Автор: инфодеск
Post Views: 277 Djilma Rousseff, претседателка на Бразил: “Ова е многу тажна ноќ за сите Бразилци. Сочуствувам со навивачите и играчите. Но, нема да потклекнеме. Бразилци, кренете се, избришете ја прашината и тргнете напред”. Gary Lineker, екс репрезентативец на Англија: “Во скоро половина век колку што следам фудбал, никогаш не сум видел нешто слично како вечерва”. Mauricio Savarese, бразилски писател: “Трагично? Не, не е, ова е патетично. Поразот од 1950 беше трагичен, ова беше комедија”. Juninho, поранешен репрезентативец на Бразил: “Од ова Бразил тешко ќе се врати. Мислам...
Донесена одлука за итно решавање на проблемот со депонијата во Струга
Post Views: 271 Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за итно решавање на проблемот со депонијата во Струга, која често гори и ја загадува околината.Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата добиле задолжение да обезбедат пари за безбедно и економично да се транспортира сметот од струшката депонија до други безбедни депонии во земјава.Исто така, се ангажираат чувари кои ќе ја надгледуваат целата локација, за да превенираат можни идни проблеми.Инаку, стружани деновиве повторно реагираа дека депонијата продолжува да чади, да...
Експлозија во канцеларија на ММФ во Париз
Post Views: 279 Едно лице е повредено во експлозија на писмо кое стигнало во канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Париз откако било отворено, јавува BBC. Повредено е едно лице кое го отворило пликото и се здобило со повреди на лицето и рацете. Канцеларијата на ММФ во Париз е сместена во улицата Avenue d’lena. Експлозијата се случила откако во германското министерство за финансии во Берлин беше пронајден пакет со бомба која била наменета за министерот Волфганг Шојбле.
Непријатни вести за Аргентина пред натпреварот со Холандија
Post Views: 298 Спрема извештаите на повеќе аргентински медиуми, за 26 годишниот крилен напаѓач Angel Di Maria веројатно е завршено Светското првенство. Повредата на Angel Di Maria сепак не била така безопасна и би можел да го пропушти остатокот од Светското првенство, што би било силен удар за репрезентацијата на Аргентина. Спрема првите знаци, станува збор за руптура на мускулот, но никој во репрезентацијата на Аргентина не сака тоа да го потврди и се чека ултразвукот и магнетната резонанца. Но, се чини дека само ја одложуваат потврдата на тоа, бидејќи јасно беше уште кога...
Регулаторната комисија за енергетика со нови цени на горивата
Post Views: 334 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ поскапува за 0,50 денари по литар, а цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизел горивата остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,00 денар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и натаму ќе се продава за 62,50, ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) за 47,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 35,50 денари за литар.За 0,506 денари поевтинува мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 23,681 денари.
Рекордна излезеност од 80% на изборите во Холандија
Post Views: 271 Над 80% Холанѓани излегле да гласаат на парламентарните избори. Овој редок и висок просек на излезност е силен сигнал дека холандските граѓани излегле масовно да гласаат за да му го затворат патот до власта на екстремно десниот Герт Вилдерс и неговата партија ПВВ. Првите резултати од излезните анкети покажуваат дека партијата на актуелниот холандски премиер Марк Руте е победник на парламентарните избори. Зад него е најголемиот негов ривал Партијата за слобода на антиимигрантот и еден од најголемите расисти во Европа, Герт Вилдерс. Неговата партија на десниот...
Van Gaal открива кој ќе брани против Аргентина
Post Views: 341 Селекторот на холандската репрезентација Louis van Gaal откри дека влегувањето на резервниот голман Tim Krul во последните секунди од продолженијата било однапред планирано. Холандија во доцните часови вчера во Салвадор, со подобро изведување пенали ја победи Костарика, откако по 120 минути резултатот остана 0-0. Клучна се покажа одлуката на van Gaal, во последните моменти од продолженијата да го замени голманот Jasper Cillessen и да го внесе Krul, кој на крајот одбрани два пенала и да ги одведе Холанѓаните во полуфинале на Светското првенство во Бразил. Замената...
Се воведува делумна забрана за движење во шумите
Post Views: 299 Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари од денеска до 15-ти следниот месец се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично. Одлуката, исто така, не важи и за организирана група туристи за туристичко разгледување...
Шкотска ќе бара нов референдум за независност
Post Views: 259 Премиерката на Шкотска, Никола Старџон изјави дека Шкотска наредната недела ќе побара дозвола од британската вада да одржи референдум за независност. Тој референдум би се одржал кон крајот на 2018 или на почетокот на 2019 година. “Наредната седмица ќе побарам дозвола шкотскиот парламент да постигне договор со британската влада околу процедурата која ќе овозможи шкотскиот парламент да одржи референдум за независност”, рекла Старџон а пренесува AFP. Таа навела дека е многу важно Шкотска да превземе активни чекори за да ги заштити своите интереси...
Квитова фуриозно до втората титула на Вимблдон
Post Views: 280 Чехињата Петра Квитова по втор пат ја освои титулата на Вимблдон со победа над Јуџин Бушар со резултат од 6-3, 6-0 Квитова одигра феноменален меч против младата Бушар и го повтори успехот од 2011 година кога го освои првиот пехар на терените на Вимблдон. Канаѓанката не успеа да ја повтори играта од претходниот дел на годината, бидејќи беше потполно под трема поради фактот дека игра прво финале на Грен слем. Ова беше втор меѓусебен дуел на овие две тенисерки и втор убедлив триумф на Квитова. Чехињата славеше и во претходниот дуел со 6-3, 6-2 минатата година во...
Охрид утрово со четири нови земјотреси
Post Views: 288 Изминатата ноќ повторно помина со повеќе земјотреси кои се почуствуваа во Охрид и околината поради што граѓаните останаа без сон. Последниот потрес е регистриран пред околу три часа, со jачина од 2,6 степени според Рихтер, на длабочина од помалку од еден километар. Претходно имаше потреси од 3,3 степени, според Рихтер, на длабочина од 1 километар, 3,2 на длабочина од 2 километри и 3 степени на длабочина од 2 километри. Епицентарот на земјотресите, како и во претходните денови беше на неколку километри од Охрид и Косел.
Протерана турска министерка од Холандија
Post Views: 287 Холандската полиција, во текот на ноќта, ги растера демонстрантите, приврзаници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од пред турскиот конзулат во Ротердам. Тие протестираа откако на турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Каја и беше оневозможен пристап до тој објект. Министерката потоа беше протерана од Холандија и со придружба на полиција доведена до границата со Германија. Градоначалникот на Ротердам доцна вечерва прогласи вонредна состојба во обид да ги спречат протурските демонстрации пред конзулатот, кој се претвори во жариште на...