Skip to main content

Автор: инфодеск

Затворен базен

Изградбата на затворениот базен во Охрид се одолговлекува осум години

Post Views: 115 Додека во Струга заврши реконструкцијата на  затворениот  базен и  ќе биде отворен ова лето, во Охрид изградбата на овој спортски објект  се провлекува со години.Изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид започна  уште во 2015 година,  но до денес никако да се наполни со вода и да запливаат пливачите. Градежните работи стагнираат,  остана само металната конструкција обрасната со трева, а овој  проект се најавува на секои  избори со различни рокови за   реализација.Спортските тренери...

Продолжи со читање

Koncert posveten na Zimbo

На „Охридско лето“ концерт посветен на  флејтистот Илија Зимбо

Post Views: 39 Концерт посветен на прерано починатиот уметник, флејтистот Илија Зимбо ќе се одржи вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“  како дел од  музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.Ќе настапи „Пијано Трио“ составено од тројца етаблирани музичари Татијана Петрушевска – Караскаковска – прва обоа во оркестарот на НОБ, Марјан Милошевски – прв  фаготист во оркестарот на НОБ и професор по фагот на ФМУ и Петар Макариевски – пијано, уметнички соработник при ФДУ.Ова трио ги здружи своите сили во 2014 година  и...

Продолжи со читање

Агенција за вработување

Агенцијата за вработувањe субвенционира вработувања на ранливи групи преку ИПА

Post Views: 36 Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува сите евидентирани невработени лица да се пријават за учество во мерката Субвенционирање на вработување. Повикот се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот” финансиран од Европската Унија, врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на вработување – ИПА.На мерката, според проектниот...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Јавна презентација и расправа по Нацрт Извештајот за влијание на животната средина за проект за пречистителна станица во Трпејца

Post Views: 42 Општина Охрид организира јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид.Ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица со намена Е1.6 во село Трпејца Општина Охрид.Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието...

Продолжи со читање

Трпејца На зајдисонце

Утре во Трпејца почнува 12 издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Post Views: 41 Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од утре до 28 јули по 12 пат оваа туристичка населба и гостите ќе „дишат“ во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација  „На зајдисонце“.Утре, четврток на отворената сцена во Трпејца, од 20 часот и 30 минути  во името на покровителот општина Охрид манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик – градоначалникот Перчо Божиноски.Приустните ќе можат да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во...

Продолжи со читање

УИНТ посета

Посета на министерката Ана Лирман на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Post Views: 60 Проректорката за меѓународна соработка на УИНТ “Св. Апостол Павле”, Проф. д-р Устијана Речкоска-Шикоска,  беше домаќин на Високата претставничка, г-ѓа Ана Лирман,  Министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, во соработка со  г-дин Зоран Мартиновски, Претседател на менаџмент консултантската компанија „PrimePoint Partners“ и  г-дин Давид Оберхугер Директор на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка, како и претставници од неколку стејкхолдери.Министерката Лирман го посети Универзитетот за информатички науки и...

Продолжи со читање

Инспекциски надзор во хотели во Охрид и Струга од страна на ДИЖС

Post Views: 75 Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија Охрид во текот на пролетните месеци март-април извршил 7 инспекциски надзори во општините Охрид и Струга во хотелски објекти.Од Државниот инспекторат за животна средина информираaт за констатираното при надзорите:ГС ГРОУП ДОО увоз-извоз Охрид-Хотел АКВАЛИНА. Поседува Елаборат за животна средина. Отпадните води се поврзани на градска канализациона мрежа.ХОТЕЛИ-Комплекс МЕТРОПОЛ АД Охрид. Поседува Елаборат за...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температура до 32 степени

Post Views: 39 Сончево и многу топло време и денеска во Охрид со максимална дневна температура до 32 степени. Ќе дува со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Вредноста на UV зрачењето висока 10.И понатаму целата територија на државата е во портокалова фаза на предупредување од високи температури.

Продолжи со читање