Skip to main content

Автор: инфодеск

Другата страна од Светското првенство

Post Views: 279 Светското првенство во Бразил започна и сите екипи, помалку или повеќе, се надеваат да стигнат што подалеку во натпреварувањето, но победникот е веќе извесен. СП одамна престана да биде само спортски настан. Тоа е бизнис каде се вртат милијарди евра и вистинскиот добитник се чини дека е куќата на фудбалот ФИФА. “Непосредните вложувања изнесуваат околу 10 милијарди евра а тоа се пред се инвестиции во стадиони, аеродроми, телекомуникации и слично. Очекуваниот вкупен приход е околу 3,5 милијарди евра. Околу две милијарди ќе дојдат од телевизиските права за пренос, а...

Продолжи со читање

Земјотрес со епицентар во близина на Косел

Post Views: 294Утрово во 02:00 силен земјотрес го погоди југозападниот дел од Македонија. Магнитудата е на 12 километри северозападно од Ресен со јачина од 4.1 по Рихтер, проследено со силно тресење. Земјотресот е почувствуван во цела Југозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот е 12 километри од Ресен, односно 8 километри од селото Косел.

Продолжи со читање

PayPal под истрага за перење пари

Post Views: 280 Министерството за правда на Соединетите Американски држави побараа од компанијата „PayPal“ да им достават одредени информации за кои се сомничат за перење на пари. “Добивме судска покана од американското министерство за правда во која се бара да направиме одредени извештаи за историјата на нашата програма против перење пари”, наведе компанијата PayPal во годишниот извештај доставен до комисијата за хартии од вредност на САД. Од компанијата изјавија дека соработуваат со властите и не шпекулираат со исходот на истрагата. Оваа вест направи притисок...

Продолжи со читање

Трагедија во семејството на Сколари

Post Views: 260 Домаќинот на Мундијалот го отвора шампионатот во четвртокнавечер во дуелот со Хрватска во Сао Паоло, но припремите на екипата ги пореметила смртта на член од фамилијата на Фелипе Сколари. Тарсисио Џон Шнајдер, внукот на Сколари, спрема извори на бразилските медиуми, загинал со својот автомобил кога удрил во камион во близина на градот Пасо Фунда. 65-годишниот Сколари, кој го предводеше Бразил до титулата на Светското првенство во 2002 година, наводно размислува да го напушти кампот на репрезентацијата за да биде со фамилијата во овој момент. Бразилците на...

Продолжи со читање

Прифатен предлогот за разрешување на Зврлевски

Post Views: 246 Советот на јавни обвинители на денешна седница со мнозинство гласови го прифати предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.– На денешната седница членовите на Советот со мнозинство гласови позитивно се изјаснија по предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител на Македонија. Ние уште денеска ќе го доставиме мислењето до Владата заедно со краткото образложение како што налага законот – изјави  претседателот на Советот, Петар Аневски.Тој не сакаше да одговори на прашањето од новинарите, кое е образложението на...

Продолжи со читање

Масовна евакуација на населението во Солун

Post Views: 271   Евакуацијата на 75.000 жители на Солун, утрово се спроведува поради деактивирање на неексплодирана бомба од Втората светска војна.Експертите прво ќе се обидат бомбата да ја неутрализираат, а таа операција ќе трае неколку часа, јавува АР. Евакуацијата започна во шест часот утрово и автобусите ги носат жителите најмалку два километри од радиусот на бомбата. Луѓето ќе бидат сместени во локалните училишта, стадиони и ресторани.Евакуиран е и кампот за бегалци кој се наоѓа во близина и во кој се сместени 450 лица. Полицијата од рано утрово ги посетува домовите на...

Продолжи со читање

Среќа во несреќа за селекцијата на Холандија

Post Views: 235 Во претходните денови видовме дека можат да се состават два солидни тима со повредени играчи кои нема да учествуваат на Светското првенство, но за среќа на Холандската репрезентација Робин ван Перси сепак не е на тој список, и покрај инцидентот кој го имал. Тој на неверојатен начин се здобил со лесни повреди и гребаници откако го удрил човек со моторен змеј. Ван Перси и неговиот колега од одбраната Дерил Јанмат поминале со лесни повреди и главоболки откако ги удрил еден заљубеник во екстремни спортови со својот змеј на плажата Ипанема. Случајната посета на плажата...

Продолжи со читање

Првиот приватен дневен весник оди во историја

Post Views: 384 „Дневник“, првиот приватен дневен весник во Република Македонија, чиј прв број излезе на 20 март 1996 година, денес излезе во продажба за последен пат. Денешното издание на дневниот весник „Дневник“ е последното што читателите можеа да го купат. Од утре весникот повеќе нема да се печати, на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, период во кој ќе бидат испратени „на одмор“, а  фирмата ќе оди во ликвадација. Ова од менаџментот денеска им го соопштиле на 60-тина вработени во „Дневник“, со образложение дека фирмата не успеала да обезбеди...

Продолжи со читање

Апелациониот суд ја потврди суспензијата на указот за мигранти на Трамп

Post Views: 278 Американски Апелациски суд во Сан Франциско одби да ја обнови привремената забрана за влез на мигранти од седум претежно муслимански земји што беше наредена од претседателот Доналд Трамп. Тоа, според оценките на американските медиуми, претставува голем удар за антиимиграциската политика на новата американска админситрација.Во едногласната одлука комисијата од тројца судии ја оставија во сила блокадата на забраната за влез во САД. Пртетседателот Трамп веднаш одговори на Твитер: „Се гледаме на суд, во прашање е безбедноста на нашата земја“.  

Продолжи со читање

Три новини на Светското првенство во Бразил

Post Views: 240 ФИФА во Бразил по прв пат официјално ќе ја користи гол-технологија. Судијата ќе добие сигнал на часовникот кој ќе го известува дали топката ја поминала линијата. Новитети на ова Светско првенство се и спрејот, и минута одмор. Голот на Франк Лампард против Германија, на Светското првенство во Јужна Африка, го видоа сите освен судијата. Тој поништен гол ја натера ФИФА сериозно да размислува за воведување на гол-технологијата. Откако имаше тест период, ФИФА одлучи да ја воведе оваа технологија на Светското првенство во Бразил и на судиите да им биде олеснета...

Продолжи со читање

Од ноќеска поевтини горива

Post Views: 305 Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горвата се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,52, односно 4,17 отсто.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 64,5 денари за литар.ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 48, додека Екстра лесното масло за домаќинство за 36,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 1,176 денари за килограм се намалува и...

Продолжи со читање

Романската влада го повлекува контроверзниот закон

Post Views: 224 Премиерот на Романија Сорин Гриндеану денеска најави дека неговата влада ќе го укине декретот со кој се декриминализира корупцијата, како одговор на масовните протести кои траат една недела. Тој изјави дека владата утре ќе одржи седница за да го поништи декретот. Гриндеану изјави дека не сака да ја подели Романија. „Романија не може да се подели на два дела“, рече Сорин Гриндеану. Ваквата одлука доаѓа откако десетици илјади луѓе во изминативе неколку дена оддржаа протести низ целата земја. Според проценките на полицијата вкупниот број на демонстрати кои вчера...

Продолжи со читање