Автор: инфодеск
Post Views: 227 Турција издаде потерница по поранешната фудбалска ѕвезда Хакан Шукур во рамките на истрагата за обидот за државен удар, објавија странските медиуми. Турските власти го поврзуваат Хакан Шукур со Фејтулах Ѓулен кој се наоѓа во егзил во САД, а Турција го бара бидејќи го смета за одговорен за неуспешниот пуч на 15 јули. Шукур (44), екс меѓународната фудбалска ѕвезда и икона во својата земја е обвинет дека е член на “вооружена терористичка група”, а притоа се мисли, вели агенцијата AFP, на организацијата на Ѓулен. Медиумите додаваат дека потерницата е издадена и...
Од 1 јули поскапуваат цигарите
Post Views: 330 Почнувајќи од петок сите пушачи ќе плаќаат три денари плус за кутија поради поскапената акциза на тутунот.Последниот пат цигарите поскапеа во февруари, кога пушачите беа принудени да плаќаат пет денари повеќе за кутија.За годинава ова ќе биде последен раст на цената на цигарите, но веќе од следната година цената ќе поскапува драстично со што за осум години кутијата цигари која денес чини 120 денари, тогаш ќе чини 154 денари.Од наредниот 1 јули, цигарите секоја година ќе поскапуваат по четири денари за кутија.
Терористи со намера за напад на отворањето на Бундес лигата
Post Views: 215 Во Германија е уапсен високопозициониран член на терористичката група на Исламска држава, јавува Bildt, а фатен е при рутинска контрола на полицијата. Информациите за можно планирање на терористички напад ги дал еден затвореник. Полицијата потврдила дека е уапсено едно 24 годишно лице кое е бегалец од Сирија, но нема никакви докази дека е поврзан со планирање на терористички напад. AFP во меѓувреме пренесува дека германските државни служби се на нозе бидејќи се појавиле информации дека е загрозено отворањето на новата фудбалска сезона во Бундес лигата. ...
Од 1-ви јули стартува забрана за увоз на возила со ЕУРО-3 стандард
Post Views: 252 Рокот за увезување на половни возила што се постари од 2005 истекува на 1-ви јули.30-ти јуни е последниот ден кога мора да биде платена царината и да бидат завршени увозните процедури, а рокот за хомологација засега е неограничен. Од тогаш ќе можат да се увезуваат само автомобили со стандард Еуро 4 или повисок. Според Царинската управа, податоците велат дека во првите два месеци од 2016 во Македонија се увезени 4.209 половни возила. Тоа е двојно повеќе од истиот период лани, кога во Македонија биле внесени 2.514 возила. Рекордна година за увозот на половни...
Легендата на Барса осуден на три години затвор
Post Views: 248 Поради даночни измами и перење пари е осуден на три години и еден месец, легендарноит романски фудбалер Георге Попеску. Освен Попеску, осудени се уште седумина романски фудбалски работници. Неправосилната пресуда е донесена уште во 2012 година но овој вторник е потврдена од жалбениот суд во Букурешт. Тоа е воедно и поледната инстанца, па Попеску и останатите немаат право на жалба. Главната причина се трансферите на 12 фудбалери кои се случиле во периодот од 1999 до 2005 година. Осуммината осуденици ја оштетиле државата за 1,7 милиони евра така што пријавувале...
Facebook најави крај за насловите од типот “нема да верувате…”, “следуваше шок…” и слично
Post Views: 233 Како што објави порано, Facebook планира да ги маргинализира објавите кои ги мамат читателите и деновиве нивниот алгоритам би требало да почне да ги отстранува од news feed насловите кои ги иритираат поголемиот број на читатели. Од Facebook објавија дека со помош на новиот алгоритам ќе ги отстранува насловите кои ќе бидат класифицирани како “clickbait”, или оние кои ја ускратуваат или објавуваат неточна информација. Вакви наслови многу поретко ќе се појавуваат на ѕидот од корисниците. “Сакаме издавачите да објавуваат информации кои на луѓето ќе има бидат од...
Јапонскиот Panasonic со намера да го превземе Gorenje
Post Views: 226 Јапонската корпорација Panasonic спроведува длабинско снимање на словенечкиот Gorenje, потврдил за љубљанско Delo Фрањо Бобинац, директорот на фабриката од Велење за производство на апарати за домаќинство, а постои можност Panasonic целосно да ја превземе компанијата. Panasonic во Gorenje влезе пред три години со влог од 10 милиони евра и стекна скоро 11% од акциите, а минатата година докупи уште 1%. Некои сметаат дека целта на снимањето е зголемување на сопственичкиот удел на Јапонците на 20% или можноста Panasonic целосно да ја превземе контролата над...
Италија: Боинг 737 заврши на патот во близина на аеродром
Post Views: 266 Карго авион Боинг737 се сруши при слетувањето на аеродромот во Бергамо, Италија. Поради лоши временски услови авионот заврши на на патот кој минува во близина на аеродромот и за среќа никој не е повреден. До несреќата дошло во петок во 4 часот наутро. Откако авионот успеал да слета на една од пистите тој го продолжил слетувањето и завршил на блискиот пат. Тој летал од Париз, а екипажот се извлекол без повреди, јавува Guardian.
Во регионов ќе се гради најдолгата жичара во светот
Post Views: 253 Во четвртокот е распишан меѓународен тендер за изградба на жичара во Црна Гора од Котор преку Ловќен до Цетиње, која со 14,7 километри би била најдолга на светот, рекол за новинарите градоначалникот на Цетиње Александар Богдановиќ. “Понудите за претквалификација се доставуваат до 5 октомври. По одбирањето на концесионерот и издавањето на градежна дозвола, градбата на жичарата, во зависност од временските услови, ќе трае од 10 до 12 месеци”, рекол Богдановиќ. Возењето Котор-Ловќен-Цетиње ќе трае 43 минути. “Се уверивме дека постои интерес на потенцијални...
Напад со нож во Лондон, можен тероризам
Post Views: 222 Една жена била убиена, а петмина други ранети во напад со нож во центарот на Лондон. Полицијата соопшти дека првичните индикации сугерираат оти значаен фактор за нападот било ментално нарушеното здравје на напаѓачот. Претходно полицијата оцени дека нападот би можело да биде поврзан со тероризам. Едно 19 годишно лице било уапсено веднаш по полноќ на плоштадот Расел каде што потоа биле разместени големи полициски сили. По нападот на сограѓаните им се обратил градоначалникот Садик Кан кој рекол дека безбедноста на жителите на Лондон е главен приоритет. ...
Еве како Мурињо ги мотивирал на полувреме своите играчи
Post Views: 259 Португалскиот стратег очигледно има многу начини за мотивација на своите играчи. Првото полувреме на гостувањето кај Фулам заврши без голови, а во продолжението „експлодира“ Андре Шурле со хет-трик и победа на Челзи од 3-1. Хозе Мурињо бил изразито незадоволен од претставата во првиот дел, па своите играчи решил да ги казни со молчење. „Обично по завршување на првото полувреме на играчите им давам две до три минути да пристигнат во соблекувалната, да ја променат опремата, а потоа почнувам со мојот говор. Против Фулам играчите беа спремни за мојот говор, но јас не...
Со порака на платно се манипулираат охриѓани
Post Views: 1.380 Пишува Соња РилковскаРецензираме текст објавен на порталот Охрид24, под наслов: „(ФОТО) Охриѓани ги испратија Заев и Шекеринска“.Уште во самиот наслов се манипулира, на начин што порака испишана на платно, најверојатно од страна на политичкиот опонент во кампањата, за која не се знае ниту кога, ниту каде, ниту кој точно ја испишал, се претставува како охриѓани. Прецизно е да се каже дека ,,платно со содржината што е објавена на фотографијата се појавило на одредена локација,, но да се тврди дека тоа платно е симбол на целиот град, односно дека зад него стои...