Skip to main content

Автор: инфодеск

Во четврток ќе се врши дезинсекција против комарци во Вевчани

Views: 223 Општина Вевчани ги известува граѓаните дека на 30 јули 2026 година (четврток), со почеток во 22:00 часот, ќе се спроведе дезинсекција на возрасни комарци од земја на повеќе локации низ општината.Акцијата ќе ги опфати: околината на Вевчанските извори, по течението на Вевчанска Река, Таложник (околу пречистителната станица), околу вештачкото езеро Јанков Камен, локалната улица „Стружанка – Здравствен дом – Средсело“, локалната улица „Стружанка – Средсело – Вевчански Извори“, локалната улица „Бералиште – Даскалој – Чочорој“,...

Продолжи со читање

Сo доделување на наградите спуштена завесата на деветтиот Beach Film Festival – Охрид

Views: 274 Деветтото издание на Beach Film Festival – Охрид беше затворено синоќа на плажата Славија, во амбиент што повторно го потврди она по што овој фестивал стана препознатлив – филмот доживеан под отворено небо, со езерото како природна сценографија.Завршната вечер ја отвори краткиот филм „Silent Cinema“ на Крсте Господиновски, кој публиката ја врати кон изворите на филмскиот јазик, проследен со краткиот „Ordinary Hero“ на Јован Цветкоски. Вечерта кулминираше со „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска – документарецот што ја носи приказната за земјоделецот Никола и...

Продолжи со читање

Хепатитис

Одложена превентивната акција во Охрид по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот

Views: 176 Здружението „ХЕПАР Центар“ – Битола и Здружението „Ретко е да си редок“ – Охрид информираат дека планираната мобилна превентивна акција по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот е одложена.Настанот требаше да се одржи вечерва, на Градскиот плоштад во Охрид, каде беше планирано бесплатно и анонимно да се прават прегледи и тестирања насочени кон рано откривање на вирусниот хепатитис.Одлуката за одложување, според соопштението од организаторите, е донесена со цел целосно почитување на стручните препораки, важечките прописи и координацијата со...

Продолжи со читање

Прекин вода

Утрово прекин во водоснабдувањето во село Долно Лакочереј

Views: 179 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од с.Долно Лакочереј .Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санацијата.

Продолжи со читање

Виртуозна изведба на Исата Кане-Мејсон на традиционалната „Британска вечер“

Views: 227 Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“.Една од најистакнатите пијанистки на својата генерација, Кане-Мејсон уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја публиката со виртуозна техника, музикалност и исклучителна уметничка зрелост.Со внимателно избраната програма, Исата Кане-Мејсон ја покажа својата врвна пијанистичка техника и длабока...

Продолжи со читање

Почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски

Views: 246 Македонската културна јавност денеска остана без едно од своите најпрепознатливи актерски имиња. Почина легендарниот актер Гоце Тодоровски, доајен на македонското глумиште, кој со својата харизма, неповторлив талент и безброј незаборавни улоги остави неизбришлива трага во театарот, телевизијата и филмот.Тодоровски повеќе од пет децении беше синоним за врвна актерска игра. Со својот специфичен хумор, непосредност и автентичен сценски израз освои генерации гледачи, а неговите реплики и ликови станаа дел од колективната меморија на македонската публика.Во текот на својата...

Продолжи со читање

Светиот апостол Акила

Views: 177 Еден од седумдесетте апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена му Прискила. Кога царот Клавдиј нареди да се протераат Евреите од Рим и од Италија, тогаш Акила се пресели во Коринт, каде што првпат го запозна апостолот Павле, кој остана во неговиот дом една и пол година и го крсти него и жена му. Горејќи од ревност за верата Христова Акила и Прискила го придружуваа Павле во Ефес и му помагаа во апостолското дело. Од Ефес Павле го напиша своето Прво послание до Коринтјаните, во кое при крајот вели: „Ве поздравуваат многу Акила и Прискила со својата домашна црква“...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно со сончеви периоди, можно краткотрајно невреме

Views: 156 Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен западен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град.Температурите во Охрид денс во интервал од 14 до 27 степени Целзиусови.

Продолжи со читање