Автор: инфодеск
Post Views: 56 Италијанската полиција го утврди идентитетот на мажот кој го издлабил своето име и името на својата девојка на Колосеумот во Рим.„Крајно срамно и знак на голема некултура е турист да навредува едно од најпознатите места во светот и дел од историското наследство.“ – изјави министерот за култура Џенаро Сангуилијано, кој додаде дека виновникот ќе биде пронајден и казнет. Како што беше ветено, виновникот е пронајден.„Се работи за пар, маж и жена, кои живеат во Англија. Треба да се напомене дека постапката е во фаза на прелиминарна истрага, па...
Воска Спорт започна со подготовки за сезоната 2023/24 во првата лига
Post Views: 54 ФК Воска спорт официјално ги започна подготовките за сезоната 2023/24 во Првата македонска фудбалска лига, во која екипата ќе се натпреварува за прв пат во својата историја.Заврши паузата за фудбалерите кои вчера го одржаа првиот тренинг со новиот стратег Миљан Радовиќ. На првиот собир што го повика црногорецот имаше и 4 нови засилувања Фатих Исмаили, Никола Стијеповиќ, Алекса Марушиќ и Никола Шаркоски. Во наредните денови од клубот најавуваат нови имиња да се приклучат на тимот.Познати се сите учесници во Првата македонска фудбалска лига за следната...
Лет до работ на вселената за 450.000 долари
Post Views: 46 Сер Ричард Бренсон официјално влезе во бизнисот со вселенски туризам за милијардери кога неговиот ракетен авион од Virgin Galactic, Unity, вчера полета од пистата во Ново Мексико и достигна височина од 85.000 метри.Двајца полковници на италијанските воздухопловни сили и еден воздушен инженер од Националниот совет за истражување на Италија им се придружија на инструкторот на Virgin Galactic и на двајца пилоти на авионот на 90-минутниот суборбитален лет.На најголемата надморска височина, екипажот доживеа неколку минути бестежинска состојба со исклучување...
Граѓанин прашува кој ја уништува шумата кај Самоилова тврдина
Post Views: 79 Граѓанин на Охрид до рубриката ТиСиТвојотГрад испрати фотографии за кои вели дека се направени кај Самоилова тврдина. На сред сезона кога градот е полн со странски туристи багери копаат земја, сечат дрвја и камиони ја изнесуваат земјата, вели граѓанинот и јавно прашува дали надлежните се запознаени со тие дејствија.„Дали се води грижа за животната средина и културното наследство на Охрид. Дали надлежните институции се запознаени со ова дејствие и самоволие кое го извршуваат луѓето кои живеат подтврдината кои отвориле и пат до својата куќа? Како е можно во...
Сончево со температура до 27 степени
Post Views: 36 Времето денеска во Македонија сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8Во Охрид сончево со мала облачност. Утринска температура до 12степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.Во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
ТППЕ Охрид извлекуваше повредено лице во сообраќајна несреќа кај с. Лактиње
Post Views: 45 Сообраќајна незгода се случи на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на с.Лактиње.Територијалната противпожарна единица од Охрид учествуваше во извлекување на повредено лице во незгодата.„Притоа пожарникарите-спасители поради пренасочениот сообраќај , имаа потешкотии во движењето на потегот до с. Подмоље, поради неможноста на останатите учесници во сообраќајот да му отстапат простор на нашето возило за специјални намени.“ – велат од ТППЕ ОхридЗа среќа повреденото лице успешно е извлечено и транспортирано со итната медицинска помош во...
Засилени сообраќајни контроли, казнети охриѓани кои возеле побрзо од дозволеното
Post Views: 45 На 28.06.2023 година од 19.00 до 24.00 часот, при спроведени засилени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 4 возачи кои надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.„Контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел зголемена сообраќајна безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот.“– информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Богато културно забавно лето во Охрид
Post Views: 56 Културолошката иницијатива 5 до 12 и оваа година со бројни настани за привлекување на посетители во главниот туристички центар. Програмата стартуваше со летното кино со автомобили, а продолжува надополнето со уште побогати содржини. На 12 јули ќе се одржи традиционалната пловидба со кајчиња и староградска музика по езерото, еден од најатрактивните настани во регионот.„Тоа ќе биде на Петровден како и годините наназад со Ансамбал Билјана со кајчиња по езерото. Потоа следува дводеневен настан на скејт паркот во Охрид, кој годинава ќе биде малку...







