Skip to main content

Автор: инфодеск

Македонија поставува двојна ограда на границата со Грција

Post Views: 264 Новата ограда треба да биде долга 37 километри. Подготовките за поставување уште една жичена ограда во близина на веќе постоечката почнаа во саботата, а работите стартуваа во текот на вчерашниот ден. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера биле регистрирани повеќе од 2800 бегалци и мигранти кои се на пат за север, во насока на Австрија и Германија. Во моментов се поставуваат столбовите и оградениот простор изнесува до 5 метри, за да помина патролно возило, а според одлуката на надлежните институции ќе се знае колку оградата ќе биде...

Продолжи со читање

Британците донесоа одлука за напуштање на Европската унија

Post Views: 217 BBC и SkyNews утрово прогласија победа на опцијата која се залагаше за напуштање на Европската унија. Спрема прогнозите на тие медиуми, за Брегзит гласале 52% Британци и така би требало да остане, доколку во финалното броење не дојде до некои драматични промени. На референдумот излезноста била нешто помалку од 72% и за излегување од ЕУ гласале преку 17 милиони, додека за останување во ЕУ еден милион помалку. За време на ноќта неколку пати предноста се движеше на различни страни, а во еден момент беше и нерешено, па Британците се прашуваа што ќе се случи...

Продолжи со читање

Tекст употребен за навредливи коментари

Post Views: 1.370 Пишува: Жаклина ЦветковскаРецензираме текст со тенденциозен наслов „Заевизмот“ го префатил и Сугарески“ , објавен на порталот lider.com.mk, на 26.06.2020 година, кој е полн со навредливи коментаторски забелешки и непотврдени констатации. Објавата наликува на информативно пропагандна кампања од непотпишан автор.Самиот наслов „„Заевизмот“ го префатил и Сугаревски“ е коментар, употребен е како синоним за изнесување лаги и е личен став на авторот, што е недозволиво во информативните жанрови. За вест во која се соопштува за посетата на министерот за транспорт и...

Продолжи со читање

Велика Британија денес одлучува за својата иднина

Post Views: 254 Близу 41.000 бирачко место ширум земјата се отворени од 07.00 до 22.00 часот по локални времиња, а право на глас на “референдумот за иднината на Обединетото Кралство во Европската унија” имаат околу 45 милиони жители. Околу три милиони жители на Британија, или 5% од населението се родени во други земји на ЕУ. Државјаните на Ирска, Малта и Кипар со место на живеење во Британија имаат право на глас на референдумот, а државјаните на останатите земји од ЕУ немаат. Ирска и Британија имаат договор стар повеќе од 30 години со кои на државјаните од едната со место на...

Продолжи со читање

Целосен прекин на сообраќајот на Меџитлија

Post Views: 422 Според известувањето добиено од МВР, во сабота, во периодот од 11 до 13 часот, и од 18 до 20 часот поради штрајк на грчките земјоделци, со поставување на земјоделски машини и трактори во близина на Граничен премин Меџитлија/Ники- Република Грција, сообраќајот ќе биде во целосен прекин при влез и излез од Република Грција. И Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот ќе биде во прекин од 11 до 13 часот и од 18 до 20 часот. Ова е втора блокада на границите што ја прават грчките земјоделци во изминатите неколку дена. На 26 јануари тие со трактори...

Продолжи со читање

Кандидат за медал доживеа несреќа

Post Views: 253 Еден од главните кандидати за златниот медал во слалом на зимските олимписки игри, Феликс Нојројтер (29), доживеа сообраќајна несреќа. Моментално вториот во светскиот куп во четвртокот тргнал за Сочи, но на пат кон Минхенскиот аеродром, од каде требаше да полета за Сочи, доживеа сообраќајна несреќа. Како што известуваат германските медиуми, автомобилот на Нојројтер изгубил контрола на автопатот, и удрил во заштитната ограда. Нојројтер е примен во болницата во Минхен, а информациите велат дека германскиот скијач ги повредил грбот и вратот, но не е познато во...

Продолжи со читање

По прв пат најмоќниот суперкомпјутер во светот е кинески

Post Views: 247 Најмоќниот суперкомпјутер во светот и во целост направен од домашни делови е кинески, се наведува во студијата која е објавена во понеделникот. Ова е по прв пат Кина да го завземе првото место на табелата ТОП500, не користејќи воопшто американска технологија. Суперкомпјутерот Sunway TainLight е двојно побрз од поранешниот најбрз компјутер кој користел чипови на американската компанија Intel. По прв пат од воведувањето на табелата ТОП500 (www.top500.org) Кина има повеќе суперкомпјутери (167) од САД (165) која два пати годишно ја објавуваат научници на...

Продолжи со читање

Наредба од министерство

Post Views: 277 Дали се сите првенства од 2009 година па наваму нерегуларни, по наредбата која Хрватскиот фудбалски сојуз ја добил од Министерството за наука, образование и спорт на Хрватска. Наредбата е дака во рок од 15 дена Хрватскиот фудбалски сојуз мора да ги исфрли од лигата Локомотива и Хрватски Драговољац. Петар Сканси уште во декември нагласил дека спортската инспекција пронашла дека има голема поврзаност помеѓу Динамо и Локомотива, а два месеци подоцна стигнала и конечна потврда за тоа. Novi List пишува дека на адресата на Хрватскиот фудбалски сојуз стигнало решение од...

Продолжи со читање

LG направи телевизор кои ги брка комарците

Post Views: 237 LG очигледно го препознал вистинскиот момент и одлучил да направи телевизор кој ќе биде средство за информирање и забава, но и оружје за борба против незгодни болести. Минатата година во индискиот главен град, Њу Делхи се забележани 16.000 случаи на таканаречената Денга треска која ја пренесуваат комарците. За жал, иако Индија направи голем технолошки исчекор, многу краишта и понатаму имаат проблеми со лошите хигиенски и здравствени услови. За да се помогне оваа година и да се избегне слично сценарио, LG ексклузивно за индискиот пазар одлучи да направи посебен...

Продолжи со читање

Од полноќ горивата поевтинуваат

Post Views: 249 Со одлуката на комисијата за енергетика се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,35, односно за 8,83%. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ за 39 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денари за литар и ќе чини 27,5 денари. Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените дривати од РКЕ го посочуваат за 19,51% пониската просечна цена на...

Продолжи со читање

Американска сојузна држава стана шеста најголема економија во светот

Post Views: 218 Благодарение на економскиот раст и силниот долар Калифорнија во 2015 година ја престигна Франција и стана шеста економија во светот. Една година претходно Калифорнија беше осма економија во светот, рекла главната економистка во Канцеларијата за финансии на Калифорнија, Irene Asmundson, и додала: “Калифорнија имаше исклучително добра 2015 година”. Во оваа најнаселена американска сојузна држава се наоѓаат седиштата на компании од различни стопански дејности, вклучувајќи ја Силиконската долина и Холивуд. Во 2015 година бруто домашниот производ на Калифорнија...

Продолжи со читање

Македонија со поларни температури

Post Views: 256 Утрово најниски температури се измерени во Берово -21, Лазарополе -17, Маврово -17, Крива Паланка -14, Крушево и Тетово -13, Прилеп и Скопје -12, Штип -11, Струмица, Куманово, Виница, Демир Капија -10, Кавадарци и Охрид -9, Дојран -6, Гевгелија -4…Метеоролозите и за наредните два дена најавуваат студено време со ниски утрински температури.Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник се најавуваат врнежи од снег со слаб интензитет, а од вторник ќе има постепен пораст и на утринските и на дневните температури.

Продолжи со читање