Skip to main content

Автор: инфодеск

Блогер

(видео) ТАВ Македонија ангажира познат српски блогер да го промовира Охрид

Post Views: 56 ТАВ Македонија, со поддршка на Air Serbia, го пречека и беше домаќин на српскиот блогер за патувања Putuj.rs, со цел промоција на Охрид и Охридското Езеро како дестинациja за патување кај граѓаните од соседна Србија, кои од 19 јуни можат да пристигнат во Охрид за помалку од 1,5 час, со летовите на Ер Србија на обновената линија Белград-Охрид, која сообраќа 4 пати неделно.Српскиот блогер за патувања Милош Петровиќ пристигна на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид со првиот обновен  лет на релација Белград – Охрид, на 19 јуни, а за време на неговиот 5-дневен...

Продолжи со читање

Општина Охрид

Забраната е на сила, се вршат само неопходни санации на инфраструктурата

Post Views: 72 Градежните зафати на ул „Даме Груев“ , за кои реагираа граѓани преку рубриката ТиСиТвојотГрад се изведуваат по налог на Општина Охрид со цел санација на коловозот.На потегот предходно била изведувана канализациона линија поради проблеми со запушување. Откако коловозот бил вратен во првобитна состојба по зафатот на канализационата мрежа, се појавила потреба од дополнителна интервенција на асфалтот.Од Општина Охрид посочуваат дека Одлуката на градскиот Совет за забрана на градежни работи во централното подрачје во периодот од 1 јули до 1 септември е на сила...

Продолжи со читање

ул 7 ноември

Охриѓанец со возило удрил во пешак и три паркирани возила на ул „7 ноември“

Post Views: 47 На 07.07.2023 година во 04.20 часот, на улицата „7 ноември” во Охрид патничко возило „форд фокус” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Охрид удрило во пешак И.К.(41) од Охрид, паркирани патнички возила „фиат пунто” и „волво” со охридски регистарски ознаки и „мазда 5″ со српски национални ознаки. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот А.К. со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, информираат од СВР Охрид.По наредба на јавен обвинител, увид извршија...

Продолжи со читање

Нега на стари лица

Црвен Крст обучи уште 7 лица за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост

Post Views: 62 Заврши и четвртиот циклус од обуките за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост на Црвен крст Охрид.На крајот од овој четврти циклус доделени се сертификати на 7 лица кои во месеците мај и јуни ја следеа обуката за негувател/ка на стари лица и лица со попреченост и истата успешно ја завршија.„Лицата кои ја завршија обуката ќе имаат можност да бидат вклучени во Нега центар при Црвен крст Охрид, социјален сервис кој ја нуди социјалната услуга помош и нега во домот на стари лица над 65 години, лица со намален функционален капацитет и на лица со...

Продолжи со читање

Свр Охрид

Полицијата пронашла пиштол кај жител на струшко Тефериќ

Post Views: 52 На  06.07.2023 година во  18.40 часот, во ОВР Струга приведен е О.Е.(21) од струшкото село Тефериќ.„При контрола на патничко возило „Мерцедес” со струшки регистарски ознаки што тој го управувал, претходно извршена на регионалниот пат Струга-Дебар, кај месноста „Моројшки мост”,  полициските службеници од инспекторатот за борба против дрога и оружје, кај него пронајдоа и одзедоа еден пиштол и една рамка за пиштол, што нелегално ги поседувал.„ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.По целосно документирање на настанот за...

Продолжи со читање

нови клупи и столчиња

Општина Охрид го опреми ОУ „Христо Узунов“ со нови клупи и столчиња

Post Views: 80 Во насока на подобрување на условите за одвивање на наставниот процес, Општина Охрид набави нови клупи и столчиња за ОУ „Христо Узунов“.Со нови клупи и столчиња опремени се 13 училници, а вредноста на инвестицијата е околу 1 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.„Продолжуваме и понатака во исполнување на нашата цел, а тоа е издигнување на воспитно – образовниот процес на повисоко ниво.“ – напиша градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков во објавата на Фејсбук.

Продолжи со читање

Освежи се

Ова лето ОСВЕЖИ СЕ со ТВМ и МИСА

Post Views: 50 Вредносни ваучери цело лето !Од понеделник 10-ти јули започнува летно дарување со ТВМ ТелевизијА и ланецот маркети МИСА.Секоја недела ќе доделуваме вредносен ваучер од 1.000 денари кој добитниците ќе го реализираат во најснабдените маркети МИСА.Доделувањето на ваучерите ќе се одвива преку социјалните мрежи Facebook и Instagram на профилите на ТВМ Телевизија. Затоа лајкнете ги и заследете ги страните на ТВМ и Миса Маркети и бидете во тек.Правилата за учество ќе бидат објавени во понеделник на 10.07.2023г. заедно со првото доделување на...

Продолжи со читање

Дебрца штети

Продолжен рокот за поднесување барања за обесштетување од невремето во Дебрца

Post Views: 47 Со цел да се излезе во пресрет на барањата на земјоделците се известуваат дека рокот за поднесување на пријави на штетите на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општина Дебрца  на ден 24 Јуни 2023 година  се продолжува  до 14.07.2023 година, информираат од општината.Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури во Дебрца | Портал ТВМ (tvm.mk)

Продолжи со читање