Skip to main content

Автор: инфодеск

Младински Центар и СУП Клубот Охрид организираат бесплатни обуки за кајак и суп даска

Post Views: 269 Младински Центар Охрид и СУП Клубот Охрид организираат бесплатни обуки за кајак и суп даска.-Научи како безбедно да управуваш со СУП даска и кајак, дознај повеќе за заштита на животната средина и Охридското Езеро – и сето тоа низ забава и акција!, порачуваат организаторите.Обуката ќе се одржи на 26 јуни на плажата Канео во период од 10 до 12 часот.Сите заинтересиран млади лица над 13 години може да се пријават на линкот.

Продолжи со читање

Утре вежбовна активност за боево гаѓање на „Бејбунар“

Post Views: 163 Утре, четврток, со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето кај “Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето и ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.-Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на...

Продолжи со читање

Зеленото Вевчани и годинава неисцрпна инспирација за светските умeтници

Post Views: 210 Зеленото Вевчани и годинава  неисцрпна инспирација за светските ументици.   Од викендов започнува 14 та Мегународна ликовна колонија Вевчански видувања.Се е подготвено за „Вевчански видувања 2025″ – културниот  настан со меѓународна препознатливост што ги обединува уметноста, пријателството и солидарноста – 14-тата Меѓународна ликовна колонијаВевчани годинава   ќе биде домаќин на 22 уметници од Македонија, Србија, Словенија, Грција, Велика Британија, САД и Франција.Свеченото отворање е на...

Продолжи со читање

Во петок акција за подигање кабаст отпад во Видобишта

Post Views: 132 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 20.06.2025 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.11 Видобишта.-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 30.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите...

Продолжи со читање

Во петок на сцената кај ТЦ „Амам“ детската претстава „Во царството на другарството“

Post Views: 144 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, овој петок од 19:30 часот на сцената кај ТЦ „Амам“ ќе биде изведена претставата „Во царството на другарството“, на Театар Хит од Скопје. Приказната носи порака за пријателство, разбирање и заедништво.Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а улогите ги играат: Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски

Продолжи со читање

Летово Креативна летна школа за деца од 8 до 14 години во Младински Центар Охрид

Post Views: 153 Младински Центар Охрид, преку Креативна Летна Школа под мотото „Креативни раце, весели срца!“ им нуди незаборавна, креативна и едукативна авантура на децата од 8 до 14 години.Првата работилница ќе се одржи на 25 јуни 2025 година (среда) со почеток во 11:00 часот.Децата ќе имаат можност да научат како да користат различни бои, материјали и техники во уметничко изразување, да креираат уметнички дела од рециклирани и природни материјал и да работат во тимови, спојувајќи идеи и развивајќи приказни преку креација.–Летото е платно, а ние ќе го...

Продолжи со читање

Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски

Post Views: 124 Епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, па сè до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера. На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година, се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж. Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“.

Продолжи со читање

Сончево и топло, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Post Views: 160 Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Денес во Охрид температурите ќе бидат од минимални 14, до максимални 28 степени Целзиусови.До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено во петок. Во деновите од викендот и во понеделник...

Продолжи со читање

Високите температури и наглите промени на температурата го зголемија бројот на пациенети во амбулантите на Кардиолошки центар Охрид

Post Views: 129 Екстремно високите температури како и наглите промени на температурата негативно влијаат врз здравствената состојба на кардиолошките пациенти и на останаттите хронично болни. Деновиве амбулантите на Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања се полнат. Пациентите се жалат на тешко дишење, брзо заморување, главоболки, вртоглавици, проблеми со концентрација.„ Она што би сакала да истакнам се варијации на крвниот притисок, огромни варијации на притисокот дури и во едно деноноќие. Значи имаме варијации од многу високи вредности до вредности кои...

Продолжи со читање

Привршува санацијата на наколната населба во Градиште

Post Views: 99 Привршува реконструкцијата на Музејот на вода во Градиште. Се врши санација на платформата и   24-те праисториски куќички распослани врз синото езеро. Станува збор за најпосетениот музејски комплекс на крејбрежjето, единствен од ваков вид на Балканот.Локалитетот кој ги чува и  открива  тајните на  праисторијата.-Имаме се што тие луѓе користеле во праисторијата во еден ден. Садови за јадење, пиење, готвење и алати. Значи се што користеле во секојдневието, чуваме дури и некои од оригиналните дрвени столбови на кои стоела...

Продолжи со читање

Остануваат уште три дена за пријавување на кандидати за обука за спасители на отворени води

Post Views: 136 Остануваат уште три дена за пријавување на кандидати за обука за спасители на отворени води која ќе се реализира од 21 до 28 уни 2025 г. Обуката која е во организација на Црвен крст Охрид-Центар за безбедност на вода ќе се изведува на Охридското езеро и содржи теоретски и практичен дел, а ќе ја водат национални и меѓународни инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната Федерација за безбедност на вода (ИЛСФ).Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови и барања:да се постари од 17 години (да достават...

Продолжи со читање

Во четврток вежбовна активност за боево гаѓање на „Бејбунар“

Post Views: 97 На ден 19.06.2025 со почеток од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето кај “Бејбунар“ во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето и ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид.-Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување...

Продолжи со читање