Skip to main content

Автор: инфодеск

Историски момент за фудбалот

Post Views: 258 Историскиот момент се случил ноќеска во бразилското првенство, првенството Паулиста, на средбата помеѓу Mogi Mirim и XV de Piracicabe… По прв пат во фудбалската историја на службен натпревар заиграле татко и син. Но не станува збор за било кој татко туку за големиот Ривалдо (41), екс играч на Барселона. Актуелниот претседател и играч на Mogi Mirim Ривалдо, влегол во второто полувреме и така му се придружил на својот син Ривалдињо (18) на тревата. „Сакам да му се заблагодарам на Бога на овој посебен ден во мојот живот, во кој заиграв заедно со својот син на...

Продолжи со читање

Град со помалку жители од работни места

Post Views: 249 Градот Kaitangata на Нов Зеланд покрена голема кампања за да привлече луѓе кои ќе сакаат таму да живеат и работат. Се работи за место кое има само 800 жители, а 1000 нови работни места кои нема кој да ги потполни. Градот за новите жители осигурал домови за изнајмување или купување со соодветно земјиште по акциски цени. Сите заинтересирани ќе добијат помош од локалната заедница, банкари и правници за преселбата да биде со што помалку проблеми. “Невработеноста ја намаливме на два, но не се тоа проценти туку две лица. Во градот живеат само две невработени...

Продолжи со читање

Од утре започнува летно сметање на времето

Post Views: 225 На 27-ти Март (недела), во 2 часот наутро Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Истото ќе заврши на 30-ти Октомври во 3 часот, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Стрелките на часовникот во недела треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот. Во Европа, во 1996 година договорено е преминувањето од зимско кон летно сметање на времето и тоа да се прави во последната недела (недела како ден) од месец март, точно во 1 часот наутро според Универзално време (UT). Тоа значи дека доколку кај нас...

Продолжи со читање

Дожд претвори стадион во џиновска када

Post Views: 232 Стадионот Mingtang, гордоста на кинескиот град Ezhou, е претворен во џиновска када благодарение на обилните врнежи кои ја погодија таа држава. Водата се искачила до таа мерка што буквално ги прекрила головите, а локалните медиуми напоменуваат дека стадионот никогаш не страдал толку од елементарни непогоди во триесет години откако бил изграден. Ситуацијата со поплавите во Кина е до толку страшна што последните податоци говорат дека ширум земјата смртно настрадале 186 лица, а по 45 се трага, односно дури 1,5 милиони луѓе се евакуирани од нивните домови.

Продолжи со читање

Британската валута ја губи битката со светските валути

Post Views: 248 Иако пазарот на капитал во Велика Британија се опорави по објавувањето на резултатите за излез од Европската унија, валутата која Британците сакаа да ја зачуваат со Brexit, ја губи битката во големата војна на светските валути. Таа и понатаму во однос на доларот е во минус од 11%, додека еврото во однос на фунтата зајакна за 9,5%. Аналитичарите велат дека тоа не е крајот туку фунтата ќе паѓа и до крајот на годината и ќе вреди 1,25 долари, што е најниска вредност во последните 40 години. Експертите објаснуваат дека акциите се опоравиле поради тоа што...

Продолжи со читање

Словенија: балканската рута веќе не постои

Post Views: 246 Словенија од полноќ повторно во целост го применува Шенгенскиот договор на својата граница со Хрватска, јавува словенечката агенција СТА. Агенцијата додава дека тоа е во согласност со затворањето на договорот за балканската мигрантска рута, кој беше постигнат на самитот ЕУ – Турција во понеделникот. Словенечката полиција им дозволува влез во земјата само на странците со валидни патни исправи, потоа на лицата кои ќе изразат желба да побараат меѓународна заштита и на поединците на кои им е потребен хуманитарен третман. Словенечкиот премиер Миро Церар по самитот...

Продолжи со читање

Хојт Ји: Секој кој е одговорен за кризата да одговара

Post Views: 258 „Минатиот април кога бев тука политичката криза беше на почеток и беше предизвик на кој соработувуваме заедно за да се постигне напредок за излез од кризата. Задоволен сум поради тоа што се случија доста позитивни чекори, како што беше Договорот од Пржино. Разговаравме за имплементацијата на договорот, а тоа ги вклучува и изборите. САД и ЕУ продолжуваат со поддршката за владата, партиите и инстуциите да можат да обезбедат изборите на 5-ти јуни да бидат слободни, фер и кредибилни. И даваме поддршка на ДИК, како и совети до институциите и владата околу тоа како...

Продолжи со читање

Ердоган отвори еден од најголемите висечки мостови во светот

Post Views: 357 Турско исламско-конзервативниот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот го пушти во промет еден од своите мега проекти, мостот во заливот Izmit, на северозападот од земјата, кој е  воедно најголемо градилиште кое некогаш е покренато во Турција пред три години. Мостот е наречен Osman Gazi, по името на султанот Osman I. , се наоѓа на Мраморното море, и е еден од најголемите висечки мостови во светот од 3 км и е составен дел од главната делница на автопатот Gebze-Orhngazi-Izmir, долг 433 км. “Требаше да биде изграден пред 50 години, но сега конечно го...

Продолжи со читање

Тежок пад во Сочи

Post Views: 308 За време на натпреварот во нордиска комбинација, поточно во првата дисциплина скијачки скокови, Јапонецот Тајхеј Като се повредил кога незгодно скокнал и лошо се приземјил. Като е однесен на носила од големата скокалница кога при доскокот ја изгубил левата скија и доживеал тежок пад при што тешко го повредил левиот лакт. Като бил свесен кога му се укажувала помош, но очигледно било дека имал големи болки. За сега не е соопштено дали јапонскиот натпреварувач ќе може да го продолжи натпреварувањето во нордиска комбинација, поточно дали ќе може да учествува во трката...

Продолжи со читање

Nestle прекина традиција долга 94 години

Post Views: 282 На изненадување на многумина познавачи на односите во компанијата швајцарскиот Nestle за нов извршен директор го именува Ulf Mark Schneider, досегашен шеф на германската компанија Fresenius SE. Сегашниот извршен директор на прехранбениот џин, Paul Bulcke, заминува на должност претседател на компанијата. На таа позиција Bulcke, кој е во Nestle четири децении, ќе го наследи Peter Brabeck кој следната година заминува во пензија. Jon Cox, аналитичар за швајцарски акции истакнува дека изборот на Ulf Mark е големо изненадување. “Се очекуваше тоа да биде некој од...

Продолжи со читање

Хан и Ховит се огласија на Твитер за одложувањето на изборите

Post Views: 252“Добра порака испраќа гласањето во Парламентот на Македонија за одложување на изборите за 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мораат целосно да се ангажираат, да помогнат во подготовка на кредибилни избори и да ги поттикнат реформските приоритети, вклучувајќи ги и оние во медиумите”. “Благодарност до европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, амбасадорот на ЕУ и амбасдорот Бејли и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка”, напиша утрово на Твитер еврокомесарот Јоханес Хан, во врска со...

Продолжи со читање

Стартува Лигата на шампиони – анализа

Post Views: 273 По два месеца пауза, неделава повторно квалитетен фудбал. Вторник и среда ќе се сретнат Манчестер Сити против Барселона и Баер Леверкузен против ПСЖ, а во среда Арсенал-Баерн и Милан-Атлетико Мадрид. Секако во центарот на вниманиеto е средбата меѓу Манчестер Сити и Барселона. Додека беше на клуpата на Реал не успеа да ги запре Каталонците, па Мануел Пелегрини има нова прилика но овој пат на клупата на „граѓаните“. „Тоа ќе биде прав спектакл. Сигурен сум дека не очекуваат две фантастични средби. Не се плашам од Барселона. Верувам дека имаме квалитетен тим и спремни...

Продолжи со читање