Skip to main content

Автор: инфодеск

Подмолје

Пуштена во употреба за редовен сообраќај делницата од клучка „Петља” до Подмоље

Post Views: 48 Од денеска пуштена во употреба за редовен сообраќај делницата од клучка „Петља” до Подмоље.„Денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља” до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец,  беше затворена за сообраќај. Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга.“ – информираат од СВР Охрид.Оттаму...

Продолжи со читање

Училиште Пештани

ОУ „Св. Наум Охридски во Пештани добива енергетски ефикасна фасада

Post Views: 79 Дeновиве започна изградба на енергетско ефикасна фасада и во ОУ „Св. Наум Охридски во Пештани.Проектот за реконструкции, енергетско ефикасни фасади и изградби на училишта е финансиран од Министерството за образование и наука. Со буџет на МОН од над 4,5 милиони евра предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата.Градежните активности предвидуваат подобрување на условите за настава, подигнување на енергетската ефикасност на објектите, како и унапредување санитетско – хигиенските услови и пристапноста на...

Продолжи со читање

Strip kniga

Промоција на стрип книгата „АВАНТУРИТЕ НА КИКО И ВЕКИ“ на Јордан Манасијески

Post Views: 66 Во четврток (06.07) ќе биде промовирана стрип книгата „АВАНТУРИТЕ НА КИКО И ВЕКИ“ на Јордан Манасијески од Охрид.Се работи за издание на Стрип центарот на Македонија-Велес во склоп на Годишната програма на Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2023 (сектор издаваштво)Авторот Јордан Манасијески е роден 1948 г и има завршено Ликовно педагошка академија во Скопје во 1969 г. Тој уште од 1981 г црта стрипови со истите јунаци,Промоцијата на „АВАНТУРИТЕ НА КИКО И ВЕКИ“ ќе се одржи во четврток со почеток во 19 ч во Културен...

Продолжи со читање

конкурс расказ

Распишaн Конкурсот за најдобар расказ по повод „Вечер на Живко Чинго“

Post Views: 68 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишaн годинешниот Конкурс за најдобар расказ.Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република  Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ.Авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2023 г. Жири – комисијата...

Продолжи со читање

Менкиноски

Менкиноски: МВР не доаѓа на суд, на следното рочиште ќе барам ослободителна пресуда

Post Views: 62 Уште еднаш одложено рочиштето за судскиот поцес на кој охридскиот адвокат Тони Менкиноски се јавува како обвинет за нарушување на јавниот ред и мир. Тој и денес пред основниот суд во Охрид повтори дека не се чувствува виновен, мисли дека причина за обвинението е поставувањето на знамето со Сонцето од Кутлеш, во знак на поддршка на осудените за настаните на 27 април.„Денеска на судењето воопшто не се појавија припадници на МВР. Очигледно е дека МВР бега од средба и пулените на Министерот Оливер Спасовски, не дојдоа денеска да ни објаснат како ние тоа сме го...

Продолжи со читање

АРМ и ПСС

Утре отворен ден со Армијата и ПСС при Црвен крст Охрид

Post Views: 54 Армискиот воздухопловен ВИНГ под команда за операции и Планинската Спасителна Служба ги покануваат граѓаните утре (Среда 05.07.2023г.) во периодот од 10:00 до 14:00ч, во кругот на Центарот за обука на вода во каналот Студенчишта (Веднаш до Мостот на каналот), на заедничко дружење и презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени.Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на армијата и успешната цивилно-воена соработка, која армискиот ВИНГ и Планинската Спасителна Служба при...

Продолжи со читање

Свр охрид

Охриѓанец нападнал полицајци кои преземале службени дејствија во врска со рибокрадство

Post Views: 48 На 04.07.2023 година во 04.00 часот, кај месноста „Грашница” во Охрид, лишен од слобода е Е.З.(38) од Охрид. Тој претходно физички ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со „незаконит риболов”. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Балкански фестивал

Балкански фестивал ги промовира Охрид, традицијата и фолклорот

Post Views: 104 Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето. Ансамблот “Танец” пак, претставува подвижна енциклопедија на македонскиот народ. Токму оваа национална установа, ќе ја има честа утревечер да го отвори 62то издание на „Балканскиот фестивал на народни песни игри“, доколку дозволат временските прилики на сцената на Долни Сарај, или во „Центарот за култура „Григор Прличев“. И двете културни богатстава, и фестивалот и ансамблот „Танец“ кои Македонија ги поседува, повеќе од шест децении ги негуваат македонската...

Продолжи со читање