светот.До сега најсреќна беше Данска, а треба да се истакне дека во топ 10 најсреќни се воглавно нордиските земји: 1. Норвешка2. Данска3. Исланд4. Швајцарија5. Финска6. Холандија7. Канада8. Нов Зеланд9. Австралија10.Шведска Од 155 земји, Македонија е во долниот дел (92.место), а спрема ова истражување најтешко за живеење е во Средно афричката...