Автор: инфодеск
Post Views: 55 Организаторите на традиционалната културна манифестација „Галичка свадба“ денеска на прес-конференција ја претставија програмата на настанот, што ќе се одржи од 14 до 16 јули под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и со поддршка од Министерството за култура. Галички младенци на 60. издание на „Галичка свадба“ се Елисавета Булоска и Оливер Андреевски.„Галичка свадба е повеќе од обичен настан. Таа е вистинско патување низ времето, магичен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите што...
Градската плажа во Пештани ќе добие и детско игралиште
Post Views: 115 Во рамки на реализацијата на Градската плажа во Пештани, се гради и опремува со реквизити и детско игралиште.Денес, се работи на поставување на детските реквизити на детското игралиште на градската плажа во Пештани, објави на Фејсбук градоначалникот Пецаков.Изведувач на активностите е ЈП „Градски пазар“ и компанијата „Дион градител“.Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Предходно од крајбрежјето беа отстранети кајчињата и беше уредена плажата која ќе биде слободна за користење на пештанци и туристите.
32 возачи во Охрид казнети за непрописно престигнување
Post Views: 76 Министерството за внатрешни работи спроведува зајакнати акциски контроли на целата територијата на Македонија за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат при што санкционирани се 134 возачи. Од нив, 45 на територијата на СВР Охрид, 25 на територија на СВР Битола, 22 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Тетово.„На 10.07.2023 од 07.00 до 13.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 45 возачи кои на непрегледни места и онаму каде со сообраќаен знак е...
Преосветување на манастирскиот храм Пресвета Богородица Заумска – Трпејца
Post Views: 69 Македонската православна црква – Охридска архиепископија односно Дебарско – кичевската епархија Охрид, ги известува своите православни верници дека на ден 15. Јули 2023 година (сабота), ќе се изврши преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“ – Заум – Трпејца.8:00 утрена богослужба9:00 преосветување на манастирскиот храм „Пресвета Богородица Заумска“10:00 Света Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски, Плаошко-струшки и Администратор Австралиско – сиднејски...
Струга Трим Лум вечерва во Вилнус игра против Жалгирис
Post Views: 40 Македонскиот првак Струга Трим Лум во Вилнус (18 часот) ќе се соочи со Жалгирис во првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на Шампионите на УЕФА.Македонскиот првак вчера одржа тренинг на стадионот „ЛФФ“. Жалгирис е фаворит со искуство на вакви натпревари, а и теренот со вештачка трева им дава предност на домашните фудбалери.Но клубот кој постои нецела деценија има сериозни амбиции за влез во елитниот клупски фудбал.
Утре староградска пловидба со Ансамбл „Билјана“- „Ој љубов, љубов“
Post Views: 64 Староградска пловидба со Ансамбл „Билјана“ утре во рамките на програмата од 5-тото алтернативно културно-забавно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“.Уникатниот концерт на Ансамбл Билјана со пловидба по Охридското Езеро и изведба на староградски песни е насловен „Ој љубов, љубов“.„Збирно место КАНЕО од 17:30ч, во 18ч тргнување со кајчиња до Старо пристаниште (Островче), каде во 18:30ч ќе се пуштат сидрата и настанот може да биде посетен и од копно. Може да присуствува секој со сопствен пловен објект, исклучиво со ВЕСЛАЊЕ. Исто така, можете да изнајмите...
Во петок забава со К-2 Ѕвездичките на плоштадот кај Мини маркет
Post Views: 44 На 14-ти јули(петок) во 20:30 часот К-2 Ѕвездичките и водителот Ка Двојче ќе настапат на малото плоштадче “Мини маркет” со своите детски хитчиња.Концертот е дел од проектот за потикнување на авторска музика и трибјут за охридскиот бенд “Вентолин”.Настанот е поддржан од Сектор за култура – Општина Охрид и Витаминка.
ЦЈЗ ги потсетува граѓаните на препораките за заштита од топлотен бран
Post Views: 42 Топлотниот бран и високите температури кои го зафатија нашиот повод Центарот за јавно здравје да ги потсети граѓаните на општите препораки за заштита од топлотен бран. Воедно од Центарот апелираат за сериозно почитување и придржување кон истите.За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 10:00-17:00часот. Неопходните работи завршувајте ги пред 10:00 часот или после 17:00 часот.За време на топлотен бран во периодот од 10:00-17:00часот, да се избегнуваат напорни физички активности,...







