Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Мистериозна болест коси низ Виетнам

Post Views: 5 Најмалку 19 лица умреле како последица на мистериозна болест во централен Виетнам, додека од симптомите се лечат најмалку 170 пациенти.Висока температура, губење на апетит и осип на дланките и стопалата се симптоми на болеста која најмногу ги напаѓа децата и адолесцентите, додека виетнамските власти во помош ги повикаа експертите на Светската здравствена организација.Кај заболените кај кои болеста нема да се открие во почетниот стадиум и доколку веднаш не се започне со лечење се развиваат разни проблеми кои резултираат со колапс на повеќе органи јавуваат светските...

Продолжи со читање

Експлозија и пожар во Атина

Post Views: 4 Рачно изработена, импровизирана бомба експлодира два часа по полноќ во зграда во атинскиот кварт Неос Космос, каде се наоѓа главниот секретаријат на Министерството за административна реформа. Експлозијата предизвикала пожар, кој целосно ги уништил канцелариите, како и еден автомобил кој бил паркиран во близина. Во гаснење на пожарот учествувале 21 пожарникар и седум противпожарни возила, пренесуваат грчките медиуми. Нема информации за евентуални жртви и повредени во инцидентот. {loadposition content9}  

Продолжи со читање

Боемот Бергруен

Post Views: 4 Иако има пари да си купи стан или куќа каде што ќе посака на земјината топка, сепак реши да не вложува пари во вакви работи и да шета низ светот, да ги зацврстува службените контакти и да не го покажува своето богатство преку поседување скапи објекти. Овој 50-годишен бизнисмен пред 12 години ги продаде станот во Њујорк и приватниот остров. Оттогаш постојано патува низ светот, се дружи со убави жени, остварува нови бизни-контакти и ги зацврстува досегашните професионални пријателства. Во текот на еден месец Николас менува и по 14 града и остварува бројни контакти....

Продолжи со читање

Тадиќ поднесе оставка

Post Views: 6 Српскиот претседател Борис Тадиќ поднесе оставка на функцијата, со што се отвора патот за одржување на предвремени претседателски избори на 6 мај. Тадиќ, на прес-конференцијата во Белград, рече дека решил „да го скрати својот мандат“ и да овозможи на 6 мај да се одржат избори на сите нивоа на власта. „Ќе се кандидирам на тие избори со многу оптимизам поради позитивните трендови во нашата земја“, рече Тадиќ. Според него, изборите ќе бидат тешки, но и дека ќе претставуваат можност граѓаните да се определат по кој пат ќе сакаат да одат. „Јас го предлагам патот на...

Продолжи со читање

И Обама мета на Брејвик

Post Views: 4 Норвежанецот Андерс Брејвик, планирал да изврши атентат врз американскиот претседател Барак Обама. Според весникот, Брејвик сакал да го убие Обама за време на неговата посета во Осло за врачување на Нобеловата награда за мир во декември 2009 година. Тој прво планирал атентатот да го изврши со автомобил-бомба, но потоа го променил планот и решил да влезе во зградата на градоначалникот на Осло преправен како полицаец. Поради засилените мерки на безбедност не успеа да реализира ништо од тоа.Брејвик на 22 јули минатата година во центарот на Осло активирал...

Продолжи со читање

Авионска несреќа во Сибир – 14 преживеани

Post Views: 5 Рускиот патнички авион од типот АТР 72 се урнал набргу по полетувањето, на околу 30 километри од градот Тјумен, во западен Сибир. Телата на 29 луѓе се пронајдени. 14 луѓе се живи, но тие се повредени и се евакуирани од местото на несреќата со хеликоптер, соопшти руското министерство за вонредни состојби. Авионот со кој оперирала руската авиокомпанија Утаир полетал од аеродромот Рошино во близина на градот Тјумен и се упатил кон Сургут, исто така во Сибир, изјави портпаролка на министерството. Според руските новински агенции, авионот исчезнал од радарите кусо по...

Продолжи со читање

7,2 по Рихтер го стресе Чиле

Post Views: 5 Неколку лица се полесно повредени, во силниот земјотрес, кој со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле. Владата на оваа земја, веднаш по земјотресот, најпрвин наредила евакуација на дел од населението кое живее најблиску до брегот, поради можност од цунами, но набргу го повлекла предупредувањето. Епицентарот на потресот, со магнитуда од 7,2 степени според Рихтер, бил на 100 километри од градот Талца, кој се наоѓа во средишниот дел на Чиле, на длабочина од 10 километри. Пред две години истиот регион беше погоден од земјотрес со магнитуда од...

Продолжи со читање

„Бродот дух“сеуште лута

Post Views: 3 Еден од авионите кои патролира над водите на Британска Колумбија, воочил како бродот плови на околу 275 километри од островот Haida Gvai.Тоа е најверојатно првиот најголем забележан пловечки објект, еден од повеќето милиони тони остатоци кои по цунамито пловат по Пацификот.На “Бродот на духовите”, како што го нарекуваат медиумите, најверојатно нема живи.Канадското Министертство за сообраќај го следи овој брод, поради евентуалните можности за загадување на морето и да воспостави дали тој представува било каква опасност.Цунамито кое минатата година ја...

Продолжи со читање