Skip to main content

Автор: инфодеск

Тренерски ѕвезди во лов на големото финале

Post Views: 257 Двете најдобри одбранбени екипи во Шпанија и Англија ќе се сретнат вечерва во првото полуфинале од Лигата на шампиони кое ќе се одигра во Мадрид со почеток во 20.45 часот. Тренерот на Атлетико, Аргентинецот Диего Симеоне, се надева дека неговата екипа вечерва ќе биде во состојба да ги прикрие своите слабости и да ги искористи своите предности и на тој начин да избори поволен резултат за реваншот во Лондон кај Челзи. За Атлетико ова би било сон кој го чекаат 40 години. “Ние и Челзи не сме исти екипи, но делиме слични особини и сличен стил на игра. И ние и тие...

Продолжи со читање

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Маврово

Post Views: 282 Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во западна Македонија. Според мерењата на УХМР, во Маврово наврнале 81 литар на метар квадратен, Пожаране 61, Лазарополе 59, Тетово 54 и Дебар 48, а во Охрид се измерени 23 литри на метар квадратен. Во Скопје се наврнати 40 литри на метар квадратен, Куманово 38, Берово 32, Битола 28, Крива Паланка и Крушево 26, Охрид 23, Струмица 21, Тополчани 18, Дојран 16, Гевгелија и Претор 12, Штип, Виница, Прилеп и Ѓуриште 11 и Демир Капија 9. Температурите утрово се движеа од 5 во Маврово, 6 Лазарополе, 9 Пожаране, 10 Крушево,...

Продолжи со читање

Инцидент на авионот на републиканскиот кандидат за потпретседател

Post Views: 214 Авионот, во кој се наоѓале околу 30 луѓе, бил и републиканскиот потпретседателски кандидат Мајк Пенс, неговата сопруга и ќерка. Леталото се излизгало од пистата на аеродромот Ла Гардиа во Њујорк, јави MSNBC, а изборната кампања соопшти дека нема повредени и истрагата за тоа како дошло до инцидентот е во тек. Телевизијата во живо го покажала Пенс како стои на дождот во близина на авионот помеѓу возилата за вонредни ситуации и разговара со полицајците и други лица. Републиканскиот претседателски  кандидат Доналд Трамп го повикал Пенс да види како е по...

Продолжи со читање

110 милиони евра за Суарез

Post Views: 277 Мадридски Реал наводно е спремен да плати 110 милиони евра за фудбалерот на Ливерпул, Луис Суарез, тврдат медиумите во Англија и Шпанија Доколку би се реализирал евентуалниот трансфер, ќе го надмине сегашниот рекорд за преминувањето на Герет Бејл во кралскиот клуб кој изнесуваше 100 милиони евра. Суарез е најдобар стрелец во Премиер лигата со 29 погодоци, а медиумите тврдат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, планира во наредните неколку дена да прати понуда за Уругваецот. Рела Мадрид, спрема истите извори, пред три недели му понудил на Ливерпул...

Продолжи со читање

Потрошувачката корпа за септември околу 500 евра

Post Views: 305 Потрошувачката кошница во септември изнесувала 32.263 денари за едно четиричлено семејство, пресмета Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу од парите или 13.345 денари се трошат за храна и за пијалоци, потоа за комуналии и опрема за домот и за одржување, за кои се издвојуваат 10.468 денари. За хигиена се потребни 2.272 денари, за превоз 2.339 денари, а за обувки и за облека 2.087 денари. Од вкупните средства во потрошувачката кошница за културни активности се трошат 1.070 денари, а за одржување на здравјето – 678 денари. Потрошувачката кошница во...

Продолжи со читање

Имот на поранешна Југославија оди на тендер

Post Views: 242 Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Црна Гора постигнаа договор за продажба на дипломатско-конзуларните имоти на поранешна СФРЈ кои се наоѓаат во Токио, Бон, Берн и Њујорк вклучувајќи го и шестособниот апартман на Менхетен. Имотот е вреден околу 42 милиони долари а земјите се согласиле дека таа може да се продаде по повисока цена доколку се распише меѓународен тендер кој ќе биде објавен во „Вашингтон пост“ и „Економист“. Од вкупно 123 недвижности, земјите наследнички до сега поделиле 72, а нераспределени останале уште 51. Поголемиот...

Продолжи со читање

„Во голема мерка го почитуваме Флензбург“

Post Views: 235 Вардарци веќе се во Германија, каде што ги одработуваат последните тренинзи во пресрет на првиот четвртфинален натпревар против Флензбург, кој што е закажан за денес од 19.00 часот. Средниот бек во “црвено-црниот” состав Игор Карачиќ смета дека дуелот со Флензбург ќе биде сосема поразличен од тој против Хамбург, пред се поради начинот на игра на двете екипи. “Ние во голема мерка го почитуваме Флензбург, кој првенствено е навистина добро координиран тим, предводен од својот тренер Љубомир Врањеш. Хамбург беше индивидуално посилен тим и против нив така и се...

Продолжи со читање

Се повлекува банкнотата од 5.000 денари

Post Views: 345 На 15 декември, Народна банка ќе пушти во оптек две нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари. Оваа одлука била усвоена на седницата на советот на Народна банка, а, како што велат, произлегла од потребата за „ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.“ Во врска со повлекувањето на петилјадарката, Народна банка соопшти дека нивната примена во секојдневните трансакции била незначителна, а од неа немале голема потреба ниту банките. Наместо низ годините во оптек да се зголемува...

Продолжи со читање

На Малта се урна авион со официјални лица на ЕУ

Post Views: 231 Рано утрово се случи авионска несреќа на Малта во која од 10 лица колку што се наоѓале во авионот, најмалку 5 загинале. Во авионот се наоѓале официјални лица на Фронтекс, задолжени за надзор на надворешните граници на Европската унија. Несреќата во која животот го изгубија официјални лица на Фронтекс се случи утрово околу 7.20 часот по локално време. Овој авион се срушил набрзо по полетувањето од меѓународниот аеродром на Малта, а сведоци тврдат дека виделе како пропелерот на авионот одеднаш се навалил на десната страна и авионот потоа почнал да паѓа. ...

Продолжи со читање

Судски налог среде натпревар

Post Views: 276 Несекојдневна ситуација се случила во петокот, во 1 коло од втората бразилска лига. Фудбалерите на Португеза го напуштиле теренот во 16 минута од натпреварот бидејќи добиле судски налог со кој треба да бидат вратени во првата лига. Да се потсетиме, по завршувањето на минатата сезона на Серија А, дисциплинската комисија на Бразилскиот спортски суд му одзеде 4 бода на Португеза која во последното коло против Гремио користела играч кој не ја одработил суспензијата. Клубот со самото тоа автоматски паднал на 17 место и испаднал од лигата. Португеза продолжила по...

Продолжи со читање

Вечерва последната дебата Клинтон – Трамп

Post Views: 222 Хилари Клинтон и Доналд Трамп ќе ја имаат последната, трета претседателска дебата, што ќе се одржи на Универзитетот на Невада, во Лас Вегас. Темите на дебатата ќе бидат обврските и правата во САД, имиграцијата, економијата, Врховниот суд, меѓународните кризни жаришта, квалификуваноста на кандидатите. Врховниот суд е особено важна тема за Републиканската партија, зашто новиот претседател на државата ќе има право да номинира судија кој ќе го заземе местото на минатата година починатиот конзервативец Антонин Скалија. Ако стане претседател Клинтон, од нејзиниот...

Продолжи со читање

Хамилтон тргнува прв во Кина

Post Views: 247 На Луис Хамилтон ова му е трета пол позиција оваа сезона и вкупно 34-та во кариерата со што го сруши британскиот рекорд на Џими Кларк, а пред него во оваа статистичка категорија останаа само Михаел Шумахер (68), Аиртон Сена (65) и Себастијан Фетел (45). Квалификациите во Кина се одржаа во дождливи временски услови, но на Хамилтон тоа не му пречеше. Во третата квалификациона рунда го помина кругот за 1,53.860 и за повеќе од половина секунда го надмина Даниел Рикардо од Ред Бул. И вториот стартен ред е резервиран за возачот на Мерцедес Нико Розберг, но пред него ќе...

Продолжи со читање