Автор: инфодеск
Post Views: 75 Oд локалната самоуправа ги известуваат сите Тур – оператори и туристички водичи од Охрид дека автобуската постојка за туристи која беше лоцирана на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ кај факултетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од денес (13.07. 2023г.) се дислоцира на улица „Партизанска“ кај студентскиот дом „Никола Карев“.Од Општина Охрид, упатуваат апел до превозниците, автобуската постојка да се користи исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање на автобуси.
Павловден – Собор на светите 12 апостоли
Post Views: 57 Светата Православна Црква денот по Петровден му го посветила на Светителот Апостол Павле – Павловден.Светиот апостол Павле особено е значаен за Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера. Според тоа е смета дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и...
Тропски ден во Охрид со температура до 34 степени
Post Views: 58 Времето денеска во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.Утринската температура до 17 степени, додека пак дневната ќе се искачи до 34 степени.Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм за топлотен бран. Целата територија на Македонија е во портокалова фаза. Населението да се придржува за препораките за заштита на здравјето од високи температури.Сувото и стабилно време со високи температури ќе се задржи и во следните денови.
Волонтерите од Црвен крст Охрид делеа шишиња вода и мереа притисок на повозрасните граѓани
Post Views: 47 Mладите волонтери од Клуб на Млади на Црвен крст Охрид делеа флаери со совети за превенција од топлотен бран и шише вода.“Вниманието најмногу го насочија кон повозрасните лица и хронично болните кои се во поголем ризик во ова топло време на кои, покрај тоа што им беа дадени препораки за заштита од топлото време, им беше и измерен крвниот притисок. “. – велат од Црвен крст Охрид.Оттаму уште еднаш потсетуваат на препораките за заштита на здравјето во услови на високи температури.За време на најтоплиот период од денот (од 10 ч. до...
Започна асфалтирање на ул “Јордан Мијалков”
Post Views: 44 Денеска започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата „Јордан Мијалков“.“Во оваа фаза предвидено да се асфалтираат 400 метри со ширина од 5,5 до 6 метри. “- објави градоначалникот Пецаков на Фејсбук.Градежните активности ги изведува АД „Илинден“, а финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Злато, сребро, два бронзени медали и пофалници за македонската екипа на математичка олимпијада во Јапонија
Post Views: 49 На 64. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2.07-13.07.2023 година во Чиба, Јапонија – македонската репрезентација постигна одличен успех!На овој светски мегдан за извонредност македонската екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници.ДАМЈАН ДАВКОВ (златен медал; со освоени 32 поени)АЛЕКСИЈ ТАСИЌ (сребрен медал; со освоени 25 поени)НИКОЛА ЦВЕТАНОСКИ (бронзен медал; со освоени 23 поени)НИКОЛА...
Општина Струга забрани шетање по бикини и “гаќички” низ центарот на градот
Post Views: 98 Општина Струга забранува да се шета во централното градско подрачје по костим за капење, со објаснување дека тоа е во интерес на јавниот ред.“Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден.” – објавија од општината на официјалната фејсбук страна.Оттаму ги замолуваат сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на...
Градоначалникот Пецаков оствари средба со британскиот амбасадор Метју Лосон
Post Views: 84 Британскиот амбасадор Н.Е. Метју Лосон, денес, оствари официјална средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Ова е прва официјална посета на британскиот амбасадор на Охрид.На средбата соговорниците разговараа за предизвиците со кои се соочува Охрид. Градоначалникот Пецаков истакна дека како Локална самоуправа се подготвени за справување со истите и воедно паралелно реализирање на зацртаните проекти. Тој на амбасадорот му ги презентира тековните и проектите кои ќе се реализираат во наредниот период.Разговараа и за УНЕСКО и исполнувањето на...







