Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 9 Можноста да се совладаат компјутерските вештини од најрана возраст е квалитетна инвестиција во иднината на секое дете. Можеби еден од најдрагите проекти на Сивус едукативниот и развоен центар е првата академија за технологија за деца IThink. Од октомври и дечињата од Охрид, ќе имаат можност да ја посетуваат наставата токму за IThink академијата и тоа со физичко присуство. Уписите за учебната 2023/2024 се во тек.Преку трите на нивоа на оваа академија за најмладите, дечињата ќе може да совладаат дел од компјутерските вештини. Ќе ги научат концептите на...
Полни раце работа за Брзата помош во Охрид
Post Views: 8 Само два тима од службата за итна медицинска помош и домашни посети од Охрид, деновиве се обидуваат да им помогнат на туристите и охриѓани, да се справат со последиците од топлотниот бран кој го зафати и Охридскиот регион.Бројот на случаи е огромен вели Д-р. Љупка Николоска, началничка на службата. Триесеттина случаи на ден имаат на колабирања поради високите температури, хронично болни пациенти, зголемен број на сообраќајни незгоди и амбулантски случаи.Викендите во Брзата помош во Охрид се посебна приказна. „Навистина ни е тешко да се справиме со...
Стартува петтиот „Летен маратон на комедијата“
Post Views: 15 Оваа сабота во просториите на малата сала на „Народениот театар Охрид“, со добро познатото шоу „Импровокација“, започнува петтото издание на „Летен маратон на комедијата“ во Охрид. Од локалните комичари кои се дел од овој маратон од самите негови почетоци, публиката ќе ужива и во настапите на„Comedy jam“ и „Црн Хумор“ , аќе има и гости комичари од регионов, вели Никола Тодороски, актер и стендап комичар.„Имаме и едно поголемо шоу оваа година кое ќе биде изведено на сцената на Долни Сарај, „Best of Balkan“, шоу во кое ќе имаме гости од Србија и Црна Гора. Ја...
Одложено рочиштето за случајот Пендиков, првообвинетиот се разболел
Post Views: 16Одложено денешното рочиште за случајот Пендиков, поради отсуство на обвинетиот Илија Сапасески. Неговиот адвокат Димитрија Цобоски, пред судот презентираше медицинска документација, во која е наведена дијагноза тромбофлебит. Адвокатот на оштетениот Христијан Пендиков, Стефан Камишевски, рече дека отсуството на обвинетиот доволно зборува за намерата на неговата одбрана, додаде дека Пендиков се уште има последици и се лекува од повредите, а добива и закани кои ги пријавиле во полиција. Тој не му дозволи на својот клиент да одговори на прашањето на новинарите...
Екипи на Црвен Крст Охрид ќе им помагаат на граѓаните за полесно справување со горештините
Post Views: 12 Топлотниот бран и високите температури кои веќе ја зафатија Македонија и нашиот регион причина Центарот за јавно здравје да ги потсети граѓаните на општите препораки за заштита од топлотен бран. Од Центарот апелираат за сериозно почитување и придржување кон препораките за заштита на здравјето за време на високи температури.„Она што е најважно, да се избегнува излегување во периодот 10-17 часот на овие температури. Многу е важно носењето на светла и лесна облека кога мора да се излезе и секако да се избегнуваат прехранбени производи кои се лесно...
Рационално да се користи водата за пиење, апелира директорот на охридски Водовод
Post Views: 11 По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за топлотниот бран во периодот што ни претстои, ЈП Водовод Охрид испрати апел до сите корисници за разумно користење на водата за пиење. ЈП Водовод Охрид апелира до граѓаните да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади. Марјан Ристески, Директор на ЈП „Водовод – Охрид“, вели дека овие апели имаат за цел да ја подигнат свеста и кај охриѓани и кај туристите да не се злоупотребува водата за пиење.„Апелираме оние кои имаат можност да користат техничка вода за...
Пациентите со дијабет тип 1 се снаоѓаат како знаат и умеат да набават игли за инсулин
Post Views: 27 Осми месец како пациентите кои се со инсулинозависен дијабетес или дијабетес тип 1 како немаат игли неопходни за апликација на инсулин. Иако инсулин има и во аптеката во Општата болница во Охрид, нема ни игли, ни тест ленти за мерење на гликемија, кои им се потребни на пациентите и со двата типа на дијабетес. Долго време како овие пациенти не ги замениле ни глукомерите, односно апаратите за мерење на шеќер во крвта. Димче Велев, претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, истакна дека на неодамнешната средба ги доставиле барањата до Министерот за...
Во тек е увид на штетите од невремето во Охрид од страна на Комисијата за проценка
Post Views: 9 Во тек е увидот од страна на Комисјата за проценка на штети, после страшното невреме кое кон крајот на месец јуни ги зафати општините Охрид и Дебрца. Билансот после невремето, речиси во целост уништени земјоделски насади и голема материјална штета на објекти за домување, особено во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, кои и беа најпогодени од невремето.Досега во архивата на Локалната се обработени 500 барања. Од Локалната велат дека сигурно уште толку ќе има во периодот кој претстои. Комисијата ќе врши увид согласно барањата, како ќе...