Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Мексико, а потресот се почувствува и во главниот град на државата, Мексико сити. Претседателот на државата Фелипе Калдерон изјави дека се оштетени голем број домови, но жртви нема. Жителите во паника ги напуштале домовите, телефонските линии биле во прекин, а во Мексико сити завладеал хаос во транспортот. Од зградата на парламентот биле евакуирани сите присутни.Епицентарот на земјотресот беше на околу 200 километри од Акапулко и според Американската геолошка служба на околу 18...
Уапсено лицето осомничено за убиствата во Тулуз
Post Views: 1 Францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан потврди дека е уапсенo 24-годишно момче на прв кат на мала зграда во дистриктот Кот Паве, која важи за мирна станбена област во Тулуз. Во акцијата тројца полицајци биле повредени.„Тој тврди дека е муџахедин и дека е припадник на Ал Каеда“, изјави Геан на местото на настанот, додавајќи дека мотивот на напаѓачот била одмазда за убиени палестински деца и поради ангажирањето на француската армија во меѓународни воени интервенции. {loadposition content9}
„Најдобар од најдобрите“- акционен сериал
Post Views: 13 Љубителите на боречките вештини, ќе уживаат во американската акциона мини телевизиска серија „Најдобар од најдобрите“ со Ерик Робертс во главната улога.Тим од САД ќе се натпреварува во Теквондо против тим на Кореа на меѓународен натпревар. Составен од борци од целата држава , тимот ќе се соочи со предизвици, како меѓусебниот ривалитет и желбата за целосна доминација на турнирот.Сабота и недела на програмата на ТВМ ТелевизијА.
Подобрување на условите во центарот за Европски елен во НП Галичица
Post Views: 5 Во текот на изминатиот период активно се работеше на конструкција на склад и централна хранилка за потребите на функционирањето на Репродуктивниот центар за Европски елен во Национален Парк Галичица.Репродуктивен центар е распространет на стотина хектари, во кој се донесени 24 женки и шест мажјаци, од овие елени и е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници, а елените ќе се користат исклучиво за активно управување и одржување на уникатните екосистеми на Галичица, а не како ловиште.„Главната цел на овој проект е...
Нормализиран сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид
Post Views: 9 Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан кај м.в. Печуркара, каде што сообраќајот се одвиваше по девијација, истата ќе биде одстранета и сообраќајот ќе се одвива нормално по коловозната лента.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Емил Павлов, европски карате првак
Post Views: 2 Каратистот Емил Павлов на ЕП, кое на почетокот на месецов се одржа во Тампере (Финска), ја испиша најсветлата страница во историјата на македонското карате. Тој, во категоријата до 60 килограми освои златен медал, што е наш најзначаен машки трофеј во овој спорт (претходно највредно беше среброто на Иво Цветковски од европскиот шампионат во 2007-ма година) и повторување на подвигот на Наташа Илиевска од пред три години. Голема пожртвуваност, многу работа, многу тренинзи, откажување од многу работи и преголема желба за успех.За големината на успехот говори и фактот...
Охридските стрелци одлични на Држаното првенство
Post Views: 2 Со Државното првенство што се одржа на 10.05.2014 год. на стрелиштата во Корчагин и Кисела Вода во Скопје, завршија и овогодинешните натпревари во стрелаштво во национална програма.Од охридските клубови настапија само 7 стрелци и тоа 4 пионери и 3 сениори. Најдобро пласирани беа Димитар Патчев од ЖСК „Лихнидос“ кој заврши на втората позција со резултат од 162 кругови, додека Виктор Димоски со резултат од 160 круга се пласира на третата позиција. На ова првенство за првпат настапија Наумоски Цветко и Боризов Мартин кој постигнаа резултати од 147 односно 114...
„Живот со предизвици“ на Скопски маратон
Post Views: 3 Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици”, и оваа година се приклучува кон Скопскиот Маратон со група на учесници кои ќе трчаат во име на пациенти и семејства кои се соочуваат со живот со ретки болести под мотото – „ТРЧАМЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ!”.За групата „Трчаме за подобар живот” се пријавија над 70 учесници, на трката на 5 километри, на полу – маратонот (21 километар) и на маратонот на 42 километри. Сите тие се луѓе кои сакаа да ја поддржат нашата мисија – остварување на правата за третман на пациентите со ретки...