Автор: инфодеск
Post Views: 62 Над 25 семејни дестилерии со преку 50 домашни ракии, вињаци, ликери и вкусни деликатеси, викендов се претставија на првиот Ракија базар што се одржа во Охрид. Во автентичниот амбиент кај месноста Долна Порта посетителите уживаа во староградска музика, храна и прочуениот македонски пијалок.Традицијата за правење ракија во земјава постои со векови. Најпрво се правела само од грозје, а денес и од други видови овошје.„Решивме овој настан за прв пат да го организираме токму во Охрид за да можат не само нашите домашни гости туку и странските туристида се...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 46 Во Охрид денес претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.Следува период на стабилно и суво време. Од утре температурата насекаде ќе биде во значителен пораст, особено од средината на неделата.
Приведен жител на Лескоец баран за издржување казна затвор
Post Views: 52 На 7-ми јули 2023 година, во 09:30 часот во СВР Охрид е приведен Р.Т. (65) од охридското село Лескоец.Од МВР информираат дека тој се барал врз основа на наредба од Основниот суд во Охрид за издржување казна затвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор-Струга“ за издржување на казната.
Денеска од 16 часот кај Долна Порта прв Ракија базар
Post Views: 64 Денеска од 16 часот кај Долна Порта ќе се одржи првиот „Ракија базар“ во Охрид во организација на здружението Македонски Дестилерии.Најавено е учество на над 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери…Сите излагачи – дестилерии се регистрирани во регистерот на производители.Со оглед дека голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии, предвидена е дегустација и на вина.Настанот е поддржан и од Slow Food Ohrid.На базарот посетителите ќе имаат можност да вкусат деликатеси изработени со многу љубов...
Љубовта на охриѓанката Елисавета и галичанецот Оливер ќе се слави на Галичка свадба
Post Views: 77 Од 14-ти до 16-ти јули ќе се одржи Галичката свадба. Манифестацијата која ја слави традицијата и љубовта годинава одбележува 60-годишен јубилеј. Галичник е прекрасен е во секој период од годината, но најубаво ќе го доживеете за време на Галичката свадба.Кој бил – знае, кој не бил – ќе се покае доколку не го стори тоа набрзо. Галичката свадба се одржува секоја година околу Петровден. Богата е со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали: пиштењето на зурлите, чукањето на тапаните, свекрвиното оро, носењето на невестата на...
Во завршна фаза е воспоставувањето на едношалтерски систем на Ќафасан
Post Views: 51 Директорите на македонската и албанската Царинска управа извршија увид на граничниот премин Ќафасан, во однос на воспоставувањето едношалтерски ситем – заеднички контроли. Проектот е во завршна фаза, граничните формалности со едно застанување ќе значат олеснување на трговијата, транспортот и протокот на патници.На Ќафасан е веќе воспоставена приоритетна лента за сите товарни возила од земјите од Отворен Балкан.„Во моментов во царинската управа во подготовка се проекти за зголемување на бројот на сообраќајни ленти и автоматизација на...
Сончево време со температура до 28 степени
Post Views: 68 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). UV=8Во Охрид сончево со слаб до умерен ветер. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 28 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и суво време. Од понеделник температурата насекаде ќе биде во значителен пораст.
Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари
Post Views: 55 На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.Од ССМ велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени. За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19 805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13. 416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3. 720 денари, а за хигиена 3. 252 денари.







