Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 354 Во нов термин кој симболично треба да го означи и стартот на годинешната туристичка сезона, утревечер започнува второто издание на „Охридски вински фестивал“. Минатогодишното прво издание на овој празник на виното, храната и музиката, се покажа повеќе од одличен. Целта на фестивалот е да стане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид.„Оваа година за да имаме и посериозна и поголема посетеност го направивме во период да означува еден вид на почеток на туристичката сезона.„Ние како општина се надеваме дека оваа година уште пошироко...
Нов старт, за нова учебна година?
Post Views: 287 Дали ќе има нови термини за старт и финиш на учебната 2023/2024 година? Веќе извесен период иако без да биде официјализирано како предлог, Министерството за образование и наука е во интензивни консултации со синдикатите и наставниците, да достави три нови предлози за календарот на новата учебна година до Владата, информира Министерот за образование Јетон Шаќири.„Дел од предлозите, ние како МОН, ги имаме слушнато и од родителите, дел од наставниот кадар, но повторно ќе кажам, за секој предлог ќе треба да одлучува Владата и ние како министерство ќе ги доставиме...
Лицата со телесен инвалидитет преку спортот го јакнат здравјето, духот и постигнуваат резултати
Post Views: 214 Повеќе од неопходна е инклузија на лицата со телесен инвалидитет преку спортот во општеството. Викендов на СРЦ „Билјанини извори“ се одржаа 35-те Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет. Спортот и телесните вежби за лицата со инвалидитет не се само спорт. Тоа е и здравје. Кај голем дел од овие лица, поради намалената мобилност се зголемува ризикот од кардио-васкуларни заболувања, па поради тоа ваквите активности за овие лица се апсолутна придобивка, истакна Бранимир Јовановски – Претседателот на Националниот сојуз „Мобилност“.„Убаво...
Бочварски: Градежните работи на автопатот на влезот на Охрид ќе завршат до 10-ти јули
Post Views: 310 Градежните работи на Автопатот Охрид Кичево, на потегот од Подмоље до Охрид, ќе продолжат, и ќе завршат пред почетокот на шпицот на турстичката сезона, изјави денес Министерот за транспорт и Врски Благој Бочварски, а рокот е 10 јули. Тој потенцираше дека главната и клучна поддршка треба да дојде од градоначалникот за реализација на овој проект, кој е клучен и најважен за развојот на Охрид.„Градежните работи ќе бидат завршени до 10 јули. Тоа е нешто кое со сигурност ќе биде направено. Ние правиме притисок и пред 10ти да се приспособи оваа страна од автопатот и...
Започна меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“
Post Views: 286 Звукот на дувачките инструменти на младите виртуози од земјава и Европа денеска се слуша во Охрид. По дваесет и втори пат нашиов град е домаќин на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“. Од 15-ти до 18-ти јуни, млади уметници од десет држави се натпреваруваат во дисциплините дувачки инструменти и камерна музика. „Охридски бисери“ е единствен меѓународен натпревар од нашата земја, член на Европската асоцојација на музички натпревари и токму членувањето во ова здружение го издвојува натпреварот во однос на бројни други натпревари кои се одржуваат...
Одложено судењето против охридскиот адвокат Тони Менкиноски
Post Views: 592 На барање на обвинетиот Тони Менкиноски, одложено рочиштето, на кое, денеска во Основиот суд во Охрид, требаше да му се суди за нарушување на јавен ред, поради, како што вели тој, отсуство на лице претставник од МВР, кое го поднело обвинението на судскиот претрес. Инаку, Менкиноски сам се пријавил во СВР Охрид, дека е одговорен за поставувањето на знамето со Сонцето од Кутлеш, во знак на поддршка на осудените за настаните на 27 април. Судскиот процес против него се води по пријава од МВР.„Јас не се чувствувам за виновен и сметам дека воопшто не постои прекршок....
Водата во Охридско Езеро е од прва класа и може да се користи за капење и рекреација
Post Views: 237 Секоја година пред почетокот на летната турстичка сезона Центарот за Јавно Здравје од Охрид согласно своите програмски активности, врши контрола на квалитетот на водата на Охридското езеро од македонска страна, на потегот од Св. Наум до Радожда. Исто така, спроведена е контрола на квалитетот на водите во Црн Дрим, а се направи контрола и на водата во Дебарското Езеро. Вршени се анализи на 25,28 мај и на 7 јуни.„Во најголем број случаи, квалитетот на водата во Охридското Езеро е од I класа хемиски, а од микробиолошки се класифицира како одлична. Дел од примероците...
Ново орто-фото снимање на земјишните парцели на целата територија на Македонија
Post Views: 405 Потпишан договорот за спорведување на орто-фото снимање на земјиштето во Македонија, најави денеска министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Снимките во голема мерка ќе му помогнат на министерството во креирањето на земјишната политика, во делот на овоштарство, полјоделство, лозарство, шумарството и водостопанството и за управувањето со државното земјиште, објасни министерот.„Целта на оваа активност е да бидат изготвени нови дигитални орто-фото карти, со највисока резолуција, кои понатаму ќе бидат искристени, покрај во...
Сѐ поголем број граѓани се жртви на он лајн измами и злоупотреба на лични податоци
Post Views: 247 Со френетичната експанзија за интернет просторот, се зголемува и бројот на закани, кои го демнат граѓанинот во овој виртуелен свет. Несаканите дејствија се движат од ситни разочарувања, при он-лајн купувања, до сериозни измами и злоупотреба на нивните лични податоци за најразлични криминални дејствија. Експертите сметаат дека првата линија на одбрана мора да биде информираноста и вниманието кое го посветуваме кога ги споделуваме личните податоци во интернет просторот или кога едноставно се согласуваме на тоа нашите податоци да бидат споделени било да е за купување...
Успешна туристичка сезона е можна само со функционален сообраќај
Post Views: 232 Не постои логичен одговор зошто на самиот почеток на турстичката сезона градежните работи на Автопатот Охрид Кичево, да се донесат на самиот влез на Охрид, а сообраќајот со и онака зголемена фрекфенција за време на сезоната, да се пренасочи на стариот пат Охрид Струга, кажа на денешниот состанок со претставниците на турстичкиот сектор, СВР Охрид и претставници од Локалната самоуправа, Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Градоначалникот на Охрид , преставнците од Локалната и претставниците на хотелскиот сектор, туристичките агенции и туроператорите, потпишаа барање...
По седми пат „Охрид трчаТ“
Post Views: 274 1930 учесници од 28 држави се само дел од импозантните бројки со кои годинава, може да се пофали најголемата спортска манифестација кај нас, атлетскиот викенд „Охрид Трчат 2023“. Од 02-04 јуни во уникатниот амбиент низ улиците на древниот Охрид, љубителите на спортот ќе може да ги совладаат спортските подвизи кои си ги поставиле, да се дружат и најважно од се да уживаат во убавините на градот. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој и самиот ќе учествува со стартниот пакет „1“, вели дека оваа манифестација е предвесник за успешната туристичка сезона која ни претстои....
„Читаме гласно и раскажуваме“ проект на градската библиотека и основни училишта
Post Views: 243 Многу прочитани раскази, многу раскажани приказни, многу нови пријателства деновиве се случија во охридската градска бибилиотека „Григор Прличев“. Учениците од трето, четврто и петто одделение, деновиве во рамки на проектот „Читаме гласно и раскажуваме“, имаа можност во период од две недели да прераскажуваат обработени и самостојно прочитани текстови и да прераскажуваат вистински и измислени настани и доживувања. Вонземјани, диви животни, но и бескрајниот свет на пишаниот збор беа нивното небо, а градската библиотека нивното игралиште.Проектот „Читаме гласно...