Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 8 На последната седница на Советот на Општина Охрид, посветена на советнички прашања, стана збор и за состојбата во која се наоѓаат градските гробишта. Советникот од ДУИ Бесник Османи со забелешки за состојбата на муслиманскиот дел од гробиштата, за што претходно имаше и реакции од граѓани.„Муслиманските гробишта се оставени во катастрофална состојба, одржувањето е катастрофа. Граѓаните се многу револтирани по минатиот Курбан Бајрам. Како што знаеме пред неколку совети се гласаше поскапување. Помина поскапувањето, да одиме сега да видиме навистина е...
Комуналната хигиена во Охрид среде сезона жешка тема на седницата на градскиот совет
Post Views: 11 „Сведоци сме каков комунален хаос не има снајдено нас во Охрид, изјави денес од општинската говорница Бојан Михајловски, советник во Советот на општина Охрид од СДСМ. Обвини дека градот како никогаш досега се гуши во смет и запраша дали пред најпосетениот викенд кој ни претстои, јавното комунално претпријатие „Охридски Комуналец“ е подготвено да се справи со предизвикот?„И покрај вашите убедувања дека со изнајмувањето на приватната фирма ќе се реши комуналниот хаос во Охрид, не можеме да забележиме некоја разлика, ама забележуваме возила од повеќе...
Советот пренамени средства во буџетот за набавка на градежни машини
Post Views: 3 На 29-тата седница на Советот на Општина Охрид точките кои се однесуваа на Предлог-одлуките за измени на програмите за комунални услуги за 2023 година, измените на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година и предлог-одлуките за измени на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година, беа причина за најжестока дискусија меѓу градските избраници. Советничката Живка Ангелоска – координаторка на Советничка Група на СДСМ, побара објаснување за пренамената на средствата и за постапката за набавка на градежна машина.„Редно е...
Жителите на Долно Лакочереј сакаат квалитетно снабдување со вода
Post Views: 7 Делови од охридското село Долно Лакочереј деновиве без вода. Жителите кои живеат во повисоките делови од ова село револтирани, велат дека мака мачат да се справат со извршувањето на основните потреби. Вода за пиење купуваат, а за технички потреби носат вода од селската чешма. Тешко е да се живее на овие температури без вода, велат тие.„Добиваме, 4 месеци во годината редовно вода, 8 месеци ги немаме. 160 куќи што живеат тука, 300 до 400 лица во просек, дел од нив заминуваат од вакви проблеми. Еве денес нема ни струја.“ – вели Горан Сотироски – жител...
Промоција на книгата „Боите на мојата музика” од Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски
Post Views: 32 „Записот е голема сила. Тој не дозволува нештата да бидат попатно оставени и заборавени“, ќе рече во една прилика, нашата истакната пијанистка, пијано педагог, музички публицист, аниматор и организатор, Снежана Анастасова – Чадиковска. Еден таков запис, но овој пат многу пообемен и посодржаен, создаден во соработка со музикологот Марко Коловски, во рамките на програмата на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“, ќе ја доживее својата промоција. Книгата“Боите на мојата музика” е приказна за животниот и творечкиот пат на Чадиковска. Книгата е збир...
Малкович со Исповедите на сериски убиец, најексклузивниот настан на Охридско лето
Post Views: 15 Утревечер на сцената на Античкиот театар, несомнено еден од културните настани кој ќе го одбележи годинешното издание, на фестивалот „Охридско лето“, е претставата „Пеколната комедија: Исповеди на серискиот убиец“ , со американскиот актер Џон Малкович во главната улога. Огромна e заинтересираностa за настанот буквално од целиот свет. Токму Џон Малкович е една од ѕвездите која ќе ја испише фестивалската историја, а кои заблескале на фестивалската сцена, истакна Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерка за култура на Македонија.„Уверена сум дека...
Трет Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на „Македонија 2020-2025“
Post Views: 15 Деновиве во Охрид се одржуваше третото издание кампот за високотехнолошка извонредност на организацијата „Македонија 2020-2025“ од македонската дијаспора. И овој пат, 25 млади луѓе, на возраст од 11-15 години од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и Македонија, се обидуваа да го подобрат дигиталното владеење, преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика, вештини за висока технологија. Исто така, кампот имаше за цел поттикнување на нивниот интерес за продолжување на СТЕМ образованието и кариерата. Многу наука, нови знаења, но и нови...
Хидробиолошки Институт и УИНТ „Св. Апостол Павле„ потпишаа меморандум за соработка
Post Views: 13 Потпишан меморандум за соработка помеѓу двете реномирани установи Јавната Научна Установа Хидробиолошки Институт од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле. Соработката ќе биде можност знаењата и практиките на современите информатичко-комуниакциски технологии со кои располага Универзитетот, да бидат ставени на располагање на потребите на Хидробиолошкиот Институт.„Целиот тим на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид како академскиот кадар, така и административниот, е подготвен да одговори на овој предизвик, на одличната...