Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Грција сеуште без влада

Post Views: 4 Последни обиди за формирање влада во Грција, со мали изгледи за успех. Сириза одби да учествува во влада на национален спас, нови избори се’ поизвесни. Рачно изработена бомба експлодираше пред даночна канцеларија во Атина предизвикувајќи штета, но не и повреди. Се смета дека направата била подготвена од плински боци – метод што го користат анархистичките групи.Експлозијата се случи додека во земјата се прават последните обиди за формирање влада. Разговорите за формирање кризна влада ќе продолжат денеска во кабинетот на претседателот Каролос Папуљас, каде ќе...

Продолжи со читање

Предвидувањата за 21 век, мрачни

Post Views: 7 Соединетите Американски Држави во овој век ќе станат индустриски приврзок на Азија; Кина и Индија ќе западнат во хаосот на граѓанските војни, а Русија ќе се богати на нафта.Ова се предвидувањата на професорот по економија на американскиот универзитет Принстон Авинаш Диксит.69-годишниот Диксит е роден во Индија и тој предвидува дека 21 век ќе стане „епоха на урагани“ во светската економија, бидејќи со забрзаниот раст и еуфоријата ќе следуваат и глобалните кризи, слични на онаа што почна во 2008 и која сè уште не е завршена.Диксит смета дека особено големи кризи им се...

Продолжи со читање

Африканско лето во мај

Post Views: 4 Во централна и источна Европа летото порано дојде, бидејќи во саботата во неколку делови од Германија, Австрија и Чешката Република беа измерени невообичаено високи температури. Неофицијално, метеоролозите предупредуваат на опасност од топење на снегот на планинските масиви и од лавини. Температурите „се исклучително високи за април“, соопшти австрискиот хидрометеоролошки центар ЗАМГ, забележувајќи рекордни 32 Целзиусови степени во северниот регион на долна Австрија. Центарот наведе дека главна причина за летните температури што го зафатија регионот се силните јужни...

Продолжи со читање

Маринци + проститутки = нов скандал

Post Views: 3 Американските официјални лица се справуваат со друг срамотен инцидент што инволвира проститутки и американски владин персонал стациониран во Латинска Америка.Официјални лица на одбраната велат дека тројца американски Маринци стационирани во американската амбасада во Бразил и службеник во амбасадата ангажирале две проститутки во ноќен клуб минатиот декември. Една од проститутките вели дека лицата ја турнале од автомобилот и кога се обидела да влезе повторно во возилото, паднала на земја при што била повредена.Друг американски претставник вели дека амбасадата ја нашла...

Продолжи со читање

26-години од катастрофата во Чернобил

Post Views: 13 Во Македонија овој ден ќе се одбележи со панихида за жртвите во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.Несреќата во Чернобил се случила ноќта меѓу 25 и 26 април, 1986 година. Во несреќата загина 31 лице, а како последица на радијацијата до денес починаа 18.000 лица. Радијацијата со пречник од 30 километри озрачи околу пет милиони граѓани. Градот Чернобил, кој за прв пат се споменува во историјата во 1193 година, е оддалечен 83 километри северно од Киев. Поради таинственоста на властите во тогашниот Советски Сојуз, податоците за несреќата и последиците по животната...

Продолжи со читање

Уште една мистериозна болест, сега во Уганда

Post Views: 4 Болеста го напаѓа нервниот систем, се губи контрола, децата не размислуваат и цело време климаат со главата. Заостануваат во развојот и имаат напади слични како кај оние кои заболуваат од епилепсија. Досега никој не успеал да се излечи од оваа болест.Грејс Лагат мора да ги врзе своите деца пред да ја напушти куќата. Треба да им ги врзе нозете и рацете за да не се изгубат. Нејзината ќерка Паулин неодамна ја немало цели пет дена. Експертите не знаат што ја предизвикува болеста која што најчесто се јавува кај децата. Лекарите се во паника.Жртвите на болеста може да ја...

Продолжи со читање

Оланд и Саркози одат понатаму

Post Views: 2 Како што и се очекуваше во вториот, решавачки, круг од претседателските избори во Франција, кои се закажани за 6 мај, одат кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд и актуелниот претседател Никола Саркози.Франсоа Оланд со 28,63 отсто од гласовите е фаворитот на изборите, актуелниот претседател Никола Саркози освои 27,08 отсто од гласовите, а кандидатката на Националниот Фронт Марин Ле Пен 18,01 отсто.Жан-Лук Меланшон (Фронт на левицата-комунисти) освои 11,3 отсто, кандидатот на партијата од центарот МоДем Франсоа Бајру 9,11 отсто, Ева Жоли (Зелени) 2,28 отсто,...

Продолжи со читање

Бразилските канибали сееле ужас

Post Views: 5 Бразилската полиција вчера јави дека канибалскиот љубовен триаголник најверојатно убиле уште пет жени.  Маж, неговата жена и љубовница се осомничени дека убиле две жени и дека ги изеле.Полицијата се сомнева дека истата тројка убиле уште пет жени чии тела најверојатно завршиле слично и на претходните жртви, чии остатоци се пронајдени минатата недела.Од истрагата на полицијата се дознава дека канибалите од месото на жртвите правеле увијачи и им ги продавале на соседите.Осомничените се припадници на секта. Истрагата почна уште минатиот месец откако Негромонте Де...

Продолжи со читање