Автор: инфодеск
Post Views: 266 Веќе два месеца по страшната несреќа на Михаел Шумахер, од која тешко се опоравува и лежи во кома во болницата во Гренобл, во саботата стигна уште една вест за несреќа на скијање во која е инволвиран уште еден прославен Ф1 возач, Герхард Бергер. Исто како и Шумахер, Бергер важи за многу добар скијач, но во саботата во австрискиот Тирол доживеал несреќа. Имено, спрема извештаите кои стигнале од патеката, Бергер скијал на многу опасен дел каде на момент изгубил контрола и при голема брзина удрил во бетонска ограда. На сета среќа не удрил со глава, но останал да лежи...
Терористички напад на свадба во Турција
Post Views: 245 Најмалку 30 лица се убиени, а околу 100 се ранети откако бомбаш самоубиец се разнесе на свадба на отворено во југоисточниот турски град Газиантеп, соопшти регионалниот гувернер, a пренесува BBC.Гувернерот на Газиантеп Али Јерликаја за агенцијата „Anadolu News“ изјави дека се работи за терористички напад. Експлозијата се случила за време на свадбена веселба на која имало многу луѓе. Се уште уште никој нема преземено одговорност на нападот.Минатата недела во мнозинскиот курдски југоисток на Турција повторно е забележан бран на насилства. Во низата бомбашки напади...
Хајндл: Договор мора да има пред летните одмори
Post Views: 242 Германскиот пратеник Јоханес Хајндл на поединечни средби ги слушна позициите на потписниците на Договорот од Пржино. СДСМ инсистира на прецизирање конкретни чекори за исполнување на условите за предвремени избори. Лидерот на опозицијата Зоран Заев посочил дека во следните денови е можен договор за избирачкиот список и за медиумите.Во ВМРО ДПМНЕ, Хајндл не беше пречекан од Никола Груевски туку од партиска делегација. За владеачката партија изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на кризата, но тоа треба да биде без неосновано...
Во Барселона хаос
Post Views: 276 „Се случува нешто што беше незамисливо на почетокот на сезоната, кога се чинеше дека на клубот му цветаат рози. Тогаш со доаѓањето на најголемиот талент на планетата, Нејмар, во клубот завладеа апсолутна самодоверба. Управата вети дека ќе ги врати сите долгови на претходникот…Само шест месеци подоцна, колата тргна надолу“, се вели во авторскиот текст на шпанска Марка. Како што се нагласува, каталонскиот клуб сега е потполно конфузен и над се неспособен да разбере кои се причините кои доведоа до кризата, а уште помалку начините кои би ја разрешиле кризата....
Експлозија на автомобил бомба во Турција
Post Views: 227 Три лица загинаа, а над 40 се ранети во експлозија на автомобил бомба крај полициска станица во источната турска провинција Ван, на самата граница со Иран, јави CNN, цитирајќи ја изјавата на гувернерот на провинцијата за турската државна телевизија TRT.Премиерот Бинали Јилдерим во живо на телевизијата изјави дека имало напад врз полициска станица во Ван, но не даде повеќе детали за инцидентот. Се уште никој не ја презеде одговорноста за овој терористички напад, но курдските екстремисти често пати напаѓаат полициски станици и други објекти на безбедносните сили...
Посредникот Хајндл повторно во Скопје
Post Views: 239 Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, денеска треба да пристигне во Скопје и да се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. „Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, Амбасадорот Хајндл одново ќе разговара со партиите- потписнички на Пржинскиот договор како и со претставници на меѓународната заедница“, пишува во соопштението од амбасадата. Хајндл во Скопје ќе престојува два дена. При неговата последна посета на 8 јуни, Хајндл...
Најголемиот тренер се враќа во НБА?
Post Views: 261 Спрема извештаите на ESPN, легендарниот кошаркарски тренер Фил Џексон е спремен за враќање во НБА лигата. Џексон како тренер освоил дури 11 наслови НБА првак, шест со Чикаго и пет со Лејкерси. Последен пат работеше во сезоната 2010/2011, а оттогаш се одмараше и ги решаваше здравствените проблеми. Сега е потполно здрав, тврди ESPN, и спремен за враќање на работа, било како тренер, било во канцелариите на некој клуб. Канцелариската работа би му била прв избор, но не би имал ништо против да се врати и како тренер. Џексон веќе имаше прилика да седне на клупата на...
Pokemon Go влегува и во политиката
Post Views: 230 Ако се за верување анкетите, а во случајот на Исланд се покажале точни, Пиратската партија на следните ибори ќе формира влада. Многумина од аналитичарите се сложуваат дека партијата која се залага, помеѓу другото, за легализација на дрогата и давање азил на Едвард Сноуден кој го откри шпијунирањето на американските граѓани, ќе освои помеѓу 18 и 20 места во парламентот на изборите во октомври. Спрема анкетите, тие се прва партија во државата со повеќе од 28% поддршка од граѓаните, а потоа следи конзервативната партија за независнот. Невообичаен предлог на...
Европската комисија ги крати ИПА-фондовите за Македонија
Post Views: 233 Европска комисија одлучила да скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, јавува „Алсат М“. Европска комисија ја известила македонската Влада, а според информациите на овој медиум планирано е кратење и на останатите 50 милиони евра од ИПА-фондовите. Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврди дека води истрага за злоупотреба на средствата од ИПА-фондовите во Македонија. Отаму додаваат дека додека трае истрагата, не можат да говорат за детални информации за тоа, за колкави суми се води...
Цените летаат до небо
Post Views: 240 Пред две години како слободен играч преминал од Манчестер Јунајтед во Јувентус каде многу брзо се потврди дека Погба (20) е еден од најталентираните играчи за врска во светот. На него фрлија око многу клубови кои имаат повеќе пари од старата дама така што челниците на Јувентус во тек на летото би можеле да дојдат во искушение. Gazzeta dello Sport пишува дека претседателот на Јувентус Андреа Ањели бил во Париз каде се состанал со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келафи. Арапскиот тајкун при средбата понудил за Погба дури 70 милиони евра отштета. Меѓутоа, како што...
“Brexit” би можел да биде одложен
Post Views: 237 Владата на британската премиерка Тереза Меј известила дека има намера да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор на почетокот на 2017 година. Примената на членот отвора период од преговори од две години по што одредена членка ја напушта унијата. Ако членот се примени на почетокот на 2017 година нејзиното излегување од ЕУ ќе биде на почетокот на 2019 година, појаснува АFP. Но, Sunday Times пишува дека британските министри ги предупредиле официјалните лица од финансискиот сектор City дека примената на членот 50 може да се отствари дури кон крајот на 2017...
Германскиот посредник Хајндл во среда во Скопје
Post Views: 241 Германскиот посредник за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, в среда ќе допатува во Скопје, потврдија од Амбасадата на Германија во Скопје. Засега не се откриваат детали од посетата на Хајндл. Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, ќе ја посети Македонија, но во моментов нема потврда за нејзиното доаѓање. Во опција се два термина, 6 јули, што се совпаѓа со посетата на Хајндл, и 10 јули, односно по завршувањето на самитот на НАТО во Варшава. Не се знае дали Хајндл ќе...