Автор: инфодеск
Post Views: 239 Германската полиција извршила рација на повеќе од десет локации во Франкфурт и уапсен е Тунижанец обвинет за регрутирање за Исламска држава и собирање на истомисленици за извршување на напади во Германија. Обвинителството од Франкфурт соопшти рано утринава дека во регионот е извршен претрес на 54 станови,канцеларии и џамии, а истрагата била насочена против 16 лица помеѓу 16 и 46 години. Главниот осомничен (36) е уапсен во Франкфурт и за него се верува дека од август 2015 врбувал и криумчарел за Исламската држава. Обвинителството истакнува дека плановите за...
Копачките Магиста го менуваат фудбалот
Post Views: 235 Револуционерната иновативност во перфомансите на обувките продолжува, така што Најк и новите Магиста копачки го редифинирааи изгледот и чувството. Со подобрен контакт, пристапување и припојување, копачките се дизајнирани за креативни играчи. Nike Flyknit технологијата е посебно прилагодена на фудбалот овозможувајќи ногата подобро и попријатно да се спои со копачката, овозможувајќи подобро чувство за топката, но и нејзина контрола. Дизајнерите од Најк соработувале со најдобрите светски плејмејкери, меѓу кои и Андрес Иниеста и Марио Геце. Токму тие им дале вредни...
Бензините и дизелот поскапуваат
Post Views: 229 Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 денари, а 66 денари ќе се плаќа за литар ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 50,50 денари, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,130 денари по килограм и ќе изнесува 26,382 денари.Малопродажните цени на нафтените...
Објавени номинациите за „Оскар“
Post Views: 222 Американската академија за филмски уметности и науки вчера преку интернет ги објави номинациите за овогодишните номинации за „Оскар“, во трката за престижната награда се издвои мјузиклот „Ла ла ленд“ кој е номиниран во рекордни 14 категории, меѓу кои за најдобар филм, најдобра режија (Демијан Шазел) и за најдобри главни актери (Ема Стоун и Рајан Гослин), со што стана еден од трите филмови во историјата на „Оскар“ со толкав број номинации, останатите два се „Титаник“ и „Сè за Ева“. Од другите филмови ќе ги споменеме „Месечева светлина“ и „Пристигнување“ со 8...
Шеиците од Париз спремаат страшни понуди
Post Views: 248 Спрема пишувањата на France Football, ПСЖ се спрема да му понуди на Челзи дури 75 милиони евра за Еден Азар. Освен тоа што ќе плати огромна отштета на Челзи, ќе му плати и на Азар 15 милиони евра годишно. Азар веќе даде такви знаци дека не би имал ништо против селење од Лондон во Париз и дека со задоволство би го сменил дресот на Челзи со оној од ПСЖ, а како што пишува France Football, таа желба се засилила по состанокот со шеикот Tamim bin Hamad al-Thani во март во Доха. Тогаш на Азар му била понудена плата од 15 милиони евра годишно и белгискиот...
Мандатарот Зоран Заев предложи 17 имиња за идни министри
Post Views: 247 Мандатарот Зоран Заев вечерва предложи 17 имиња за идни министри. Најави дека ако стигнат, веднаш ќе ја поднесат предлог програмата и составот до Собранието. Претходно ДУИ ги објави своите седум предлози, а се чека и на двата од Алијансата за Албанците. Беса одлучи да не биде дел од Владата.Седумнаесет имиња за министри предложи вечерва мандатарот Зоран Заев од редовите на СДСМ и коалиција, но меѓу кои има и непартиски имиња. На прес-конференцијата по Централниот одбор на партијата Заев соопшти дека ги предлагаат следниве имиња:Министер за одбрана Радмила...
По Финска и Холандија со проектот пари без работа
Post Views: 256 По примерот на Финска, и Холандија ќе дава надомест на невработени лица без ништо да работат. Експериментот во текот на 2017 година ќе биде тестиран во неколку градови во оваа земја. Мислењата за овој проект се поделени. Оние кои го поддржуваат моделот истакнуваат дека сиромашните и невработените на овој начин ќе бидат позаштитени, додека оние кои се против наведуваат дека поради овој модел никој од невработените нема да биде мотивиран да побара работа. Во Финска започна исплата на основната месечна плата од 560 евра, како дел од социјален експеримент, со цел...
“The Sunday Times” ја открива аферата за СП
Post Views: 246 Десет дена пред почетокот на Светското првенство во Бразил, Меѓународната федерација (ФИФА) ја потресува голема афера откако Sunday Times објави како Катар ги подмитил челниците на ФИФА. Sunday Times дошол во посед на тајните мејлови, писма и докази за банкарските трансакции кои укажуваат дека водечките луѓе на катарскиот фудбалски сојуз ги подмитувале функционерите на ФИФА за да ја поддржат кандидатурата на оваа држава за организација на СП 2022 година. Уплатите покажуваат дека екс катарскиот функционер Mohamed Bin Hammam поделил 3,7 милиони евра мито. Парите...
Бесплатни содржини и услуги за корисниците на Телеком кои имаа прекин
Post Views: 417 Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во вторникот, како последица на невремето, во јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.„Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold. Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет“, соопштуваат од...
Турски карго авион се сруши во населено место во Киргистан
Post Views: 235 Турски товарен авион се урна во близина на аеродромот Манас во Киргистан, при што загинаа најмалку 32 лица, повеќето од нив жители на селото погодени од боингот 747 додека се обидувал да слета во густа магла, изјавија официјални лица на Киргистан. Според управата на аеродромот, авионот требало да застане во Манас, 25 километри северно од главниот град Бишкек, на пат од Хонг Конг кон Истанбул во понеделникот. Се урнал при обидот да слета на слабата видливост во 7:31 по локално време. Во несреќата се оштетени 15 згради во селото, рече Мухамед Сваров, шеф на...
На нас тренираат строгост а ПСЖ и Сити играат во ЛШ
Post Views: 256 Претседателот на Парма, Томазо Џиарди, се повлекол од функцијата и го ставил клубот на продажба откако на Парма и е ускратена лиценцата за настап во Европа. Џиарди, Парма ја превзеде во 2007 година и ја спаси од финансиски крах и ја врати на високи позиции во италијанскиот фудбал. Во штотуку завршената сезона Парма на терен избори пласман во Лига Европа, меѓутоа лиценцата и е ускратена поради даночен долг од 300 илјади евра. “Луѓето во фудбалот треба да се срамат, ни го зедоа заслужениот пласман во Европа. Само будали можат да помислат дека сум се обидел да...
Yahoo престанува да постои
Post Views: 251 Одлуката дека Yahoo престанува да постои е потврдена доцна во понеделникот во извештајот на таа компанија до американските регулатори. Во извештајот се опишуваат плановите за превземање на Yahoo од страна на телекомуникацискиот џин Verizon Comunication Inc. Yahoo е продаден за 4,8 милијарди долари, а по превземањето ќе го носи името Altaba. Името е творба од зборовите алтернација и Алибаба, по името на славниот лик од збирката раскази “1001 ноќ”. Освен Мариса Мајер, управата веднаш по финализирањето на трансакцијата, ја напушта и ко-основачот на...