Автор: Голабовски Крсте
Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(50) од струшкото село Долна Белица. Тој, на седми овој месец, со нож го нападнал Љ.Д. (79) од Струга нанесувајќи му тешки телесни повреди-посекотина на врат во должина од околу 16 сантиметри. Настанот се случил во 20 часот и 30 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, каде сега пријавениот, во видно алкохолизирана состојба, го забележал Љ.Д. кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански...
Започнуваат 22-те ЗОИ во Сочи
Post Views: 3 Како што е најавено, во Сочи ќе се појават 2.860 спортисти од 88 национални олимписки комитети што е за шест повеќе од претходните игри во Ванкувер, во 2010 година. Спортистите ќе се натпреваруваат во 15 дисциплини, а ќе бидат поделени 98 комплети медали. Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти: Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Колароска. За Дамјановски, нашиот нордиец, кој воедно ќе го носи и знамето на Македонија на свеченото отварање, ова е трето учество на олимписки игри, додека за алпскиот скијач Ристевски ова е втор настап. Младата...
Дезинсекција и во Струга
Post Views: 5 Во сабота и недела во општина Струга ќе се врши дезинсекција против комарци и бели пеперутки.Запрашувањето ќе се врши од 21 часот. Се известуваат пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите во наведениот период. Препаратите кои ќе се користат при дезинсекцијата не се штетни за животните и луѓето.
Познати првите полуфиналисти на „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014-та“
Post Views: 5 Кошаркарите на МЗТ и Кожув се првите полуфиналисти на кошаркарскиот куп, откако вчера славеа против Струмица и Фени индустри.МЗТ со 100-75 ја декласираа Струмица а најефикасни во победничката екипа со по 15 поени беа Чековски и Цветковиќ.Кожуф славеше против Фени Индустри со 76-59 а во составот на гевгеличаните најефикасен со 24 поени беше Владимир Филиповиќ. Останатите два четврфинални дуели на програмата се денеска. Од 17.30 ч Работички игра со Куманово, а од 20.15 мин. Лирија ќе игра против Карпош Соколи.Полуфиналните мечеви ќе се играат утре, а финалето е...
ЗПММ: Потребна е итна корекција на тарифникот за регионалните и локалните медиуми
Post Views: 4 Здружението на приватни медиуми на РМ (ЗПММ) бара итна корекција на тарифникот, кој е дел од Законот за авторско право и сродни права, донесени по скратена постапка во август 2015 година. Барањето доаѓа по последните измени и дополнувања на Законот за авторско право и сродни права, донесени по скратена постапка кон крајот на август оваа година.– Иако Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) е мнозинското здружение во државава, во кое членуваат над 80% од сите медиуми во државава, за носењето на овие измени не бевме консултирани и истите се донесоа без...
Проблеми за „Cool runnings“ боб тимот на Јамајка
Post Views: 5 Легендарниот боб – тим на Јамајка, кој на ЗОИ 1988 во Калгари ги собра симпатиите на светската спортска јавност, ќе учествува и на претстојните Зимски Олимписки Игри во Сочи. Но, Винстон Ватс и Марвин Диксон, уште при пристигнувањето во Сочи се соочија со голем проблем, затоа што останаа без својата опрема. Тие пристигнаа во Русија, меѓутоа не и нивниот багаж, како и спортската опрема со која треба да настапат на ЗОИ.„Ова е многу фрустрирачки почеток на Игрите за нас. Едвај собравме доволно финансии за да дојдеме во Сочи и да учествуваме, а сега ни се случува еден...
Асовите на Карловиќ
Post Views: 5 Карловиќ на стартот го совлада Германецот Даниел Брандс со 6:7, 7:5, 7:6, тој покрај победата успеа и да го израмни и рекордот во ас сервиси, кога се во прашање мечевите кои се играат во два добиени сета. Карловиќ против Брандс имал 44 ас сервиси, со што го израмни АТП рекордот од 1995 година, кој беше во сопственост на Австралиецот Марк Филипусис. Хрватот од апсолутниот рекорд го делеше само еден ас, а при неговите два последни сервиси на мечот Брандс успеал да го допре топчето и да спречи ас.„Да знаев дека се работи за рекорд ќе го продолжев мечот. Разочаран сум...
Одложено судењето за „Пуч“
Post Views: 18 Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ја одложи за денеска најавената главна расправа по предметот познат во јавноста како „Пуч“. Како што соопшти денеска јавната обинителка Катица Јанева, причината за одлагањето е потребата за целосно да бидат запознаени со содржината на доказите кои се доставени до Судот, а кои не се содржани во обвинителскиот предмет што им бил доставен, пренесува „Телма“.– Сакам да ве известам и дека ова Јавно обвинителство ги поддржува сите законски измени со кои се унапредува статусот на јавните обвинители во Република Македонија и...