Skip to main content

Автор: инфодеск

Лудило во Лисабон

Post Views: 270   Точно 19 дена пред отварањето на Светското првенство во Сао Паоло, во Лисабон ќе биде кулминацијата на клупската сезона – финалето во Лигата на шампиони помеѓу двата мадридски тима Реал и Атлетико.Саботната пресметка на Луж ќе биде петто финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат тимови од иста земја, но прв пат доаѓаат од ист град.Реал во Лисабон оди по десеттата круна – „decima„ прва по 12 години, додека Атлетико ќе го лови својот првенец во елитното друштво по своето досегашно едно финале во 1974 година кога изгуби од Баерн...

Продолжи со читање

Терористот од Берлин убиен во Милано

Post Views: 219 Анис Амри, кој е осомничен за нападот во Берлин, е убиен во престрелка во Милано, Италија, јави Ројтерс, повикувајќи се на извори од италијанската безбедносна служба. Амри наводно е запрен од сообраќајна полиција околу три часот утрото, но веднаш почнал да пука кон полицајците. Еден од полицајците возвратил и го убил Анис Амри, а полицаецот е полесно повреден, пренесува италијанскиот весник Панорама. Според истите извори, напаѓачот е идентификуван според отисоците од прсти и физички докази. Во секој момент во Рим прес конференција треба да одржи министерот за...

Продолжи со читање

Голем удар за амбициите на Уругвајците

Post Views: 237 Голем удар во четвртокот наутро добиле Уругвајците, пред Светското првенство во Бразил. Имено, најдобриот играч на нивната репрезентација, Луис Суарез на тренинг го повредил коленото и ќе мора на операција на менискус. Иако уругвајските новинари тврдат дека Суарез ќе биде спремен за СП во Бразил, факт е дека рехабилитацијата по операција од менискус трае од 4 до 6 недели, што значи дека Суарез сигурно нема да е спремен за првиот натпревар против Костарика на 14 јуни. Под знак прашање е дали ќе биде спремен и за другите два натпревари од нивната група, против...

Продолжи со читање

Атентаторот на рускиот амбасадор бил обезбедување и на Ердоган

Post Views: 239 Турскиот полицаец кој го уби рускиот амбасадор во Анкара, во изминатите месеци осум пати го обезбедувал турскиот претседател Ердоган, пишува весникот „Хуриет“. Мевлут Мерт Алтинташ од јули годинава бил дел од обезбедувањето на турскиот претседател на осум јавни настапи на Реџеп Таип Ердоган, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“. Притоа, 22-годишниот турски полицаец бил дел од втората алка на обезбедување, што значи веднаш зад личните телохранители на Ердоган. Алтинташ во понеделникот, на отворањето на една изложба во Анкара, го застрела рускиот амбасадор во...

Продолжи со читање

Ултрабогат навивач на Манчестер Јунајтед го купи шпанскиот великан

Post Views: 265 Сингапурскиот милијардер Петер Лим е новиот сопственик на шпанскиот фудбалски великан Валенсија, откако откупил 70% од сопственичкиот удел во клубот од Местаља. Единствен тим, до освојувањето на титулата на Атлетико оваа сезона, кој во последните 13 години ја прекинуваше доминацијата на Барселона и Реал Мадрид во шпанското првенство беше Валенсија. Лим, инаку голем навивач на Манчестер Јунајтед, успеал конечно да стане сопственик на еден од тимовите од лигите на големата петорка. Првиот обид, но неуспешен, беше во 2010 година кога понудил за Ливерпул 300 милиони...

Продолжи со читање

Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

Post Views: 317 Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,25, односно за 2,35 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 65, а на ЕУРОСУПЕР БС- 98, 67 денари за литар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 39 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,319...

Продолжи со читање

Највисоки цени на нафтата во последните 17 месеци

Post Views: 213 Цените на нафтата на светските берзи достигнаа вредност која е на највисоко ниво во последниве 17 месеци. Северноморскиот „брент“ минатата недела поскапе за 1,6 отсто, достигнувајќи цена од над 55,20 долари за барел, додека вредноста на американската „лесна“ нафта порасна за 0,8 проценти на речиси 52 долари за барел. Ваквиот раст следи по одлуката на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на дневното производство на енергенсот од 1 јануари 2017 година за 1,2 милиони барели. Минатата недела неколку големи производители, вклучувајќи...

Продолжи со читање

Проблеми за Реал и Атлетико пред мечот во Лисабон

Post Views: 245 Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија по прв пат после 18 години чекање, но тоа го чинеше две големи повреди на своите играчи пред финалето во Лигата на шампиони за седум дена. Во Лисабон Атлетико ќе игра против својот градски ривал, Реал, за титулата европски шампион. Моментално за тој натпревар под знак прашање се првиот стрелец на тимот, Диего Коста, и одличниот играч за врска Арда Туран. Двајцата на гостувањето кај Барселона го напуштија теренот во првото полувреме, Коста поради повреда на задната ложа, а Туран поради повреда на колкот. Моментално нема...

Продолжи со читање

За нападот во Кајсери, Ердоган ја обвини PKK

Post Views: 256 Терористичкиот напад во турскиот град Кајсери во кој во саботата утрото загинаа 13 а ранети се 55 луѓе, главно војници, го извел бомбаш самоубиец објавија турските власти, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека зад нападот стои забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која и САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во писмена изјава рече дека „сепаратистичката терористичка организација“ стои за нападот, додавајќи дека тие напади не се „без поврзаност со случувањата во Сирија и во Ирак“. Ердоган под овој...

Продолжи со читање

Официјално: Покрај Сити и ПСЖ казнети се уште седум клубови

Post Views: 260 Стигна и службената потврда за казнувањето на девет клубови поради кршење на финансискиот фер-плеј. Најголеми казни заработија Манчестер Сити и ПСЖ, кои се казнети со по 60 милиони евра, а освен парична казна тие во следната сезона на Лига на шампиони не ќе можат да пријават 25 туку 21 фудбалер. Сите клубови кои се казнети ја прифаќаат казната и нема да се жалат на истата. Иако двата клуба потпишале на документите на УЕФА и ги прифатиле казните, во образложението од двете страни тврдат дека не се задоволни. Од Сити стигнува порака дека не се сложуваат со...

Продолжи со читање

Кој е човекот кој ја проколнал Бенфика?

Post Views: 292 Откако Бенфика загуби уште едно европско финале, повторно се актуелизира приказната за проклетството на Guttmann… За бројните навивачи на Бенфика ова веќе не е шега, туку сериозно проклетство. Нивниот клуб не загубил две или три европски финалиња, туку осум! Да, осум финалиња во европските натпреварувања, со наведнати глави го напуштале теренот разни генерации фудбалери на Бенфика, откако Bela Guttmann го проколнал клубот пред 52 години. Пред крајот на 50-тите години од минатиот век, на клупата на Бенфика бил Bela Guttmann кој преминал од Порто. Унгарскиот...

Продолжи со читање

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Post Views: 273 Ноќеска во 2 часот, Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот. Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври во 3 часот, со поместување за еден час наназад кога започнува зимското сметање на времето. Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2017 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“. Преминувањето на летно и зимско сметање на...

Продолжи со читање