Skip to main content

Автор: инфодеск

Се повреди малолетник при скок од малото пристаниште

Post Views: 157 На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди се здобил 15 годишно малолетно лице од Скопје. Истиот, со возило од Итната медицинска помош е префрлен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде, биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

На 16-ти август ќе се одржи Охридски вински салон 2025 – „Над Езерото“

Post Views: 303 Во сабота, на 16-ти август 2025 година по втор пат ќе се одржи винскиот настан – „Над Езерото“ – Охридски вински салон 2025.Канео Ресторан како промотор на винската култура, повторно ги сплотува сите најзначајни македонски винарии и дестилерии и го доближува македонскиот вински идентитет на домашната и странската публика. Настанот е наменет за сите љубители на вино, и претставници на ХОРЕКА секторот, кои ќе имаат можност за дегустација, едукација и размена на контакти.Покрај македонските винарии и дестилерии на настанот ќе земат учество македонските локални...

Продолжи со читање

Oтворена изложбата на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена “Нурни во мене“ во Куќата на Робевци

Post Views: 193 Oтворена самостојната изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена “Нурни во мене“ во Куќата на Робевци.После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во и Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а од 01 август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид.Изложбата го носи насловот Нурни во мене’’,а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска , виш кустос при Националната Галерија од Скопје. Критички...

Продолжи со читање

Петар Цеков и Сара Јанковиќ беа најбрзи на 46. издание на Илинденскиот пливачки маратон

Post Views: 297 Петар Цеков од ПК „Вардар 2018“ од Скопје во машка и Сара Јанковиќ од ПК „Скопје“ во женска беа најбрзи на 46. издание на Илинденскиот пливачки маратон, што во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид, се одржа на празникот Илинден.Во категорија на пливачи 16+, Цеков патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид ја мина со време 28.04.16 минути пред Евгениј Поп Ацев од ПК Вардар 2018 (29.30.02м.) и Теодор Тасевски исто така од ПК Вардар 2018 (35.10.12м.).Сара Јанковиќ беше најбрза во женска конкуренција со време од 30.44.12...

Продолжи со читање

Голем број охриѓани и туристи го искористија бесплатниот скрининг за детектирање на болести на црн дроб

Post Views: 245 Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, по повод Светски ден за борба против хепатитисот, спроведуваат заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.По тој повод, синоќа на градскиот плоштад во Охрид беше поставена мобилна единица каде голем број охриѓани и гости ја искористија можноста за бесплатно и анонимно тестирање за навремено детектирање на болести на црн...

Продолжи со читање

Во чест на големиот празник, синоќа во Велгошти се одржа манифестацијата „Ноќ спроти Илинден“

Post Views: 164 Синоќа, пред спомен обележјето на Илинденците во селото Велгошти, се одржа културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“ како дел од програмата за одбележување на големиот празник Илинден.Ноќва спроти Илинден гордо со крената глава славиме за македонскиот непокор за слобода и државност. Илинден е празник кој врзува две епопеи и еден идеал, за слободна и независна Македонија. Синови и ќерки се бореа сонот за слободна Македонија да стане јаве. Двата Илиндена 1903 и 1944 година се темелите на македонската држава, јазик и идентитет, истакна во своето обраќање...

Продолжи со читање

„Принцезата Ксенија од Црна Гора“ наместо во предворјето на Света Софија ќе се одржи во ЦК „Григор Прличев“

Post Views: 187 Поради лошите временски услови на почетокот од следната недела, проследени со краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, театарската претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ на Црногорскиот народен театар од Подгорица наместо во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 5 август со почеток во 21 часот.Претставата што е дел од годинашниот драмски репертоар на „Охридско лето“ е во режија и адаптација на Радмила Војводиќ. Драматург е Божо Копривница, сценографијата е на Марија Калабиќ, а...

Продолжи со читање

Пикот на сезоната или за охриѓани познат како „издржете“

Post Views: 167 Охрид го живее шпицот на сезоната, а деновите кои престојат се до 15 август се очекува наплив на гости. Околу Илинден кулминираат проблемите кои на лето го отежнуваат нормалното функционирање на градот. Градоначалникот Кирил Пецаков вели дека општината е подготвена за предзивиците кои следат.„ Сите институции, вклучувајќи ги јавните претпријатија и локалната самоуправа се спремни за она што претставува пик на туристичката сезона или деновите со најголем број туристи околу 2 август. Предизвиците постојат, посебно околу менаџирањето со отпадот, се случува...

Продолжи со читање

Адреналин уште од старт – ѓубре, ризик, разочараност и срам

Post Views: 690 Адреналинскиот парк, кој се наоѓа кај поранешната Касарна, а кој инаку требаше да прерасне во најголемиот рекреативно-авантуристички парк во Југоисточна Европа, охриѓани знаат дека полека но сигурно се распаѓа. Денес, и странците знаат дека имаме еден и единствен неотворен адреналински парк, но за жал уште од самиот влез единствен адреналин кој го чувствуваат е срамот, проследен со ѓубре, ризик и разочараност.-Денеска сакавме да одиме во голф клубот, моравме да поминеме низ патчето кое води до таму, се разочаравме многу бидејќи гледавме...

Продолжи со читање

Охридско лето во престижен турски театарски весник

Post Views: 166 Познатиот новинар Назиф Услу во престижниот турски печат „Театарски весник“ пишува за успесите и историјатот на Фестивалот „Охридско лето“ кој 65 години е успешна фестивалска сцена на која има уметници од целиот свет како и за квалитетната програма на годинешното јубилејно издание.Посебно воодушевен од условите и самата организација на Фестивалот но и од гостопримството вели дека „Охридско лето“ е редок пример каде се гради модерен, инклузивен систем, а Охрид е град каде што цветаат културата и уметноста преку цела година.„Ова место, каде што животот...

Продолжи со читање

Јавен повик за најдобро решение за мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид

Post Views: 178 Општина Охрид објави јавен повик за финансиска поддршка за изработка на мобилна апликација за туристичка промоција Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за поддршка на три првоизбрани тимови за најдобро решение за изработка на дигитални алатки – мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид.Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавување на веб страната на општина Охрид.Информации за јавниот повик ТУКА.

Продолжи со читање

Oтворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“, приредена од Македонското грбословно друштво

Post Views: 161 Во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 2. Август – Денот на Републиката, вчеравачер во Музејско-културниот центар „Лапидариум“, беше отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“, приредена од Македонското грбословно друштво.На свеченото отворање на изложбата во името на Општина Охрид се обрати, Ана Крстеска, заменик градоначалник.–Чест ни е што Охрид како домаќин е дел од оваа поставка со своите главни симболи, изработени со професионална помош и стручна поддршка токму од Македонското грбословно друштво. Општина Охрид...

Продолжи со читање