Skip to main content

Автор: инфодеск

Пријавувањето на спорните гласачи е со рок до 19 август

Post Views: 250 Државната изборна комисија соопшти дека во првите четири дена од пријавувањето, до вчера до 13 часот се пријавиле вкупно 397 граѓани за кои има несовпаѓања на податоците во Избирачкиот список. На списокот се 39.502 спорни гласачи, кои до 19 август треба сами да се пријават за да се регистрираат за гласање. „Од овие 397, 86 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 311 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, соопшти ДИК. Најмногу...

Продолжи со читање

Европскиот шампион во Скопје

Post Views: 268 Утре во Скопје пристигнува делегацијата на актуелниот европски шампион Хамбург, противник на македонскиот првак во осминафиналето од Лигата на шампионите. Екипата која беше најуспешна во групата “Д“ од претходната фаза во ЛШ, во која освои 18 бода, најмногу од сите 24 клубови во досегашната сезона. Хамбург имаше 9 победи, што не го постигна ниту една екипа во сите 4 групи, во кои забележа 5 победи на домашен, и 4 на гостински терен. По двапати ги поразија Словенечкиот Горење Велење, Алборг од Данска, Натурхаус Ла Риоха од Шпанија и Дрот Халмштад од Шведска, а...

Продолжи со читање

Исламска држава протерана од турско-сириската граница

Post Views: 234 Турската војска и сириските бунтовници што ги поддржува Турција ги протерале милитантите на Исламската држава од последниот дел на територијата која ја контролираше ИД по должината на сириско турската граница, пренесе новинската агенција Анадолија. Во неделата вечерта опозициска Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, повикувајќи се на свои активисти на теренот, објави дека Исламската држава ја загубила и последната своја територија кај сириско-турската граница која ја освоиле сириските бунтовници со поддршка на турските оклопни...

Продолжи со читање

Квалитетот на живеење во Македонија на последно место во Европа

Post Views: 268 Консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп во својот извештај за 2016 година ја рангира Македонија на последното место според одржливиот квалитет на живеење. Одржливиот квалитет на живот се мери со 44 различни индикатори, меѓу кои се: БДП по глава на жител, стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата и слободата на печатот. Македонија е најлоша во...

Продолжи со читање

Скандал во Лигата на шампиони

Post Views: 289 Зенит победи со 2-1 во возвратниот натпревар во осмина финалето од Лигата на шампиони, но тоа не беше доволно за да одат понатаму. Борусија славеше во С.Петерсбург со 4-2 и на својот стадион, иако поразени го потврдија пласманот во четвртина финалето. На синоќешниот натпревар од Лигата на шампиони во Дортмунд, навивачите на Зенит се потрудија да фрлат сенка врз своите фудбалери и на се што се однесува на фудбалот. Дортмунд вчера вечер го посетиле и руски хулигани. Тие од Зенит се едни од најпознатите, а оваа сезона веќе правеле нереди и вон стадионите на...

Продолжи со читање

LG претстави паметен ладилник со Windows 10

Post Views: 227 LG на овогодинешниот саем за потрошувачка електроника (IFA) во Берлин претстави паметен ладилник со оперативен систем Windows 10. Овој прототип претставува ладилник на чија врата се наоѓа голем функционален таблет со дијагонала 68,6 цм и е опремен со Intel Atom процесор. Овој ладилник овозможува сурфање на интернет, играње игри, инсталирање на апликации, слушање музика, гледање филмови, а Cortran овозможува консултации за рецепти со храната која се наоѓа во ладилникот. Единствениот примерок е оној кој се наоѓа во халата на саемот, а тие кои го испробале велат...

Продолжи со читање

Почнува да тече рокот за пријавување на спорните гласачи

Post Views: 238 Државната изборна комисија денес ќе ги објави имињата на сите 39.502 спорни записи од Избирачкиот список и ќе остави 25 дена овие гласачи да го докажат со валиден документ своето избирачко право. За да бидат повторно запишани во Избирачкиот список, треба овие идентитети дополнително да се пријават, лично во ДИК или преку електронска пријава.Идентитетот на граѓаните ќе се утврдува со лична карта или со патна исправа. При електронско пријавување, секој граѓанин преку пријава од апликацијата на ДИК, со матичен број и скениран личен документ, од кој ќе може да се...

Продолжи со читање

Уште еден скандал во Барселона

Post Views: 325 Шпанските правосудни органи покренале истрага за уште еден трансфер во Барселона, за сегашен играч на Атлетико Мадрид. Се работи за Давид Виља од Валенсија во Барселона во 2010 година. Спрема пишувањата во шпанскиот дневник “El Pais”, правосудните органи на Шпанија, ги побарале од La Liga сите документи поврзани за тој трансфер а по повод тужбата од адвокатот на акционерот во Валенсија, Алексис Санчиз. “Тој договор содржи некои чудни ставки”, изјавил Санчиз, кој тврди дека Виља е платен повеќе од она што е службено објавено. Како што рекол, спрема зборовите на екс...

Продолжи со читање

Тежок удар за Samsung пред претставувањето на новиот iPhone

Post Views: 211 Samsung Electronics го разгледува повлекувањето на својот најнов модел со кој се гордееа, мобилниот телефон Galaxy Note 7, поради проблеми со палење на батеријата, откриваат упатени извори од Reuters. Спрема наводите на корејската агенција Yonhap News, компанијата ќе објави глобално повлекување на овој мобилен телефон на конференција за новинари во 17 часот по локално време. Да потсетиме, Samsung сметаше дека Galaxy Note 7  ќе го продолжи започнатото опоравување на работењето на компанијата која би требало да забележи по прв пат добивка по три години. ...

Продолжи со читање

Регулаторната комисија за енергетика ги објави старо-новите цени на горивата

Post Views: 236 Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се намалува во просек за 1.2 %. Тоа значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе чини 61 односно 63 денари. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 1,00ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.07.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00...

Продолжи со читање

Бунт во формула 1

Post Views: 264 Првата трка во новата сезона на Формула 1, големата награда за Австралија минатиот викенд, не донесе успех, ни приближно, каков што организаторите очекуваа. Ron Walker, претседателот на австралиската ГранПри корпорација и долгогодишен сојузник на шефот на Ф1 Bernie Eccleston, најавил можна жалба поради кршење на договорот. Имено, болидите по промената на моторите од V8 на V6 звучеле повеќе како картинг автомобили, а не како класични Ф1 болиди кои возат и преку 350 км на час. “Не плативме да го гледаме ова! Сите промотори ширум светот ќе се жалат. Ова беше...

Продолжи со читање

Ноќта во Италија помина со нови 57 помали потреси

Post Views: 228 Италија продолжи да се тресе во подрачјето на големиот земјотрес и ноќта помеѓу четврток и петок каде беа урнати неколку села, а спасувачите сеуште трагаат по преживеани. Според националниот центар за земјотреси за време на ноќта се забележани 57 помали земјотреси, меѓу кои најсилни биле тие околу полноќ со интензитет од 3 до 3,8 степени, а од средата досега се забележани повеќе од 900 тресења на тлото. Спрема најновите податоци на цивилната заштита од четвртокот навечер, во земјотресот загинале најмалку 250 лица, а 365 се повредени. Властите сеуште не можат...

Продолжи со читање