Автор: инфодеск
Post Views: 52 На вчерашната редовната седница, Владата, на предлог на Министерството за финансии утврди текстови на три предлози на закони, чиишто одредби се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право. Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.Со предлог измените и дополнувањата на Законот, како што е образложено од ресорното министерство, се следат измените на Директивата на Европската Унија со којашто се уредува данокот на додадена вредност. При тоа, во делот што се однесува на...
Владата со препораки за намалување на ризиците по здравјето на населението од топлотен бран
Post Views: 64 Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм според кој од утре, 13 јули 2023 година, државава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.Поради тоа, почнувајќи од утре, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на...
Неподнослива леснотија на „заминувањето“ – почина Милан Кундера
Post Views: 51 Во 94-та година од животот почина писателот Милан Кундера, соопшти јавниот сервис на Чешка. Роден е во Брно, но живеел во Франција од 1975 година. Кундера, пред сè, ќе остане запаметен по романите „Шега“ и „Неподносливата леснотија на постоењето“.„Книгата за смеата и заборавањето“ (1979) беше приказна напишана во седум дела која ја покажа моќта на тоталитарните режими да бришат делови од историјата и да создадат алтернативно минато. Неговото најпознато дело „Неподносливата леснотија на постоењето“ (1984), се фокусираше на Прашката пролет и нејзините...
Во Охрид функционира „Отворена библиотека“ 24 часа
Post Views: 62 Од денеска до почетокот на октомври повторно пред влезот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е отворено бесплатно книжевно катче, кое ќе функционира 24 часа.„Лани го имавме првото искуство од овој вид и охрабрени од позитивните реакции на домашните и странските туристи еве по втор пат се одлучивме да профункционира Отворената бесплатна библиотека.“ – велат од оваа Установа.Трезорот на библиотеката е богат со странска литература особено на англиски и германски јазик, но и на мноштво други јазици. Принципот е едноставен, гостите ќе можат да ...
Новото открите во изворите Св Наум ја потенцира потребата од заштита на уникатниот екосистем
Post Views: 48 Изворите Свети Наум во центарот на вниманието на домашната и светска научна јавност: откриени се два нови видови полжави.Ова фасцинантно, научно откритие повторно ја потврдува и изнесува на виделина извонредната биолошка разновидност со која се одликува овој уникатен еко систем, вели Константин Здравески, Соработник за алтернативни активности и проектен лидер- ЈУНП Галичица.Првиот од двата новооткрени видови полжави е именуван како Ancylusnaumiensis n. sp., вид кој за прв пат беше забележан во 1996 како “Ancylus sp. D“, но не беше потврдена...
Охрид од вечерва ќе живее со уметноста, започнува Фестивалот Охридско лето
Post Views: 59 Оперската дива Анџела Георгиу, заедно со Оркестарот на Националната опера и балет на Македонија и под диригентската палка на Чипријан Теодорашку од Романија, вечерва, во 21 часот на Античкиот театар во Охрид го отвора годинашното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“.Светски познатата сопранка Георгиу е уметница која ги полни најголемите сали низ светот, познатите „Карнеги хол“, „Метрополитен“. Георгиу важи за една од најгламурозните оперски ѕвезди на денешницата. Нејзиниот прекрасен глас ја прави сцената блескава секаде каде што настапува по...
Левица: Огласот беше за шанкови на плажи, но некои работат како ноќни клубови
Post Views: 83 Крајбрежјето повторно узурпирано од страна на финансиерите на предизборната кампања на градоначалникот на Охрид, обвинуваат од охридскиот огранок на Левица.„Охридското крајбрежје e повторно узурпирано и тоа спротивно на препораките на УНЕСКО. Покрај тоа што Владата гo усвои предлогот Охридското Езеро да биде заштитенo подрачје од трета категорија како споменик на природата и усвои информации за уредување на плажите и други зафати во градот што е во сериозна опасност да го изгуби статусот – град под заштита на УНЕСКО.“ – велат од партијата. ...
Општина Дебрца започна со изградба и реконструкција на патишта и улици во повеќе села
Post Views: 87 Општина Дебрца започна со реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици за 2023 година.Во рамките на програмата ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози.Во рамките на Програмата и проектот за поврзување на локални патишта, кој се спроведува преку Министерството за транспорт и врски и со финансиска поддршка на Светска Банка ќе се реконструира улица во село Волино, на потегот од мостот на...







