Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Денес граѓански протест во Струга

Post Views: 5 Под паролата „Протестирам“ која ги обединува сите граѓани кои бараат слобода, граѓани кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на сето тоа од страна на претседателот Иванов, денес11.05.2016 (среда) од 18:00 часот пред Паркинг на машка плажа (пред тениско игралиште) во Струга ќе се одржи граѓански протест. Стружани обединети заедно Македонци, и Албанци, и Роми, и Турци, и Власи, и Срби, и Бошњаци и Египќани и сите други утре ќе протестираат против и криминалот кој не познава ниту...

Продолжи со читање

Изградбата на регионалниот колектор во Дебрца при крај

Post Views: 7 Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во посета на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на Регионалниот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани, кој е пред самиот крај. Финализира изградбата на регионалниот колектор во општина Дебарца. Согласно проектната документација, целосно е трасиран цевководот во должина од 8,5 км, изградени се 200 бетонски шахти, а моментално се работи на враќање на теренот во првобитна состојба. Регионалниот колектор за одведување на...

Продолжи со читање

Ноември богат со родендени на роднокрајни автори

Post Views: 12 Евиденцијата на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ вели дека во ноември се родени: Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.Секој од нив со своето творештво оставил и уште остава трајна трага во колективната меморија на  Охрид и нивните современици.И читателите ако се заинтересираат за нивното творештво може да забележат шаренило од родови и стилско изразување. Поезија, проза, публицистика, стручна литература… Но од секое нивно дело зрачи љубовта кон Охрид и битисувањето во него.Сите нивни...

Продолжи со читање

Семејни вредности – руска мелодрама

Post Views: 15 На програмата на ТВМ ТелевизијА, руска мелодрама, „Семејни вредности“. Главна хериона во серијата е Татјана која е талентирана и трудољубива примабалерина на московскиот театар. Ќерка е на позната примабалерина Ана, а има брат Игор и сестра Олга. Секоја недела Ана Павловна го собира своето големо семејство за заеднички ручек. Децата и внуците на масата ги споделуваат своите достигнувања и планови за кариера, едни со други. Игор и Олга избрале за себе посуптилни занимања, но секој е успешен во својот бизнис и е среќен во бракот. Татјана, пак, од мали нозе сонувала...

Продолжи со читање

Теракамп во Струга

Post Views: 3 Тимот на организацијата „Фронтера“ Македонија, ќе организира активности со два различни настани, наменети за млади луѓе на возраст од 20 до 35 години, кои се од Охрид, Струга и поширокиот југозападен регион и кои сакаат да придонесат кон позитивни промени во својата заедница. Цел на настанот е формирање заедница на млади луѓе, тренери и експерти кои ќе помогнат и ќе пружат поддршка во започнувањето на заеднички бизниси или кооперативи во југозападниот регион на Република Македонија. Нашата програма е интензивна, амбициозна и забавна. Таа се состои од две главни...

Продолжи со читање

Кривична за стружанец кој фалсификувал потпис од градоначалник

Post Views: 6 Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување на исправа“ и „ употреба на исправа со невистинита содржина“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.А. (48) од струшкото село Заграчани, вработен во општина Струга. Во периодот од април 2015-та до јануари 2016-та година, пријавениот во својство на службено лице вработен во општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од вработен и овластен работник во одделот за финансии во општина Струга, побарал...

Продолжи со читање

Претседателот на Бадминтон федерацијата на МК во посета на Охрид

Post Views: 6 Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа работна средба помеѓу директорот Ристе Мишев и претседателот на Бадмингтон федерацијата г-дин Диме Стефановски. Целта на состанокот беше конечната потврда за одржувањето на  Балканско првенство во бадмингтон за сениори и ветерани кое ќе се одржи од 11 до 14 септември во Спортската арена Билјанини Извори. На првенството ќе учествуваат повеќе од 200 спортисти од 10 држави од целиот Балкан така што во континуитет  ЈП Билјанини Извори успева сериозно да се наметне како домаќин на спортските настани од различни...

Продолжи со читање

Се трујат животни во струшко Радожда, настрада лебед

Post Views: 6 На Facebook страните на Здруженијата за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид и Animal World од Струга беа објавени фотографии дека на езерското крајбрежје во струшкото село Радожда бил пронајден угинат лебед, кој најверојатно бил отруен. Од здруженијата за заштита на животни информираат дека лебедот не бил единствената жртва, туку дека при овој нехуман помор биле отруени уште и три мачки и едно куче. -„Убија лебед. Расфрлајќи отров затоа што некој со децении дозволува отров да се продава како тоа колаче да е, а не нешто што смрт е. Отруени се и неколку мачки и...

Продолжи со читање