Skip to main content

Автор: инфодеск

Samsung го претстави најголемиот мобилен уред со Android

Post Views: 286 Samsung на почетокот на минатиот месец на IFA саемот во Берлин најави дека припрема таблет со голема дијагонала на екранот, а вчера и ифицијално го претстави Galaxy View кој, со оглед на големината, тешко може да се нарече мобилен уред. Имено, Galaxy View доаѓа со екран кој е поголем и од поголемиот број на преносни компјутери и тежок е 2,65 кг. Така што тешко дека ќе се користи како класичен таблет кои луѓето го носат на патувања, плажи и слично. Целна група на овој уред не се корисници кои бараат класичен таблет, туку љубители на видеа, филмови, а кои ќе можат...

Продолжи со читање

Facebook ја укинува опцијата која беше присутна со години

Post Views: 227 Facebook одлучи да ја напушти една од своите најкритизираните и збунувачки компоненти – “Other” (друго) фолдерот во вашиот инбокс, односно “други пораки” во одделот пораки. Социјалната мрежа “Other” го замисли како канал по кој можат да ви се јават сите оние кои тоа го сакаат а не ви се пријатели. Меѓутоа, бидејќи таа опција не заживеа во правиот смисол на зборот, Facebook одлучи “Other” да го замени со нова опција “message request” (барање за порака) за да можат да ве контактираат луѓе со кои не сте пријател. Facebook тврди дека оваа нова алатка ќе ја...

Продолжи со читање

Крај за тајните швајцарски сметки

Post Views: 203 Европскиот парламент на пленарна седница вчера расправаше за договорот со Швајцарија со кој се отежнува криењето на кеш пари во швајцарските банки, а притоа се случува избегнување на плаќање данок во земјите од каде потекнуваат. Гласањето за овој предлог по распоредот е предвидено за денес. Европската Унија и Швајцарија меѓусебно се обврзале на размена на податоци за банкарските сметки кои би требало да се транспарентни од почетокот на 2018 година. Договорот е постигнат кон крајот на мај оваа година со цел да се сузбијат финансиските измами и затајување на...

Продолжи со читање

Иднината на јавниот превоз е небесното такси

Post Views: 202 Сообраќајниот метеж, големите колони и премногу проведеното време во автомобил на преполните улици се чести сцени во големите градови ширум светот во кои бројот на автомобили одамна ги надмина можностите на инфраструктурата која е испланирана за значително помал број на возила. Поради овие причини големите градови решиле овој проблем да го надминат со подземните железници, а од компанијата SkyTran (која соработува со NASA) тврдат дека имаат ново и многу поевтино решение во однос на подземната или класичната железница, таканареченито небесно такси. Станува збор...

Продолжи со читање

Комета која испушта огромни количини на алкохол

Post Views: 238 По прв пат набљудувачите приметиле дека на некоја комета се наоѓа етилен алкохол, токму онаков со кој се прават алкохолните пијалоци на земјата. Овие откритија се поклопуваат со доказите дека кометите би можеле да бидат извор на сложена органска молекула која е потребна за создавање на живот, пишува Astronomy now. “Утврдивме дека кометата Lovejoy испушта количина на алкохол во секунда која е еднаква на 500 шишиња вино. Тоа се случува за време на кулминацијата”, рекол водечкиот автор на студијата Nicolas Biver од опсерваторијата во Париз. Откриено е дека...

Продолжи со читање

Пет совети за заштеда на гориво во зимски услови

Post Views: 213 Со доаѓање на зимата и сè пониските температури , по правило, вашиот автомобил ќе почне да троши повеќе гориво во однос на летните месеци. Но, температурата на воздухот не е единствена причина поради која автомобилот троши повеќе гориво од вообичаеното. За да се сведе автомобилот на минимална потрошувачка во зимски услови корисно е да се придржуваме на следните совети: –Проверка на капакот од резервоарот – Поради неисправен капак на резервоарот или лошо затворен би можела одредена количина на гориво да испари. –Паркирање во гаража – Гаражата го...

Продолжи со читање

Српската естрада во паника со аферата на украдени автомобили

Post Views: 276 Како што пишува Blic.rs српските фолк ѕвезди се во паника откако се уапсени Татјана Миоковиќ и нејзиниот сопруг под сомнение дека се дел на меѓународна автомафија. Татјана, дамата од високото друштво како што била нарекувана, е добра пријателка со половина српски фолкери меѓу кои попознати се имињата како Лепа Брена, Саша Поповиќ и Аца Лукас. Како водач на српскиот огранок на автомафијата, полицијата го наведува сопругот на Татјана, Зоран Јанковиќ. Тие, со уште 27 лица се уапсени во големата меѓународна полициска акција во која се одземени 27 луксузни...

Продолжи со читање

Курсот на еврото во однос на доларот во остар пад

Post Views: 216 Курсот на еврото во однос на американскиот долар минатата недела потона за 2,9%, на 1,1018 долари и е на најниско ниво од почетокот на август. Еврото падна и во однос на јапонскиот јен за 1,3%. Доларот пак порасна во однос на јенот па курсот му се зголеми за 1,7%. Најголемото опаѓање на еврото спрема доларот е најавата на Централната Европска банка дека нејзините челници во декември ќе разгледуваат дали треба да се воведат дополнителни поттикнувачки мерки. Како што се очекуваше, челниците на ECB одлучија во четвртокот дека клучната каматна стапка останува...

Продолжи со читање

Десет најчудни причини поради кои луѓе побарале развод

Post Views: 210 Неверство, непочитување, престанок на љубов – сѐ се тоа оправдани и разбирливи причини за барање на развод, но некои луѓе брачната заедница ја прекинуваат од чудни и неразбирливи причини. Тешко е за верување дека во официјалното барање за развод луѓето ги прикажале овие причини, но ова се десетте најчудни причини поради кои луѓето побарале прекин на бракот. -Алергичност на сопругата – Знаеме за алергии на полен, одредена храна, материјали, но дека присутност на друга личност може да предизвика алергична реакција тешко е да се поверува. Но, токму таа причина,...

Продолжи со читање

Германија започнува протерување на околу 200.000 економски мигранти

Post Views: 229 Германија со новиот, построг, закон за азил од денес започнува со примена иако беше предвидено законот да стапи на сила од 1 ноември, објавено е денес во Берлин. “Сојузните покраини, заеднички со сојузните органи, наредните денови ќе започне со засилено протерување на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Германија. Со таа цел веќе се организирани чартер летови од различни аеродроми во Германија”, рекол германскиот министер за внатрешни работи Thomas de Maiziere најавувајќи за утре примена на оваа мерка. Шефот на кабинетот на канцеларот, Peter...

Продолжи со читање

Роналдо ќе добие 20 милиони евра за неработење!

Post Views: 219 Кристијано Роналдо навистина има среќа кога се однесува на работата, освен што е еден од најдобрите фудбалери во светот, тој е и одличен бизнисмен. Линијата на неговата долна облека се продава лудо, а тоа се однесува и на сѐ друго каде тој ќе го стави својот потпис. Сепак, се чини дека славниот фудбалер ја склучи најдобрата работа досега. Ќе му платат 20 милиони евра само да не работи. Да, звучи неверојатно, но токму тоа се случува. Роналдо не ја добил улогата во новиот филм на Мартин Скорсезе, “Манипулатор”, иако улогата му ја понудил токму режисерот....

Продолжи со читање

Попис на апликации кои најмногу го успоруваат уредот со Android

Post Views: 198 Иако се опремени со најсилен хардвер и софтвер, дури и врвните Android телефони и таблети имаат проблем со перфомансите. Главните виновници се секако апликациите. Безбедносната компанија AVG објави листа од апликации кои се одговорни за споменатите проблеми на уредите со Android, а се однесува на второто тромесечие од оваа година. Апликациите се поделени во две групи. Првата ја чинат апликации одбрани од страна на корисниците, а тука најголем проблем прави Snapchat. Snapchat по успорување на уредот успеа да го претекне и Facebook, а за ова е заслужно...

Продолжи со читање