Skip to main content

Автор: Голабовски Крсте

МТСП: Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии

Post Views: 10 Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 26.10.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:     За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.10.2021 година (вторник);   ...

Продолжи со читање

Лацковиќ доаѓа во Вардар?

Post Views: 5 Реномираниот медиум специјализиран за ракомет, Balkan Handball денес објави дека македонскиот ракометен шампион, Вардар преговара со хрватскиот репрезентативец, Блаженко Лацковиќ. 34-годишниот по 10 години поминати во Бундеслигата е во преговори да се пресели во Македонија, во редовите на Вардар. Од клубот не сакаа да ја демантираат или да ја потврдат оваа информација, но ако тврдењето на Balkan Handball е точно, Вардар ќе се засили со искусен ракометар. Лачковиќ беше дел од прославената селеција на Хрватска која освои злато на ЛОИ во Атина, а на последната...

Продолжи со читање

Октишанец украл камери од џамија

Post Views: 5 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Д. (40) од струшкото село Октиси. Со намера да изврши кражба, на10-ти октомври оваа година околу 14 часот, пријавениот се упатил во џамијата-Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга. Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000,оо денари. Потоа брзо избегал од местото по што со украдените...

Продолжи со читање

МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СТАНА ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТИ

Post Views: 4 Советот на Европската Асоцијација на Универзитети на состанокот одржан во Брисел на 23.10.2015, ја прифати апликацијата на МУС, за полноправно членство во ЕУА. Со тоа МУС стана првиот приватен универзитет на Балканот кој е официјално примен како полноправна членка на Европската Асоцијација на Универзитети – ЕУА.Приемот на еден универзитет во ЕУА е едно од најголемите признанија кои може да се добијат, со оглед на тоа што ЕУА прави строга контрола и селекција на апликациите за членство, на неколку нивоа. Со тоа, членки на ЕУА може да станат само оние универзитети...

Продолжи со читање

Рафа прв во Рио

Post Views: 6 Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои турнирот во Рио де Жанеиро со победата во финалето над украинецот Александар Долгополов. Надал славеше во два сета со 6:3, 7:6 по нешто повеќе од 100 минути игра и сосема заслужено стигна до својата 62-ра титула во кариерата. Шпанецот со ова ја продолжи низата во најглемата јужноамериканска земја во која никогаш до сега не е поразен. Надал од стартот наметна свој ритам и многу брзо стигна до брејк, кој го чуваше до крајот на првиот сет. Првиот тенисер во светот можеше и порано да стигне до титулата, бидејќи имаше предност во...

Продолжи со читање

Работодавачите и работниците на заедничка средба

Post Views: 6 Агенцијата за вработување во Струга го организира третиот по ред Саем за вработување. Ваквите средби и работодавачите и работниците ги оценуваат како позитивни. Како резултат од минатите саеми биле реализирани 600 вработувања.Во Струга работодавачите и оние кои се заинтересирани за вработување остварија заедничка средба. Агенцијата за вработување го организира третиот по ред Саем за вработување во оваа година. На овие саеми граѓаните имаат можност да видат што нудат компаниите од регионов, кои работни места се слободни и кои се условите за вработување. Директорот...

Продолжи со читање

Фондацијата „Вржоски“ со донација за учениците од Дебрца

Post Views: 9   Во Општина Дебрца се оствари средба со претставници од фондацијата “Вржоски„ основана од г-дин Крис Вржовски од Перт Западна Австралија. Од страна на фондацијата на примерните Ученици во основното училиште Дебрца им беа доделени 12 комплети тренерки. Со оваа скромна донација тој на учениците им посака успех во образовниот процес.Оваа донација беше организирана од почесниот Конзул на Република Македонија во Западна Австралија г-дин Зоран Ќосески. На примопредавањето присуствуваа Градоначалникот на општина Дебрца и Директорот од ОУ Дебрца.

Продолжи со читање

Условите на Заев за учество на преговорите во Виена

Post Views: 8 Лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека нема да учествува на средбата во Виена што ја закажаа европските посредници, еврокомесарот Хан и тројцата европратеници, доколку не бидат исполнети два услова: претседателот Иванов да ги повлече сите одлуки за аболиција и да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за одржување избори на 5 јуни, пренесува „Телма“. Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов и Трајко Вељановски и ВМРО-ДПМНЕ во координирана акција го погребаа Договорот од Пржино. Ги срушија сите принципи на кои што почиваше, организирање фер и демократски избори,...

Продолжи со читање