Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

Одложено рочиштето за случајот за физичкиот напад врз Христијан Пендиков

Post Views: 225 Само што започна, беше прекинато денешното рочиште за случајот со претепувањето на Христијан Пендиков. Инаку, ова е второ рочиште од главната расправа во судскиот процес за тепачката што се случи на 19-ти јануари во угостителски објект на кејот на Охридското Езеро, во која повреден беше Христијан Пендиков, секретар на сега згаснатиот бугарски културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид. Одбраната на обвинетиот Илија Спасески го напушти судењето откако не и беше усвоено барањето за одлагање на рочиштето со цел таа да се запознае со новото судско вештачење кое обвинителството...

Продолжи со читање

Загубата на вода во Охрид сè уште голема

Post Views: 201 да почувствуваме и криза за вода, предупредуваат од ЈП „Водовод“ Охрид. Решавањето на проблемот со загубата на вода не оди преку ноќ, бидејќи потребни се инвестиции, работна сила и модернизација на логистиката на претпријатието. Екипите на претпријатието работат на повик, па се случува да се интервенира и по 40 пати во месецот, со ограничени ресурси и кадар, објаснува Ристески. Загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи. Тоа пред се се должи на застарениот цевковод, но одредени проблеми има и во новоизградениот систем.„Најголем проблем е со детектирањето,...

Продолжи со читање

Се бараат сопствениците на имот чиј потпорен ѕид се урива во чаршијата

Post Views: 672 Опасност за жителите кои живеат на улицата „Аргир Маринчев“ во стариот дел на Охрид, но и за туристите кои шетаат во разглед на Стар град. До рубриката „Ти си твјот град“ неодамна жител на Месокастро се пожали и испрати фотографии од терен дека попушта потпорниот ѕид и земјата се таложи на скаличињата кои водат кон централниот дел на чаршијата.„Секој момент очекуваме дрвената врата да падне и целосно да го попречи движењето“. – пишува граѓанинот.Граѓанинот кој испрати фотографии и реагираше во рубриката „Ти си твојот град“, вели дека не е безбедно за...

Продолжи со читање

Старт на годината со загуба кај повеќето јавни претпријатија

Post Views: 483 Четири од шестте јавни претпријатија во градов, во извештаите за работењето во првиот квартал од годинава пријавија загуба. Иако со зголемувањето на цените на услугите, кај некои од нив се чувствува подобрување на состојбата, сеуште се финансиски нестабилни, велат опозиционерите во градскиот совет. Кај ЈП Охридски Комуналец, Градски гробишта, Билјанини извори и Градски пазар, проблем се и големиот број нови вработувања. Не само на определено и неопределено време, туку посебно загрижуваат и т.н. вработувања за итни и неодложни работи, посочува координаторот на советничката...

Продолжи со читање

Од планирано до реализирано

Post Views: 215 Локалната се пофали со успешна реализација на програмите и остварување на буџетот во првиот квартал од годинава. Заменик градоначалникот Перчо Божиновски истакна дека Општина Охрид заклучно со овој прв квартал, остварила приход од 27% од вкупно проектираните приходи, додека оставрувањето на приходите од основниот буџет се високи 27.34% од планираниот буџет. Или за 52 % повисока реализација во споредба со првиот квартал од минатата година.„Вака вкупно остварените приходи, како и процентот на остварување од вкупно проектираните приходи покажуваат дека реализацијата...

Продолжи со читање

Бродарите бараат затворање на пристаништето ноќе

Post Views: 935 Бурни реакциии кај градските советници на денешното издание на седницата на Советот на Општина Охрид предизвика точката за давање согласност на одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цените за користење на спортски објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“, а се однесува и на градското пристаниште. Во врска со барањето на бродарите за затварање на градското пристаниште во вечерните часови, Живка Анегелеска, советник и координатор на советничката група на СДСМ, предупреди да се внимава на законската регулатива, бидејќи...

Продолжи со читање

Шест децении матура од учителската школа „Андон Дуков“

Post Views: 697 Многумина од оваа генерација, целиот свој живот го посветиле на образованието на младите генерации, другите во разни дејности и професии, но сите горди на едно големо искуство повеќе, со кое достоинствено влегуваат во осмата деценија од животот, вели Слободан Пупиноски, професор во пензија. Ова е генерација која во тие времиња, во далечната 63 та година, после дипломирањето веднаш се вклучила во процесот на образование, најчесто во селските училишта. Тешки биле почетоците во образованието на почетокот во седумдесеттите години, се сеќава Пупиноски. Неговите почетоци...

Продолжи со читање

Саем на невладини организации во Охрид

Post Views: 188 Младите охриѓани денес добија ретка можност да се запознаат со програмите и можностите кои невладините организации од граѓанскиот сектор од регионов им ги нудат. Ова претставува убава можност, младите луѓе продуктивно да го поминат слободното време во летниот период.„Досега немаше ваков вид на настан, па одлучивме сите организации да ги собереме на едно место и секој да си ги промовира своите активности и можности за волонтирање, дали ќе е на една манифестација еднаш годишно, дали ќе е на повеќе настани, подолгорочно, за да ги привлечат младите, да се пријават...

Продолжи со читање

Регионална депонија, не се гради лесно

Post Views: 216 Не се одолжува изградбата на регионалната депонија во Југозападниот и пелагонскиот плански регион. Еден ваков голем проект има долг подготвителен период, кој веќе е завршен. Во моментот се формира проектна канцеларија за брз старт на проектот за изградба на санитарната депонија, рече – Каја Шукова – Министер МЖСПП.„Со проектот се опфатени 5 региони. Југозападниот плански регион и пелагонискиот регион се во понапредна фаза, за среќа на Охридското Езеро и за среќа на депонијата во Буково којашто ќе биде се надевам една од првите депонии на која ќе престане...

Продолжи со читање

Шукова очекува реакција од УНЕСКО за градењето кај Тушемиште

Post Views: 270 Официјално известување од албанска страна за градежните активности кои се одвиваат на брегот од Охридското Езеро кај изворите Дрилон, Тушемиште, нема, кажа денес при нејзината посета на Општина Дебрца,  Министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Иако изминатата недела се состанала комисијата за УНЕСКО, најава за ваква активност немаше, додаде минситерката. Комуникација мора да се иницира овој пат од наша страна подвлече Шукова, а се што понатака ќе се спроведува да биде согласно препораките на УНЕСКО.„Секако дека треба да се реагира, за секоја...

Продолжи со читање

Да научиме колку е значајно Белчишко блато и да го зачуваме

Post Views: 295 Едно од најголемите и најзначајните блата во земјава, „Белчишкото блато“ е идентификувано како едно од потенцијалните „Натура 2000“ подрачја. Станува збор за најголемата мрежа на заштитени подрачја во светот, која е клучна алатка за зачувување на природните живеалишта и растителните и животинските видови и птици кои се од интерес за зачувување, објасни Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Ќе се изработи промотивен материјал и ќе се спроведе кампања за да бидеме доволно и соодветно запознаени со тоа каква природна реткост поседуваме и...

Продолжи со читање

Охридските матуранти го заиграа Квадрилот

Post Views: 209 Охридските матуранти, на крајот на еден од највозбодливите делови од својот живот, деновите на средното училиште, го заиграа на градскиот плоштад Св. Климент Охридски, на музиката на Штраус, безвременскиот Квадрил. Заедно со своите соученици од Скопје, Гевгелија и Струга, но и со матурантите од други пет земји од светот, заиграа со белите чадори, а танцот симболично ги подготви за новата возбудлива страница од животот. Вредно и долго работеле на подготовките за овој свечен момент, сите веќе одлучни за тоа каде ќе продолжат со високото образование.Настанот...

Продолжи со читање