Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево и топло време со температура до 30 степени

Post Views: 50 Денеска во Охрид сончево и топло време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 30 степени. UV=9Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Продолжи со читање

Полиција

Казнети 15 лица кои во Охрид возеле под дејство на алкохол

Post Views: 50 На 09.07.2023 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале и од сообраќај исклучиле 15 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол и 72 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга – 41, Кичево – 29 и Дебар – 02), информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Одземени 126 мрежи, 219 парчиња риба, уапсени две лица за рибокрадство во мај и јуни

Post Views: 47 Во текот на мај и јуни 2023 година, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” при Регионален центар за гранични работи „Запад”, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Езеро и на копно, реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит риболов.„Притоа, полициските службеници во водите на езерото пронајдоа и одзедоа 126 рибарски мрежи во должина од 2800 метри, со 219...

Продолжи со читање

Нато спот

Охридски гимназијалци во видео спот на НАТО за подигнување на еколошката свест

Post Views: 43 НАТО објави видео спот за покренување на свеста за еколошките проблеми и климатските промени во која учесници се и ученици од ОСУ „ Св Климент Охридски“ Охрид, кои беа наградени за нивниот проект за покренување на еколошката свест под менторство на проф. Марија Чанова.Меѓународниот воен совет за клима и безбедност (IMCCS) со поддршка од мисијата на САД во НАТО ги повика младите луѓе низ Арктикот, Медитеранот, Источна Европа и пошироко да ги споделат своите лични приказни за влијанијата на климатските промени во нивните заедници.На видеото, младите...

Продолжи со читање

Основен суд Струга

Судењето за родилката од Дебар се враќа на почеток, судијата и обвинителот заминуваат во пензија

Post Views: 51 Повторно одложено судското рочиште за родилката од Дебар, Јилдз Веапоска, која при породување во 2020 година во струшката болница,  остана без три органи:  бубрег, матка и јајник.  На денешното рочиште требаше да сведочи вештак од Клиниката за гинекологија и акушерство  но тој не дојде поради годишен одмор.Веапоска видно вознемирена  и разочарана, рече нема никакви очекувања од струшкиот суд но најави дека нема да се откаже од правда.„Јас правдата колку години ќе ја барам, бидејќи сум физички оштетена а овде во ходниците судски и психички ќе се...

Продолжи со читање

Точење на гориво

Поскапува дизелот

Post Views: 49 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 0,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 70 денари за литар.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82 денара за литар.За 0,755 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини...

Продолжи со читање

топлотен бран

Од среда портокалова фаза

Post Views: 50 Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата.Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР.Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.

Продолжи со читање

Градскиот базен од денес отворен за користење

Post Views: 89 Од денес 10 јули градскиот базен “Атина Бојаџи” е отворен за користење, известуваат од ЈП “Билјанини Извори”.Рекреативното користење на базените е од 13 – 19 часот додека утринските часови и дел на попладневните часови се резервирани за пливачките школи. Дневниот билет за рекреативно користење е 100 денари.

Продолжи со читање