Skip to main content

Автор: инфодеск

Троен самоубиствен терористички напад на аеродромот во Истанбул

Post Views: 242 Во терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, кој се случи во вторникот вечерта, загинаа 36 лице, а 147 се повредени, изјавил турскиот премиер Бинали Јилдирим. Нападот го извршиле тројца бомбаши самоубијци, кои експлозивот го активирале на влезот во аеродромот. Најголем дел од жртвите се турски државјани, но меѓу нив има и странски државјани, соопштија турски официјални лица, без да прецизираат од кои држави се загинатите странски државјани. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот на аеродромот „Ататур“, оценувајќи дека целта на...

Продолжи со читање

Британија доживеа уште еден удар во финансискиот сектор

Post Views: 245 Британија во понеделникот претрпе уште еден удар откако двете водечки светски агенции го намалија кредитниот рејтинг бидејќи сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија ќе му наштети на британското стопанство. Агенцијата Standard&Poor’s го намали најголемиот “AAA” рејтинг на Британија дури за два степени, на “AA” и предупредила дека е можно понатамошно намалување на рејтингот, а Fitch Ratings го намали пак за еден степен, од “AA+” на “AA” и исто така предупреди на можноста за понатамошно намалување. Агенцијата S&P соопшти дека резулатот на...

Продолжи со читање

Бензините поевтинуваат, дизелот со непроменета цена

Post Views: 245   Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 55,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 57,00 денари за литар. Еуродизелот и во наредните 14 дена ќе се продава по 41 денар за литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар и ќе изнесува 30,00 ден за литар, додека на мазутот 14,673 денари за килограм. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 31,548 долари, а...

Продолжи со читање

За една година Велика Британија ќе падне во рецесија

Post Views: 249 Британија најверојатно ќе потоне во рецесија во рок од една година по минатонеделната одлука за излез од Европската унија, а ќе се успори и растот на светското стопанство, порачуваат аналитичарите од Goldman Sachs. “Очекуваме дека британското стопанство до почетокот на 2017 ќе потоне во блага рецесија”, ги предупредија своите клиенти од инвестициската американска банка Goldman Sachs. Тие проценуваат дека поради одлуката за излез на Британија од ЕУ стопанството во следните 18 месеци вкупно ќе изгуби 2,75% од БДП, а очекуваат и негативни последици по...

Продолжи со читање

Без влакна на јазикот

Post Views: 258 Швајцарската репрезентативка во алпско скијање. Лара Гут, беше една од фаворитите за освојување на медал во саботниот супервелееслалом на зимските Олимписки игри во Сочи. Но, на крајот Гут несреќно остана без медал. Заврши како четврта, а после трката бесно пред новинарите изјавила : „На таа патека воопшто немаше снег. Ние скијавме по вода и тоа навистина не е забавно“, рекла Лара Гут и додала: „Тоа е срамота. Искрено, ова е пропаст за скијањето, затоа што ние овде се натпреварувавме во натпревар кој се вика скијање на вода“.

Продолжи со читање

Уапсен е еден од најбараните италијански мафијаши

Post Views: 269 Еден од најбараните италијански мафијаши Ernesto Fazzalari, втор човек на калабриската мафија “Ndraghete”, е уапсен денес по 20 години бегство, објавија италијанските власти. Ernesto Fazzalari (46), кој е во отсутност осуден на доживотна робија, е уапсен рано утрово во зафрлен крај на Калабрија. Тој беше во бегство од 1996 година, а три години подоцна е осуден за мафијашко здружување, киднапирање, поседување на оружје и двојно убиство во конфликт на кланови во кои се убиени 32 лица во неговиот роден град Taurianova помеѓу 1989 и 1991 година. Италијанскиот...

Продолжи со читање

Јаја Туре го шокира Сити

Post Views: 260 Играчот за врска на Манчестер сити, изјавил дека не сака да игра птотив својот екс клуб Барселона. Имено, Манчестер Сити во вторник на својот Етихад игра против Барселона во првиот натпревар од осминафиналеето на Лигата на шампиони. „Не ми е едноставно, затоа што не сакам да играм против Барселона. Таму имам многу пријатели кои ми помогнале и сеуште ми помагаат. Уште потешко ќе ми биде на Ноу Камп пред домашните навивачи во друг дрес“, рекол Јаја Туре, кои три години играше за Барселона.  

Продолжи со читање

Шкотска става вето на “Brexit”?

Post Views: 247 Премиерката на Шкотска, Никола Стерџон денеска во интервју за BBC, изјави дека шкотскиот парламент би можел да се обиде да стави вето на “Brexit”, односно да го блокира излегувањето на Обединетото кралство од Европската унија.Стерџон вели дека е уверена дека ќе биде потребна согласноста на официјален Единбург во однос на прашањето за “Brexit”, заради што, како што изјави уште утре ќе побара од Парламентот на Шкотска да не ја даде својата законодавна согласност за излегување на Британија од Унијата. Поголемиот број од граѓаните на Шкотска...

Продолжи со читање

Саботажа во трка на игрите во Сочи

Post Views: 240 Тренерот на канадскиот тим во санкање Волфганг Штаудингер ги обвини Русите дека ги саботирале неговите избраници во трката во санкање. Канаѓаните го завзедоа четртото место во таа конкуренција, зад неприкосновените Германци, Руси и Летонци. „Го имавме среброто во раце во горниот дел од патеката, но како одевме надолу бевме се поспори и поспори, и тоа беше јасен знак дека некој значително ја успорил патеката“, рекол Штаудингер. Температурата на патеката за санкање се контролира, така да, можно е, само да се зголеми температурата и патеката да се успори. Штаудингер...

Продолжи со читање

Потонаа финансиските пазари по Brexit

Post Views: 268 На Wall Street во петокот цените на акциите потонаа повеќе од 3%, што е нивни најголем дневен пад во последните 10 месеци, бидејќи одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, инвеститорите ги изненади. Dow Jones потона 611 поени или 3,39%, додека S&P 500 падна за 3,6%, а Nasdaq за 4,12%. Остриот пад на акциите е последица на погрешните проценки на инвеститорите дека Британија ќе остане во Европската унија. Поради тоа со денови пред референдумот берзанските индекси растеа, па S&P500 индексот се приближи до рекордното ниво на само 0,8%. Но, во петокот,...

Продолжи со читање

Жена во Ф1

Post Views: 285 Симона Де Силвестро е нов член на Заубер и ќе ја врши функцијата како развоен возач во Швајцарскиот тим. Во соопштениeтo на Заубер, уште се истакнува дека на тој начин Де Силвестро ќе проба да се припреми за наредната сезона да вози во трките за шампионатот на Ф1. „Целта на Симона е во 2015 година да вози трки во Формула1. Таа е многу талентирана и одлучивме да биде развоен возач во нашата екипа. Ќе ја поддржуваме на нејзиниот пат до врвот на натпреварувањето во авто-мото спортот“, рекла директорката на Заубер Мониша Калтенборн. Швајцарката, последните четири...

Продолжи со читање

Volkswagen се договори за исплатата на оштетените клиенти

Post Views: 235 Volkswagen се согласи да исплати 10,2 милијарди долари во рамките на договорот со неколку стотици илјади сопственици на автомобили во САД кои поднесоа тужби поради софтверот со кој германскиот автомобилски џин го лажираше нивото на штетни гасови на еко-тестот. На повеќето износот ќе оди за надомест на штетата на сопствениците на 482.000 дволитарски дизел автомобили со вграден софтвер на кои беше лажирано нивото на испуштени штетни гасови. Сопствениците на автомобилите би можеле да добијат оштета од 1.000 до 7.000 долари, во зависност од староста на возилото,...

Продолжи со читање