Автор: инфодеск
Post Views: 48 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 26.6.2023 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,022 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.Од вечерва на полноќ максималните цени на нафтените...
Со концерт на Танец започнува 62-то издание на Балканскиот фестивал
Post Views: 77 Со целовечерен концерт на Националниот ансамбл „Танец“ на 5-ти јули (среда) на Долни Сарај започнува 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.На свеченото отворање на фестивалот свое обраќање ќе имаат директорот на Центарот зa култура, Горан Симоноски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски.Традиционално пред почетокот на концертот, во 19 часот, учесниците на фолклорната манифестација...
Од денеска посебен режим на сообраќај на патот Струга-Дебар
Post Views: 45 Од денеска (03.07) ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга-Дебар, информираат од АМСМ.Во фаза 1 ќе се врши асфалтирање кај селото Глобочица и во фаза 2 – асфалтирање кај селото Луково.– Предвидено е целосно затворање на сообраќајот во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 8-ми јули 2023 година, потенцираат од АМСМ.
20 лица приведени поради дрога на фестивал во Дојран
Post Views: 66 Во текот на изминатиот викенд (01/02.06.2023) полициски службеници од Секторот за недозволен трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделoт за криминалистичка полиција во координација и заедничка акција со Секторот за внатрешни работи Струмица и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје презедоа засилени мерки за време на одржувањето на музичка манифестација во Стар Дојран, со цел откривање на кривични дела и прекршоци од областа на недозволената трговија со дрога.Притоа, биле лишени од слобода 20 лица, од кои 1 грчки државјанин, кај...
Не запловија еколошките бродови по Охридското Езеро
Post Views: 120 Не запловија најавените еко бродови по Охридското Езеро. Проектот започна пред три години,одобрени беа 1 милион и 500 илјади евра од ИПА програмата за прекугранична соработка. Со нив беше предвидена набавка на два еко бродови на електрична енергија, кои ќе служат за крстарење, и водено поврзување на трите езерски градови. Ваквите бродови се согласно препораките на УНЕСКО за развој на водениот сообраќај без штетни последици врз еко системот.Доколку не заврши реализацијата до крајот на годинава овој проект ќе пропадне.„Имавме многу...
Изложба на фотографии од најзначајното културно богатство од Охрид и Македонија
Post Views: 53Од 5-ти до 7-ми јули во Меморијалната куќа “Христо Узунов” во Охрид, ќе се одржи Изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Северна Македонија.„Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно историските споменици, религиозниоте објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 43 Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. UV=8Во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени.Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме.
Православните верници вечерва и утре го слават Свети Наум Охридски Чудотворец
Post Views: 49 Со празнична вечерна богослужба во манастирскиот комплекс „Свети Наум“ на Охридското Езеро вечерва започна чествувањето на Свети Наум Охридски Чудотворец.Во манастирот утре ќе се служи света архиерејска литургија со почеток од 9 часот, на која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.На празникот во манастирот доаѓаат илјадници верници да се помолат за здравје бидејќи се верува дека Св. Наум Охридски бил исцелител со чудесна моќ. Култот за Свети Наум е силен кај верниците од Охридскиот регион но и пошироко.







