Skip to main content

Автор: инфодеск

Ракометна репрезентација

ЕХФ ја објави најновата ранг листа на која Македонија се најде на 18-тото место

Post Views: 96 Македонската ракометна репрезентација се најде на 18-тото место на најновиот ранкинг на Евопската ракометна федерација. Рангирањето е направено според настапите на машките репрезентации на последните три големи натпреварувања, Светското првенство 2021 и 2023 година и ЕХФ ЕУРО 2022, вклучувајќи ги и нивните квалификациски натпревари.Македонија има 94 бодови, доволни за да го заземе 18тото место, на четири бода пред Австрија, десет зад Чешка. Листата ја предводи Данска. Од селекциите од Балканот Македонија е петта зад Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, а...

Продолжи со читање

Емуц Охрид

Одредени струки во средните училишта во Охрид и Струга пополнети во јунскиот рок

Post Views: 153 Врз основа на финализираните ранг листи за првото и второто пријавување за упис во средно училиште за учебната 2023/24 година се запишале вкупно 15.481 ученици, информираат од Министерството за образование и наука.Од МОН соопштуваат дека 4.603 се запишани во гимназиско образование, а 10.277 во стручно образование. 187 се запишале во уметничко образование, а 414 во спортска гимназија.Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование во следниве струки во училиштата во Охрид и Струга:ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Охрид за образовниот профил...

Продолжи со читање

ВК Црн Дрим Струга

Забележителен настап на ВК Црн Дрим на меѓународна веслачка регата Војводина Опен

Post Views: 87 На големата меѓународна веслачка регата – Војводина Опен што се одржа на викендов на Паличко Езеро, веслачите на ВК Црн Дрим – Струга постигнаа забележителни резултати.Во силна конкуренција од вкупно 22 екипи од : Србија , Турција , Бугарија , Унгарија и Македонија треба да се истакне големиот успех на младата Ана Прентоска , која во дисциплината скиф за пионерки на 1000 метри го освои одличното второ место и сребрениот медал , додека во дисциплината скиф за сениорки Елена Столеска во силна конкуренција избори пласман во финалето каде го освои...

Продолжи со читање

Претпладне сончево попладне со услови за дожд

Post Views: 43 Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне развој на нестабилно време со услови за краткотраен дожд. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 29-тиот степен.Во среда на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд,...

Продолжи со читање

Тушемиште

Кај Тушемиште на брегот на Охридското Езеро се гради со полна пареа

Post Views: 59 Тешка механизација работи со полна пареа на брегот на Охридското Езеро од албанска страна. Во време кога Унеско бара мораториум за градба во заштитениот појас засилено се гради од Тушемиште до Дрилон.  Градежните активности се одвиваат во непосредна близина Националниот парк Дрилон, биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. Во самата вода се гради шеталиште и пристаниште.И после еден месец од отпочнувањето на градежните зафати  македонското министерство за животна средина се уште нема добиено официјална  информација за проектот....

Продолжи со читање

регата

Се одржа првата годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“

Post Views: 51 Викендов во акваториумот на Охридскиот залив се одржа јахтинг регата во организација на Јахтинг клуб ОЛС-Охрид. На оваа прва годинешна јахтинг регата во склоп на “Куп за едрење на Охридско езеро“ на Едриличарска федерација на Македонија учествуваа 15-тина едрилици од клубови од Охрид и Скопје.Се одржаа три трки согласно регатните правила. Првото место во класа до 7м го освои Никола Бараковски од Јахтинг клуб ОЛС-Охрид, прво место во класа над 7м го освои Будимир Соколовиќ од Јахтинг клуб Олс-Охрид и прво место во класа “One design“ го освои Славчо...

Продолжи со читање

Да БолиТ во Ребел

Стендап шоу „Да БолиТ“ во четврток во клуб Rebel

Post Views: 35 Стендап шоу во четврток во клуб Rebel со почеток во 21 часот. Публиката ќе може да ужива 90 минути во интензивна комедија со Никола Тодороски, Илија Богданоски, Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Зоран Донев.Не пропуштајте незаборавно стендап шоу! Не пропуштајте ја последната изведба на шоуто „Да БолиТ“- порачуваат организаторите.Билети по цена од 250 денари може да се набават онлајн или со резервации на тел. број 075/283-066.Сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен. Сместувањето на публиката во клубот е на сепариња и...

Продолжи со читање

ЦЈЗ

Mобилни екипи на ЦЈЗ земаат материјали за микробиолошка анализа во домашни услови

Post Views: 43 Со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во топлите летни денови, за сите оние ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид активира мобилни екипи подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните административни формалности и да ги земат соодветните...

Продолжи со читање