Автор: инфодеск
Post Views: 51 Времето денеска сончево и многу топло, со утринска температура до 19 степени и со слаб до умерен ветер од северен правец.Во текот на денот температурата ќе се искачи до 33 степени.И во следните денови подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.
Бомба од Првата светска војна пронајдена во Охридско Езеро
Post Views: 45 На 15.07.2023 во 11.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Трпејца, била пронајдена рачна бомба.“Од увидот, извршен во присуство на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за бомба М-17 од Првата светска војна која е безбедно подигната и предадена за натамошна постапка.” – информираат од МВР.
Горат Канарските острови
Post Views: 58 Поради големиот шумски пожар во Шпанија на Канарските острови, досега се евакуирани 4.255 лица, а 400 припадници на различни служби се на терен и се борат со пожарот. Шпанската армија распореди 150 свои пожарникари, а наскоро се очекува да пристигне уште една единица. Црвениот крст формираше објект за помош на евакуираните.Пожарот избувнал вчера утрото и веќе проголтал најмалку 4.500 хектари шума и десетина куќи, јавуваат шпанските медиуми.Фернандо Клавихо, претседател на регионалната влада на Канарските Острови, рече дека има отпор кога станува збор за...
Наскоро стружани ќе се рекреираат во затворениот базен
Post Views: 50 Координаторот на пратеничката група на владејачката СДСМ, Јован Митреки на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографии од изградбата на долгонајавуваниот затворен базен во Струга.„После сите перипетии, работите со затворениот базен се при крај за огромно задоволство на пливачите, ватерполистите, сите спортисти и сите граѓани на Струга…“ се вели во пораката на Митрески.Струга прва во регионот ќе добие затворен базен | Портал ТВМ (tvm.mk)
Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на „Охридско лето“
Post Views: 43 Национална опера и балет од Република Северна Македонијасо балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва гостува на програмата на „Охридско лето“.Балетската претстава поделена во девет слики ќе биде изведена на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.Улогите ги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лoчеи (Унгарија), Агим Бафтии и Ендру Кук (Англија).Музиката за „Госпоѓиците од Авињон“ ја напиша Калиопи Букле, кореограф и режисер е Олга...
Сончево и топло со температура до 33 степени
Post Views: 49 Сончево и многу топло и денеска во Охрид со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. UV=10. Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.
Сообраќајна несреќа меѓу Трпејца и Заливот на коските
Post Views: 61 На магистралниот пат Охрид – Св. Наум вечерва се случила сообраќајна несреќа меѓу две патнички возила, на потегот помеѓу Трпејца и Заливот на коските.Сообраќајот беше во прекин од нешто по 20 часот до 22 часот, поради што се формира долга колона возила.На местото на несреќата увид извршија екипи на СВР Охрид. Повеќе детали во текот на утрешниот ден.
Македонија против рудникот во Иловица
Post Views: 68 Граѓаните, во организизација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ – Струмица и Еколошкото здружение Еко Долина – Ново Село, денеска одржаа протестна блокада против спојување на концесијата за рудникот Иловица-Штука. Се бара од државните институции да спречат отворање на рудникот за експлоатација на минерална суровина, руди на бакар и злато на локалитет во Иловица.Протестот се организира по информацијата дека Владата донела одлука за спојување на двете концесии за рудник за бакар и злато на планината Огражден што според активистите, значи дека е можнa...







