Автор: инфодеск
Post Views: 280 Во четвртфиналето на Светското првенство ќе гледаме четири екипи од богатата Европа и четири екипи од централна и јужна Америка чии граѓани финансиски не стојат баш најдобро. Од сите учесници во четвртфиналето најголем бруто национален доход по глава на жител има Холандија, која е на 12 место (листата на ММФ од 2013 година). На 15 место е Германија, Белгија го завзема 20 место, а три места подолу е Франција. Меѓу првите 50 нема ниту еден воневропски четвртфиналиста – Аргентина е на 55 место со 18.749 долари по глава на жител, на 76 место е Костарика, три места...
Седум нови потреси во Охрид во текот на изминатата ноќ
Post Views: 290 Тлото во Охрид и Охридско не мируваше ниту ноќеска. Во текот на ноќта беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите на охридското епицентрално подрачје четири минути по полноќ.Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.Во 23.45 часот измерен е земјотрес со...
Претставен еден од најбезбедните автомобили во светот
Post Views: 254 Се менуваат односите на пазарот, се менуваат сопственици на поедини марки, па така и Волво, но во едно не се менува оваа шведска компанија која е позната по безбедноста и која го задржува континуитетот. Волво не отстапува од зацртаната цел дека од 2020 година нема никој да загине во автомобил на Волво. Во склад со тој план, Волво Карс објави дека новиот модел ХС60, кој премиерно беше претставен на саемот на автомобили во Женева, ќе биде опремен со три напредни функции со кои возачите ќе можат да ги извлечат од потенцијални опасности. Новите функции се...
Идниот број еден во светот на тенисот Nick Kyrgios?
Post Views: 297 Причината за која не се зборува за поразот на Nadal, во осминафиналето на Wimbledon, е момчето од другата страна на мрежата Nick Kyrgios за кој сите се согласни дека би можел да биде број 1 во светот на тенисот. Nick доаѓа од мешан брак – татко му е Грк, а мајка му Малезијка. До 14 години играл кошарка, но тогаш одлучил да се сконцентрира на тенисот. Одлуката која ја донесол била правата, а овогодишниот Wimbledon Nick ќе го запамети како место каде се пробил до ѕвездите. Во првата рунда го совлада Robber, потоа дојде моментот за првиот подвиг совладувајќи го...
Охрид не мирува, серија нови земјотреси
Post Views: 338 Силен земјотрес го потресе Охрид пред полноќ, чија магнитуда беше 4.1 степен според Рихтер. Пред и по него имаше помали потреси со магнитуда помеѓу 2 и 3 степени.И утрово во 6.30 Охрид и околината почуствуваа силен земјотрес со магнитуда од 3.8 степени според Рихтер, а епицентарот бил помеѓу селата Косел и Јанкоец, ресенско.Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите кои засега се од помал обем и најчесто се работи за обрушувања на оџаци, доградби, оштетени балкони, ѕидови и...
Германија: Затворен трговски центар поради “неизбежен” терористички напад
Post Views: 259 Германската полиција го затвори трговскиот центар во градот Есен на западот од Германија поради сигурна дојава за “неизбежен” терористички напад, а неговата околина е блокирана, објавила полицијата. Полицијата изјавила за агенцијата DPA дека постојат индиции дека трговскиот центар, кој е во близина на центарот на градот, би можеле да го нападнат терористи и затоа е донесена одлука за негово затворање на еден ден.Алармот се однесува само на трговскиот центар на Limbecker Platz, додала полицијата која исто така ги затвори паркинзите и станиците во...
Џејмс Родригез открива каде би сакал да игра
Post Views: 267 Џејмс Родригез, 22 годишниот фудбалер на Монако, беше стрелец во сите четири натпревари во дресот на Колумбија во Бразил, и со 5 погодоци е водечки на листата на стрелци на Светското првенство. Минатото лето Монако му плати на Порто 45 милиони евра за трансферот на Џејмс Родригез, кој во првата сезона во Франција му помогна на тимот до патот за освојување на второто место и пласман во Лигата на шампиони. Со 12 додавања за гол, Џејмс беше водечки асистент во лигата и го заработи местото во најдобриот состав на француското првенство. Но, вредноста на фудбалскиот...
ИЗИИС во Охрид, Косел нема да се испитува
Post Views: 495 Четири екипи од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од вчера се во Охрид, ги испитуваат оштетувањата од земјотресите и собираат и податоци за движењето на тлото.„Наши екипи првенствено ги проверуваат градинките за да направат проценка дали се безбедни. Тоа го прават заедно со претставници од Центарот за управување со кризи од Општина Охрид. Има само еден случај, градинка во која е утврдено паѓање малтер од надворешна страна, па препораката е децата да не излегуваат во тој дел од градинката. Земјотрес со магнитуда 5 не треба да...
Започнува вселенскиот туризам
Post Views: 297 Приватната компанија SpaceX соопшти дека ќе превезува двајца туристи околу Месечината следната година, објави денес нејзиниот директор Elon Musk. Две лица кои се познаваат побарале од компанијата да ги превезе на една седмица на долг лет околу месечината, а Musk не сакал да ги наведе имињата на идните вселенски туристи, ниту колку ќе чини нивното патување. Тој рекол дека тие веќе платиле “значаен” депозит. Musk рекол и дека SpaceX е на пат да лансира астронаути до Меѓународната вселенска станица за потреби на американската вселенска агенција NASA...
Уругвај почна со освета поради Суарез
Post Views: 301 Селекторот на уругвајската фудбалска репрезентација, Оскар Табарез, одбил да одговара на прашањата на конфернецијата за новинари пред натпреварот со Колумбија. Наместо одговори, тој го прочитал своето соопштение и ја напуштил салата. На тој начин изразил протест против казната на својот напаѓач Луис Суарез кој во натпреварот против Италија го гризнал за рамо противничкиот играч Џорџо Кјелини. Трет пат во кариерата Суарез влече ваков потез, па ФИФА го казни со девет натпревари неиграње за репрезентацијата и четири месеци забрана за било какви фудбалски...
Паника и оштетувања на објекти по силниот земјотрес
Post Views: 308 Земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтер го потресе Охрид околу 13.09 часот. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри.Освен паника меѓу населението, земјотресот предизвика и оштетување на објекти кои се пријавени во ЦУК на бројот 195. Пријавени биле оштетувања на фасади, покриви, оџаци…Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните да ја задржат присебноста за да не дојде до несакани последици.Во текот на изминатите две недели земјата не престанува да се тресе во Охридскиот регион во кој имаше над 800 земјотреси.По...
Откриен е виновникот за скандалот на доделувањето на Оскари
Post Views: 238 Ревизорската куќа Прајсвотерс Куперс, во чија надлежност е броењето на гласовите и печатењето на имињата на победниците, објави уште едно соопштение за јавноста, скоро 24 часа по срамната збрка во завршницата на 89 доделување на наградите на Академијата. Компанијата ја превзеде целосната одговорност за грешката, објаснувајќи дека еден од двајцата партнери кои ги знаат резултатите и ги делеле пликата на презентерите, Брајан Калинан, по грешка му дал на Ворен Бити резервен плик за категоријата најдобра женска улога наместо за најдобар филм. Неколку минути...